е-Весник

Контакт

Никола Јаулески
nikola.jauleski@na.org.mk
+389 2 3103 735

Комениус брошура 2010

Резултати

2009

Доживотно учење » Комениус » Акции » Билатерални училишни партнерства

Комениус - Билатерални училишни партнерства

Комениус билатерални училишни партнерства - Јазично ориентираните училишни партнерства вклучуваат две училишта од различни земји учеснички, и со нив се охрабрува употребата на европските јазици, со тоа што на учениците им се дава можност да вежбаат вештини за странски јазик и да се запознаат со јазикот на земјата партнер. Од учениците кои се вклучени во билатералното партнерство се очекува дека ќе ги научат барем основите на јазикот, кој се употребува во партнер институцијата. Вообичаено учениците се служат со трет јазик како работен јазик и јазик на кој комуницираат. Во текот на проектот, учениците и наставниците од двете земји работат заедно за заедничка тема, и  даваат заеднички краен продукт. Секоја институција која учествува мора да направи размена на клас/одделение со својата партнер институција во времетраење од минимум 10 дена и да вклучи ученици на возраст од 12 години и повеќе. Во текот на размената на класови, учениците работат заедно во училиштето и престојуваат кај семејствата на своите домаќини. Соработката не треба да биде ограничена само на активности за размена, туку активности треба да се спроведуваат во текот на целиот период на проектот.

Повеќе информации во :


•    Водичот за апликанти.

•    Повикот за предлог проекти за програмата Доживотно учење.

•    Прирачникот за Комениус училишни партнерства.