е-Весник

Контакт

Неда Ахчиева
neda.ahcieva@na.org.mk
+389 2 3103 742

Еразмус брошура

Еразмус флаер

Доживотно учење » Еразмус » Еразмус во Македонија

Еразмус во Македонија

Во академската 2009/ 2010 и Македонија ќе добие можност да учествува во различни програми од програмата за Доживотно Учење на Европската Унија (Lifelong Learning Programme, LLP), а од нив најзначајна за академската мобилност е програмата Еразмус. Во моментов во Македонија се подготвува целокупната инфраструктура која е неопходна за комплетно функционирање на програмата LLP. Со оглед на тоа дека мобилноста на македонските студенти и професори е на загрижувачки ниско ниво, Македонските Универзитети треба да обратат посебно внимание при подготовките за вклучување во програмата Еразмус.

Македонските Универзитети остварија значаен прогрес во имплементацијата на Болоња процесот, што претставува значаен чекор кон учеството на нашата земја во European Higher Education Area (EHEA) на исто ниво со останатите Европски земји. Сепак, мобилноста на студенти, наставен кадар и административниот персонал при универзитетите претставува една од најслабо развиените области за приклучување во EHEA.

Во Македонија, развојот на академската мобилност првенствено ќе биде спроведен преку подготвителните мерки за целосно учество на Македонија во Еразмус програмата (во рамките на програмата за Доживотно учење). Подготвителните мерки ќе бидат финансирани преку програмата IPA (Instrument for pre- accession) и Македонскиот државен буџет. За да се искористат средствата од програмата, потребно е универзитетите да аплицираат за Универзитетски Чартер (за повеќе информации обратете се во Националната Агенција). Во рамките на овие подготвителни мерки, предвидено е пред целосното започнување со примена на програмата Еразмус во академската 2009- 2010 година, во академската 2008- 2009 година да бидат спроведени повеќе пилот проекти (за повеќе информации обратете се во Националната Агенција) кои би овозможиле создавање и функционирање на Еразмус инфраструктурата во Македонија, односно координација меѓу Универзитетите и Националната Агенција.

Сепак, за академската мобилност во целост да ги оствари своите капацитети, во процесот на зголемување на мобилноста на Македонската Академска заедница треба да се вклучат не само високо- образовни институции и релевантни владини тела, туку и работодавци, социјални партнери, бизнис заедницата, невладини организации и локалните власти. Учеството во програмите на Европската Унија за академска мобилност само ќе ги зајакне европските аспирации и ќе го поттикне препознавањето и разбирањето на предизвиците на Евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Отворен повик за Еразмус мобилности- краен рок 12.03.2010

tl_files/docs/llp/era/erazmus_logo.jpgПовикот за доставување апликации важи само за високообразовни институции кои имаат добиено Еразмус Универзитетски Чартер од Европската Комисија. Ова е единствен рок за аплицирање за оваа година, а важи за активности во наредната академска година- 2010/2011. Апликациите треба да се целосно пополнети, со печат на институцијата и потпис од овластено лице. Во прилог на апликацијата мора да се достави и електронска верзија на формуларот. Апликацијата, правилата за пријавување и подетални информации за програмата Еразмус се достапни на www.erasmus.mk  

Оддржана работилница за Еразмус координатори

На 19.02.2010 во просториите на Националната Агенција беше оддржана работилница за Еразмус институционални координатори од 8те нови институции кои добија Еразмус Универзитетски Чартер. На работилницата беше претставена програмата Еразмус, Националната Агенција и роковите за аплицирање. На следниот линк може да ја превземете агендата за работилницата, како и список со координатори на одделните институции кои од наредната академска година ќе може да учествуваат во програмата. 

АГЕНДА

Фотографии од оддржаната работилница може да најдете на следниот ЛИНК.

Објавени резултати за Еразмус Универзитетски Чартер

tl_files/docs/llp/era/Standard.jpgЕвропската Комисија ја објави листата на високообразовни институции од Македонија кои од наредната година ќе може да учествуваат во програмата Еразмус, т.е. институции кои добија Еразмус Универзитетски Чартер. Во зависност од видот на Чартерот на институцијата, стандарден или продолжен, од наредната академска година тие ќе можат да доделуваат Еразмус стипендии за студирање или стажирање (од 3-12 месеци) во држави членки на ЕУ.

На оваа табелата ќе најдете контакти на Еразмус институционални координатори на одделните институции кои добија Еразмус Универзитетски Чартер во 2010, како и во 2009 година.

