
АDAM е новиот портал за
проекти за Леонардо да Винчи - дел од европското образование и обука од
програмата Доживотно Учење и се фокусира на почетно и понатамошно стручно
образование и обука.
Година по година, Леонардо да Винчи проектите за развој на мноштво иновативни
резултати од стручното образование и обука, нудат низа прилагодени
решенија за директна употреба.
АDAM, порталот за проекти и
производи за Леонардо да Винчи, беше развиен за да ги забележи големите
успеси и импресивниот број на Леонардо да Винчи проекти. Порталот обезбедува за
луѓето заинтересирани за Леонардо да Винчи да се упатат електронски кон
изработените проекти за стручното образование и обука и конечно да се олесни
соработката за воспоставување нови договори со домашни и странски институции.
Овие напори треба да дадат нов мотив да се зголеми вмрежувањето и да се помогне
да се генерираат нови напредни идеи за европски проекти.
АDAM дава информации за
содржината на крајните резултати и помага во воспоставувањето на контакти или
поблиски контакти меѓу оние кои изработуваат проекти, нивните целни групи и
луѓето заинтересирани за нивниот проект.
Водич за корсниците: http://www.adam-europe.eu/hp/100/File/Handbooks/HOW-TO-Handbook-for-Users-EN.pdf
Веб-страна на АDAM: www.adam-europe.eu