Повикот за доставување апликации важи само за високообразовни институции кои имаат добиено Еразмус Универзитетски Чартер од Европската Комисија. Ова е единствен рок за аплицирање за оваа година, а важи за активности во наредната академска година- 2010/2011. Апликациите треба да се целосно пополнети, со печат на институцијата и потпис од овластено лице. Во прилог на апликацијата мора да се достави и електронска верзија на формуларот. Апликацијата, правилата за пријавување и подетални информации за програмата Еразмус се достапни на www.erasmus.mk