Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ДУЦОР „Партение Зографски“ од Скопје, Ве поканува на презентација за секторската програма Комениус (општо образование) за секторската програма Леонардо да Винчи (стручно образование и обука),кои се составен дел од Програмата „Доживотно учење“ на Европската комисија како и за акциите Студиски посети и Етвининг.
Агенда:
13:45-14:00 Регистрација на учесниците
14:00-14:10 Отворање на настанот - Директор на ДУЦОР „Партение Зографски“ - Скопје, Блаже Митев
14:10-14:20 Обраќање на в.д. Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Дарко Димитров
14:20-14:40 Презентација за Секторска програма Комениус- Раководител на Одделение Комениус, Никола Јаулески
14:40-15:00 Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи- Раководител на Сектор Стручно образование и обука, М-р Лулеса Илјази
15:00-15:20 Презентација за акцијата Студиски посети – Раководител на одделение Студиски посети и студентски стажирања – Мила Протуѓер
15:20-15:40 Презентација за акцијата Етвининг – Роководител на одделение за ИКТ и Етвининг – м-р Дејан Златковски
15:40-15:55 Прашања и дискусија со присутните на настанот
Присуствувајќи на овој настан, ќе се запознаете со можностите кои се отворени за Република Македонија преку програмата Комениус и Леонардо да Винчи и акциите Студиски посети и Етвининг, процедурата за аплицирање, апликациони форми, рокови за аплицирање, буџет.
Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг ќе се одржи на 17.01.2012 во 14:00 часот.
Место: ДУЦОР „Партение Зографски“ , Скопје