Врз основа на Решение бр. 26-24/1 од 08.01.2010 г. донесена од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за Контакт точки за програмата Млади во акција
Согласно работната програма за 2010 г. Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност има предвидено формирање на 10 Контакт точки во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на програмата Млади во акција.
Кој може да аплицира ?
Задруженија на граѓани (НВО), локални и регионални тела, неформална група на млади луѓе кои ги исполнуваат следните критериуми:
Апликантот да е регистриран според Закон за здруженија на граѓани и фондации;
Да е активен најмалку 1 година до денот на објавување на Јавниот повик;
Да има административен и финансиски капацитет за реализација на обврските, и тоа:
o Постојан пристап до интернет, можност за редовна е-маил комуникација;
o Веб страница на која ке има посебен простор за програмата “Млади во акција“;
o Редовно и навремено ажурирање на новости и информации поврзани со програмата “Млади во акција“ ;
Да имаат интерес или искуство да работат со програмата “Млади во акција“; (имплементација на проекти/ корисници на програмата “Млади во акција“ / мултиплицирање на програмата)
Да имаат познавање на состојбите во регионот во кој делуваат и посебно да имаат можност за воспоставување на непосреден контакт со потенцијални корисници на програмата “Млади во акција“ .
Да имаат воспоставена редовна и добра комуникација со релевантни институции на регионално и национално ниво кои учествуваат во креирањето и имплементирањето на националната политика за млади.
Која е улогата на контакт точките?
Главна улога на контакт точките е реализација на активности преку кои ќе се десиминираат информации на регионално ниво за можностите и начинот на користење на програмата “Млади во акција “.
Контакт точките ќе бидат обврзани да ги реализираат следните активности на месечно ниво:
1. На барање на потенцијалните корисници да обезбедат информации за прашања поврзани со програмата “Млади во акција“ , помош при подготовка на апликациите за “Млади во акција“ и помош и консултации за имплементација на вече одобрени проекти преку програмата “Млади во акција“.
2. Обезбедување на релевантни податоци на веб страницата за улогата на организацијата како контакт точка за програмата “Млади во акција“;
3. Десеминација на информации за можностите на програмата Млади во акција преку организирање на настани/советувања/ презентации или други активности за потенцијални корисници на регионално и локално ниво.
4. Активна соработка и размена на информации за добри практики и искуства со другите контакт точки кои ќе бидат воспоставени од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност;
Период на активности на Контакт точки за програмата “Млади во акција“
Контакт точките за програмата “Млади во акција“ ќе бидат ангажирани согласно правилата и процедурите на ЕК за период од 12 месеци.
Правата и обврските помеѓу Контакт точките и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе бидат регулирани со договор кој ќе биде потпишан од овластени лица на двете страни.
Како може да се аплицира?
Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи :
Пополнат Формулар за апликација (потпишан од овластено лице и со печат )
(достапен на следниот линк )
Копија за регистрација на организацијата
CV на организацијата
Друг документ кој сметате дека е релевантен за Вашето работење
Ве молиме пополнетиот формулар за апликација испратете го најдоцна до 22.01.2010 год. на адреса:
Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност
Порта Буњаковец А2-1,
МК-1000 Скопје
(Јавен повик за контакт точки “Млади во акција“)