е-Весник

Контакт

Јован Попоски
jovan.poposki@na.org.mk
+389 2 3103 737
Доживотно учење

Објавени се апликациските формулари за акциите Мобилност (ИВТ, ПЛМ и ВЕТПРО) за секторскaтa програмa Леонардо да Винчи

Објавени  се апликациските формулари за акциите Мобилност (ИВТ, ПЛМ и ВЕТПРО) за секторскaтa програмa Леонардо да Винчи

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави апликациските формулари за акцијата Мобилност во чиј состав влегуваат: Почетно стручно образование (ИВТ), Лица на пазар на труд (ПЛМ) и Професионалци во Стручно образование и обука (ВЕТПРО). Апликацискиот формулар за акцијата Мобилност може да го најдете на следниов линк.

Крајниот рок за аплицирање за Мобилност (ИВТ, ПЛМ и ВЕТПРО) е 3 Февруари 2012.


- Процедура за аплицирање;

- Апликација за мобилност;

- Водич за пополнување на апликација;

- Водич за онлајн аплицирање.

 

На линкот http://get.adobe.com/reader/otherversions/ можете да ја симнете соодветната верзија на Adobe Reader за пополнување на PDF апликацијата.



Објавени апликациските формулари за акцијата обука на работно место за секторските програми Комениус и Грундвиг

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави апликациските формулари за акцијата Обука на работно место. За секторската програма Комениус апликацискиот формулар за акцијата Обука на работно место може да го најдете на следниов линк (http://www.na.org.mk/komenius.html), додека за секторската програма Грундвиг апликацискиот формулар е достапен на следниов линк (http://www.na.org.mk/grundtvig.html).

Пред пополнување на формуларите, Ве молиме детално прочитајте го Упатството за пополнување и поднесување на формуларот за предлог проекти за акцијата Обука на работно место.

 


ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ 2012 ЗА ПРОГРАМАТА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објави повик за 2012 за програмата Доживотно Учење за подпрограмите Комениус, Еразмус, Леонардо да Винчи, Грундвиг и Студиски посети. За повеќе информации во врска со повикот погледнете на следниов линк.

Учество на Република Македонија во Европските образовни програми

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве информираме дека со одлука на Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура, Република Македонија ќе учествува во програмите за Доживотно учење и Млади во акција во 2012 година. Со ова македонските студенти, професори, стручен и администативен персонал, граѓански организации , училишта, градинки, универзитети, приватни компании ќе можат да бидат дел од овие европски програми.  Ова за Република Македонија е навистина силна порака, силен импулс кој треба да претставува поттик за понатамошно напредување.

Ви посакуваме успешно вклучување во програмите за Доживотно учење и Млади во акција.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност


Успешни приказни од Програмата Доживотно учење

Видете кои се бенефитите од учествување во Програмата Доживотно учење. Корисници од Македонија веќе ја користат оваа Програма. Успешните приказни може да ги видите на следниве линкови:

Комениус
Грундвиг
Студиски посети


Информативен ден- програмите Leonardo da Vinci и Grundtvig

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со задоволство Ве повикува на информативен ден за секторската програма Leonardo da Vinci, која е наменета за стручно образование и обука и секторската програма Grundtvig наменета за образование на возрасни, кои се дел од програмата „Доживотно учење“ ( Lifelong Programme).

Овој настан се организира во соработка на Националната агенција, Европската Комисија и Македонското здружение за образование на возрасни.

Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање.

Општи информации

Специфичните цели на Програмата се споменати подолу. Тие обезбедуваат дека Програмата за Доживотно Учење гиподдржува и надополнува акциите кои се превземени од Земјите Членки и другите Земји кои учествуаат во Програмата, истовремено целосно почитувајќи ги нивните обврски кон содржината на системите за образование и обука и нивните културни и лингбистички разлики.