Оддржани работилници за Еразмус координатори на УКИМ и УКЛО

tl_files/Photogalery/Erasmus rabotilnica/erazmus_predavanje.jpgНационалната агенција, во соработка со канцелариите за меѓународна соработка на Универзитетите „Св. Климент Охридски“ во Битола, и „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 15ти и 16ти Декември оддржа работилници за факултетски Еразмус координатори. Предавачи на работилниците беа гости од Универзитетот во Љубљана, кои освен формалните презентации го презентираа и нивното искуство со работа со програмата во Словенија.

Се заблагодаруваме на Ректорите на двата универзитета за соработката, и на одговорните лица од канцелариите за меѓународна соработка за поддршката и помошта при организирањето на настаните. За сите заинтересирани за Еразмус, листи со Еразмус координатори на одделните факултети на Универзитетите можат да се најдат на веб- страниците на универзитетите.

Оддржана прес конференција

tl_files/docs/images/home_photos/pres_bitola.jpgНа 27 Ноември 2009 година на Универзитетот Св. Климент Охридскиво Битола се оддржа прес конференција по повод отворањето на програмата Еразмус за Република Македонија.

На прес конференцијата присуствуваа: Министерот за образование и наука на Република Македонија, г-дин Никола Тодоров, Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-дин Бошко Нелкоски и Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридскиво Битола, проф. д-р Златко Жоглев.

Во своето излагање Министерот за образование и наука на Република Македонија ги повика универзитетите и другите високообразовни институции во Република Македонија да го зголемат развојот на модули, курсеви и настани планови, со европска содржина, ориентација или организација. Според Министерот програмата Еразмус ќе предизвика голем интерес не само кај студентите туку и кај професорите и останатиот административен персонал на универзитетите.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-дин Бошко Нелкоски осврнувајќи се на студентските мобилности, истакна дека програмата Еразмус може да има огромен придонес кон промовирање на европскиот идентитет. Тоа го прави на повеќе начини, но највеќе преку рушење на социјалните и културните бариери меѓу европјаните. Преку Еразмус студентите можат да ја увидат социјалната, културната и политичката реалност на земјите членки на ЕУ, што ќе придонесе и кон остварување на зацртаните евроинтегративни цели на Република Македонија.

Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридскиво Битола, проф. д-р Златко Жоглев изрази задоволство што Универзитетот Св. Климент Охридскиво Битола доби Еразмус чартер и студентите и професорите ќе можат да ги користат бенефициите кои им ги нуди програмата Еразмус.

Оддржан информативен ден во Тетово

tl_files/Photogalery/Info den vo Tetovo/info_den_Tetovo_01.jpgНа 26 Ноември 2009 година во општина Тетово се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограматите Еразмус и Комениус.

На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Тетово, беа презентирани можностите и целите  на програмата за Доживотно учење.

            Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Бошко Нелкоски во своето излагање потенцираше дека Тетово како универзитетски град и град во кој има бројни основи и средни училишта максимално може да ги искористи можностите кои ги нуди програмата за Доживотно учење особено потпрограмите Еразмус и Комениус. 

            Останататите вработени во Националната агенција пред тетовци ги претставија програмите Еразмус и Комениус.

Оддржан информативен ден за програмата за Доживотно учење во Штип

tl_files/Photogalery/Info den vo Shtip/info_den_stip.jpgНа 11 Ноември 2009 година во општина Штип се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограмите Еразмус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.

На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Штип, беа презентирани можностите и целите  на програмата за Доживотно учење.

На настанот свое обраќање имаа: г-дин Бошко Нелкоски – Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Градоначалникот на општина Штип, г-дин Зоран Алексов.

Во своето излагање Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Бошко Нелкоски се заблагодари за гостопримството на општина Штип и притоа уште еднаш ја истакна важноста на овие програми за Република Македонија. Тој  ги повика штипјани на интензивна соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се со цел максимално искористување на средствата од програмите координирани од Националната агенција кои се наменети за крајните корисници.

Градоначалникот на општина Штип, г-дин Зоран Алексов се заблагодари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за можноста да биде презентирана програмата за Доживотно учење во Штип и истакна дека општина Штип преку своите образовни институции максимално ќе се вклучи во програмата Доживотно учење затоа што оваа програма обезбедува голем бенефит како за образовните институции во градот така и за општината во целост.

