е-Весник

Контакт

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
info@na.org.mk
+389 2 3109 045
Новости » Детали за новост

Информативни денoви за програмата „Млади во акција“

20.01.2012 11:59

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 24, 25 и 26 јануари 2012 година со почеток во 11.00 ч. во просториите на Националната Агенција   ќе одржи 3 информативни  денови за програмата  „Млади во акција“ на Европската Комисија.

Целта на овие  инфо денови е информирање на граѓаните за можностите кои ги нуди програмата „Млади во акција“, начинот на аплицирање, критериуми за користење на програмата и можноста за аплицирање во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Корисници на програмата „Млади во акција“ се младите и организациите кои дејствуваат во полето на неформалното образование. Присуство на информативните денови за програмата можат да земат претставници на здруженија на граѓански организации, лица кои активно работат во полето млади и неформално учење, претставници од локалната самоуправа, младински работници, библиотеки и училишта како и сите заинтересирани лица.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица да се пријават на следната е-маил адреса: youth@na.org.mk и да ги остават следните податоци:

 

Име презиме:

Име на организација (НВО );

Контакт телефон: 

Датум на кој ќе присуствуваат:  * 

 

*Поради капацитетот на конференциската сала во Националната агенција, Ве молиме задолжително испратете датум на кој имате интерес да присуствувате на инфо ден. Во зависност од интересот и бројот на пријавени лица Националната агенција ќе Ве извести на е-маил/телефон за терминот во кој може да присуствувате на информативен ден.  



 

Назад