Почитувани,
Ве известуваме дека Европската Комисија го отвори повикот за апликации за Еразмус Универзитетски Чартер. Повикот е отворен за акредитирани високообразовни институции од Република Македонија. Добивањето на Еразмус Универзитетски Чартер е предуслов за учество во програмата Еразмус, која е најголемата и најстарата европска програма за академска мобилност.
За подетални информации можете да ја погледнете веб- страната на Извршната Агенција на Европската Комисија или да се обратите во Националната агенција.
http://eacea.ec.europa.eu/llp/funding/2011/call_erasmus_university_charter_en.php
Крајниот рок за поднесување на пријави е 30.06.2010 година.