Учество (Еразмус Универзитетски Чартер)
Рокот за пријавување за Еразмус Универзитетски Чартер за академската
2009/2010 год. е затворен.
За Универзитетите да учестцтвуваат во програмата Еразмус, тие мора да исполнат неколку критериуми, и тоа:
- Да работат според ЕКТС ( Европски Кредит Трансфер Систем)
- Да препознаваат студиски престој во друга земја (на институција со која имаат склучено меѓу-институционален договор)
- Да обезбедат советување пред заминување на студенти и наставен кадар на студиски престој во друга држава
- Да назначат и да обучат Еразмус координатори
Чартерот гарантира високо ниво на квалитет во мобилноста преку одредување на фундаментални принципи кои институциите кои учествуваат во програмата мора да ги почитуваат и применуваат за сите Еразмус акции.
Постојат два вида на Еразмус Универзитетски Чартер: Стандарден и Продолжен Универзитетски Чартер. Стандардниот Чартер е само за високообразовни институции кои аплицираат за учество на Еразмус студиски престои, а Продолжениот Универзитетски Чартер (Extended University Charter) е за високообразовни институции кои аплицираат и за организација на мобилности за стажирање.
Универзитетскиот Чартер се состои од два дела: првиот формален дел содржи прашања за бројот на студенти при Универзитетот, персонал, факултети и насоко, курсеви итн. и Еразмус Полицѕ Статемент, наративен дел во кој високообразовните институции треба да докажат дека се
способни да примаат и да испраќаат студенти. Се доделува за целото траење на програмата, т.е. до 2013 година. Чартерот може да се одземе во случај на сериозно прекршување на одредбите.
Високообразовните институции треба да поднесат апликација за Еразмус Универзитетски Чартер до Европската Комисија. Институциите поднесуваат он- лајн апликација и треба да испратат два испечатени и потпишани примероци од апликацијата (со оригинален потпис) до Европската
Комисија. Он- лајн (електронската верзија) на апликацијата ќе може да се превземе од веб- страницата на Извршната Агенција на Европската Комисија http://eacea.ec.europa.eu/llp/erasmus/euc_en.html.
Успешните аликанти ќе добијат Еразмус Универзитетски Чартер потпишан од
Европската Комисија. Освен тоа што Чартерот им дава право на
Универзитетите да учествуваат во Еразмус, ги дефинира и фундаменталните
принципи на Еразмус и условите и регулациите кои Универзитетите-
учесници мора да ги почитуваат при спроведувањето на Еразмус активности.
Досега повеќе од 2000 високообразовни институции од Европа имаат
добиено Еразмус Универзитетски Чартер. Листата на институциите може да
ја превземете од
http://ec.europa.eu/education/programmes/socrates/erasmus/charter_en.html.