Саем на студии во Франција и во регионот

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност Ве известува дека во склоп на Саемот на студии во Франција и во регионот кој ќе се оддржи на 6-ти ноември 2009, од 10 до 18 часот, ќе постави свој штанд на кој што ќе можат да се обратат сите заинтересирани за програмите на Националната Агенција. Саемот ќе биде во домот на АРМ, а агенцијата  на својот штанд ќе презентира брошури и друг рекламен материјал, а предвидени се и кратки презентации на сите учесници во посебна сала.

Овој настан е организиран од Campus France и нивните колеги во Бугарија.

Всушност се работи  за патувачки саем кој во Бугарија ќе ги посети универзитетските градови Стара Загора и Варна, а потоа сите тие учесници доаѓат и во Скопје. Учесниците се универзитети и други високо образовни институции.

Ова се учесниците кои досега го потврдиле своето присуство:

 

        Франкофонски програми во Бугарија:

 

·       Франкофонска програма електронски и информатички инжинеринг Технички  факултет во Софија (Programme francophone Génie électrique et Génie informatique - Université Technique de Sofia)

·       Франкофонска програма Индустриска хемија– Универзитет за Хемиска технологија и     металургија во Софија (Programme francophone Chimie industrielle – Université de Technologie Chimique et de Métallurgie de Sofia)

·      Франкофонска програма Технологија за храна– Универзитет за технологија за храна во Пловдив (Programme francophone Technologies alimentaires – Université des technologies alimentaires de Plovdiv)

·      Франкофонска програма Политички науки – Нов универзитет во Софија (Programme francophone Sciences politiques – Nouvelle Université Bulgare de Sofia)

·      Франкофонска програма Хотелиерство НУБ/Албена (Programme francophone Gestion hôtelière NUB/Albena)

·      Франкофонска програма Водење на економија- Универзитет Св. Климент Охридски – Софија (Programme francophone Economie et gestion - Université Saint-Clément d’Ohrid  de Sofia)

·      Франкофонска програма за Администраицја и управа  (IFAG), Софија (Institut de la Francophonie pour l’Administration et la Gestion (IFAG), Sofia)

 

Франција:

 

·         Универзитет во Орлеан (Université d'Orlèans)

·         Институт за политички студии (IEP) Парис – 1 европски циклус на Дижон/Централна Европа и Исток (Institut d’Etudes Politiques (IEP) Paris - 1er cycle européen de Dijon/Europe centrale et orientale)

·        Национален институт за применети науки (INSA) во Руен (Institut National de Sciences Appliquées (INSA) de Rouen)

·         Programa EURINSA – Интернационална програма за обука на инжинери (Programme EURINSA –  programme international de formation d’ingénieurs)

·         Програма CHEMIST – Интернационална програма за обука на хемиски инжинери (Programme CHEMIST - programme international de formation d’ingénieurs chimistes)

·         Mod’Art Интернационал Парисшколо за креирање и менаџмент на мода (Mod’Art International Parisécole de création et de management de la mode)

·         Училиште Art Maryse Eloy Парис – визуелна комуникација, графички дизајн, мултимедија, реклами. (Ecole d’Art Maryse Eloy Paris – communication visuelle, design graphique, multimédia, publicité.)

·        Универзитетска агенција за Франкофонија (AUF) (Agence Universitaire de la Francophonie (AUF))

 

Македонија :

 

·         Виша школа за аудиовизуелна реализација (ESRA) (Ecole Supérieure de Réalisation Audiovisuelle (ESRA))

·        Франкофонска програма, Јазици, Интернационален менаџментУниверзитет Св. Кирил и Методиј Скопје (Programme francophone Langues, Affaires et Commerce International – Université Saints Cyrille et Méthode, Skopje)

Резултати од повикот за предлог – секторска програма ЕРАЗМУС во рамките на програмата „Доживотно учење“

Врз основа на одлуката на Европскиот Парламент и Решението за воспоставување на програмата „Доживотно Учење“ од 15 Јануари 2006 година (1720/2006/ЕС), Европската Комисија распиша повик за предлог – проекти за програмата „Доживотно Учење“ 2009 година (DG EAC/31/08), односно посебен додаток на повикот за Република Македонија и Република Хрватска (DG EAC/31/08 – 2009/C 35/08).

Во рамките на посебниот повик за предлог – проекти, рокот за пријавување за индивидуална мобилност преку програмата „Еразмус“ беше 30 Март 2009.

Висината на средствата кои беа предвидени за 2009 година за Република Македонија изнесуваше 115 150 евра.

