Отворен ден за ЕВС во Националната Агенција за
европски образовни програми и мобилност
На 5 Декември 2011
година (понеделник) од 10.00-14.00 ч. Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност организира Отворен ден по повод Европскиот ден на волонтерство.
Воведно обраќање до
присутните ќе имаат г-дин Дарко Димитров, В.Д. Директор на Националната Агенција и г-дин Спиро
Ристовски, Министер за труд и социјална политика и г-ѓа Снежана Манчева, Координатор на програмата “Млади во акција“ и
Раководител на Сектор младински активности.
Посетителите на овој
настан ќе имаат можност да присуствуваат на презентации за ЕВС, да остварат
директна средба со вработените и да добијат одговори на прашања поврзани со
Акција 2 Европски волонтерски сервис (ЕВС) - кој може да ја користи, кои
трошоци се обезбедени за ЕВС волонтер, во кои земји може да се биде ЕВС
волонтер, што е ЕВС акредитација и многу други информации. Истовремено
посетителите ќе имаат можност да остварат директен контакт со претставници на
организации кои активно имплементираат ЕВС проекти и да го слушнат искуството
на волонтери од различни земји од Европа кои во моментот се наоѓаат на својот
ЕВС проект во Македонија.
Целта на овој настан е
подигнување на свеста на младите за можностите за волонтирање и за бенефициите кои
се отворени за младите од Македонија преку Акција 2 Европски волонтерски сервис
во рамките на програмата „Млади во акција“.
Се покануваат сите
заинтересирани лица /организации кои имаат интерес да присуствуваат на настанот најдоцна
до 3 декември 2011 г. (до 12.00) да ги
достават следните податоци на e-mail:
snezana.manceva@na.org.mk
Агенда од настанот
Име презиме:
Име на организација / НВО:
Контакт телефон:
Е-mail:
Сите
пријавени лица кои ќе бидат селектирани ќе бидат известени по e-mail и тел. на
4 декември 2011 г. до 15.00 ч
Контакт лице: Снежана
Манчева – Координатор за програма “Млади
во акција“ и Раководител на Сектор
младински активности
Тел: 02/ 3103 -736 моб: 075/ 402-806 e-mail: Snezana.manceva@na.org.mk