Програмата им овозможува на лицата кои се во било кој степен од нивните животи да се вклучат во едукативни активности насекаде во Европа. Има четири подпрограми кои се фокусираат на различни нивоа на образование и обука и ги продолжуваат предходните програми:

Програмата за Доживотно Учење цели кон допринос во процесот на учење и создавање на ЕУ со напредно образовано општество кое ќе биде основа за одржлив економски развиток, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија. Конкретно, се труди да создаде внатрешна размена, соработка и мобилност помеѓу институциите за образование и обука и систем во ЕУ кој ќе биде лидер во Светот. На овој начин се осврнува на модернизацијата и прилагодувањето на системите за образование и обука во земјите членки, конкретно во контекст на целите од Лисабонската Агенда.

Normal 0 false false false EN-US X-NONE X-NONE MicrosoftInternetExplorer4
Комениус за училишта
е програма која го тангира образовниот и административниот кадар влучен во образование на деца од предшколска до гимназиска возраст. Различните акции се однесуваат на сите оние кои сакаат да го продлабочат својот личен развој со обука во странство или да ги вклучат своите ученици во Комениус партнерство. Исто така Комениус поддржува соработка помеѓу училиштата преку нивно училишно вмрежување.

Леонардо да Винчи за стручно образование и обука

ги поврзува политиките и праксата во областа на стручното образование и обука. Проектите имаат широк опсег и ги поддржуваат индивидуалците во подобрување на нивните способности, знаење и вештини преку одреден период поминат надвор, до Европска соработка помеѓу ВЕТ партнерите со цел поттинување на атрактивноста, квалитетот и изведбата на ВЕТ стандардите и практиките.


Грундтвиг за образование на возрасни

ги адресира потребите за учење и изведување настава поврзани со сите форми на образование на возрасни кои не се од доминантна стручна природа, како и институции и организации кои обезбедуваат било каква форма на можности за учење на возрасни – било од формална, нефомална или информална природа – вклучувајќи и и оние во почетната фаза на обука како и обуката преку пракса на персоналот.

Студиски Посети

Поддршка за искусни лица во полето на образованието и стручната обука, како и компаративни истражувања во овие полиња на Европско ниво. Основната цел е да се поддржи соработката во програмата за Доживотно Учење и да се обезбеди соодветни и доволни статистички, аналитички и други информации.


Еразмус за високо образование

Програмата Еразмус е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа и го инспирираше воспоставувањето на Болоња процесот. Генералната цел на програмата е да креира Еуропеан Хигхер едуцатион Ареа и да промовира иновативност ширум Европа. Академската мобилност која ја овозможува програмата Еразмус им овозможува на индивидуалците можности за студирање, работа и живот во различни академски, културни и општествени околности. Како резултат на тоа, мобилните личности ги згилемуваат своите можности за вработување, т.е ја големуваат нивната конкурентност на пазарот, се зајакнува општествената свест на поединците и се зголемува прагот на толеранција, како и свеста за потребата за борба против сите видови на дискриминција.

 

Кој може да учествува

Програмата Доживотно Учење е отворена за сите кои се инволвирани во образование или обуки:

  • Ученици, студенти, лица кои се обучуваат и возрасни ученици
  • Наставници, обучувачи и разен персонал вклучен во било кој аспект на Доживотното Учење
  •  Луѓе во пазарот на труд
  • Институции или организации кои нудат можности и програми за учење во областите образование или обуки
  • Лица и тела одговорни за системи и политики поврзани со било кој конкретен аспект на Доживотното Учење на локално, регионално и национално ниво
  • Претпријатија, социјални партнери и нивните организации на сите нивоа, вклучувајќи трговски асоцијации и стопански комори
  • Тела кои нудат помош, советување и информациски сервиси поврзани со било кој аспект на Доживотното Учење
  • Асоцијации кои работат во полето на Доживотно Учење, вклучувајќи студенти, лица кои се обучуваат, ученици, родители и асоцијации на возрасни ученици
  • Центри за истражување и тела активни во областите на образование и тренинг
  • Непрофитни организации, волонтерски тела, невладини организации

За подетални информации во однос на тоа кој може да учествува, проверете во посебните програми на програмата Доживотно Учење.