Врз основа на Решение бр. 02-47/1 од 11.01.2010 г. донесена од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за Промотери за програмaта Доживотно Учење
Во согласност со работната програма за 2010г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено назначување на 10 промотери во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на програмта Доживотно Учење.
Кој може да аплицира?
Здруженија на граѓани, локални и регионални тела, индивидуи (номинирани и поддржани од страна на соодветни институции) кои имаат контакти поврзани со целните групи на програмата.
Која е улогата на промотерите?
Главната улога на промотерите е реализација на активности преку кои ќе се даваат информации на регионално ниво за можностите и начинот на користење на програмата Доживотно Учење.
1. На барање на потенцијалните корисници да обезбедат информации за прашања поврзани со програмата Доживотно Учење.
2. Помош при подготовка на апликациите на заинтересираните апликанти за различните секторски програми.
3. Промоција на можностите на програмта Доживотно Учење преку отстапување простор за инстата на промотивни настани организирани од страна на нивната организација/институција или други активности каде се вклучени потенцијални корисници на програмата.
4. Активна соработка и размена на информации за добри практити и искуства со другите промотори кои ќе бидат избрани од стран на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Период на активности
Промотерите за програмта Доживотно Учење ќе бидат ангажирани на период не подолг од 12 месеци.
Правата и обврските помеѓу Промотерите и Националната агенција за европски образовни програми и ќе бидат регулирани со договор кој ќе биде потпишан од овластени лица од двете страни.
Како се аплицира за промотер?
Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои би исполнуваат предходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи по пошна во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност:
- Пополнат формулар за апликација (потпишан од овластено лице и со печат);
- Копија од гистрација на институцијата;
- Други документи кои сметате дека се релеватни а се поврзани со Вашите активности.
Рок за аплицирање
Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи не покасно од 20.01.2010г (датум на поштенска пратка).
Формулар за апликација.