Повеќе информации и листата со резултати на следниов линк.

Оддржана прес конференцијата по повод заминувањето на првите Еразмус студенти

Денес во просториите на Државниот универзитет во Тетово се оддржа прес конференција по повод заминувањето на првите студенти преку програмата за академска мобилност Еразмус, која е координирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 
    Во своето излагање Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Бошко Нелкоски го пофали Државниот универзитет во Тетово за сите предуслови кои навремено ги исполни и им овозможи на студентите непречено да ги користат бенефициите кои ги нуди програмата Ерамус. Во оваа прилика Директорот Нелкоски ги покани сите македонски универзитети на интензивна соработка со Националната агенција како за Ерамус така и за сите други активности кои се превземаат со цел унапредување на образовниот процес во Република Македонија.
    Ректорот на Државниот универзитет во Тетово, д-р Агрон Река во своето излагање се заблагодари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за успешната соработка, на студентите им посака убав престој во Шпанија и искажа уверување дека нивното искуство кое ќе го стекнат ќе биде од огромно значење за Државниот универзитет во Тетово. 
    На настанот прсуствуваа голем број професори и студенти.

Оддржано предавањето “Повеќејазичноста како придобивка на европското семејство”

На 26 Септември 2009 година во Филолошкиот факултет “ Блаже Конески” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” се оддржа предавањето на тема: “Повеќејазичноста како придобивка на европското семејство” кое беше организирано по повод “ Европскиот ден на јазиците”. Настанот беше во организација на Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Филолошкиот факултет “ Блаже Конески” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје и Студентскиот парламент на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. На ова предавање кое предизвика огромен интерес не само кај студентите туку и кај професорите и пошироката јавност, се дискутираше за повеќејазичноста, за придобивките од неа како и за можностите кои се нудат за изучување на јазици.

 

tl_files/docs/llp/photos1/Slika_nastan_280909.jpg


На настанот свое обраќање имаа: д-р Васко Наумовски – вицепремиер за евроинтеграции, г-дин Бошко Нелкоски – директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, д-р Максим Каранфиловски – декан на Филолошкиот факултет во Скопје, г-дин Патрик Паке претставник на Европската комисија во Република Македонија и една волонтерка од Полска која го има научено македонскиот јазик. Во своето излагање Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се фокусираше на можностите кои ги нуди Националната агенција за изучување на определен јазик и истите детално ги претстави пред приустните учесници.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: ЕУ можностите за младите и студентите од Западен Балкан

На ден 03.09.2009 г. во Скопје, во организација на ЕУ Инфо-Центар, ќе се одржи панел дискусија на тема: ЕУ можностите за младите и студентите од Западен Балкан. Во рамките на настанот, Европскиот комесар за образование и култура, Г-динот Јан ФИГЕЛ и Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Г-дин Бошко НЕЛКОСКИ, ќе ги доделат првите проекти од децентрализираните европски фондови од Програмата Млади во акција.

Агенда на настанот.

Отворен повик за Еразмус Универзитетски Чартер

tl_files/docs/llp/era/erasmus75.gifПочитувани,

Со големо задоволство Ве известуваме дека сите Високообразовни институции од Македонија се квалификувани да се пријават за учество во програмата Еразмус преку пријавување за Еразмус Универзитетски Чартер. Пријавувањето се врши во Извршната Агенција за аудиовизуелни политики и култура, а крајниот рок е 30 јуни.

Информации за повикот и начините за аплицирање можете да најдете на:

http://eacea.ec.europa.eu/llp/funding/2010/call_erasmus_university_charter_en.htm

За прашања и за подетални информации за процесот на пријавување обратете се во Националната Агенција.


Македонските училишта од денес 07.05.2009 година и официјално станаа рамноправен член на големото семејство на eTwinning училишта. European Schoolnet денес објави дека македонските и хрватските училишта се официјално примени во eTwinning и им е овозможен пристап за регистрација на порталот http://etwinning.net .


Со тоа се отворени вратите за сите наши училишта за остварување на партнерски проекти со европските училишта, проекти што вклучуваат користење на Интернет и други информатички алатки со цел ефективна примена на ИКТ во наставниот процес по математика, физика, биологија, хемија, географија, историја и сите други предмети во основното и средното образование.

Повеќе информации и упатства за вклучувањето на училиштата во eTwinning и нивна регистрација на порталот http://etwinning.net може да се најдат на http://na.org.mk/etwinning/ .

Еразмус видео