Објавен е повикот за Програмата Доживотно учење за 2012
Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност објави повик за 2012 за програмата Доживотно Учење за подпрограмите
Комениус, Еразмус, Леонардо да Винчи, Грундвиг и Студиски посети. За повеќе
информации во врска со повикот погледнете на следниов линк.
За програмата Еразмус
Европската Комисија ја лансираше програмата Еразмус во 1987 година,
и одтогаш повеќе од 1, 5 милиони студенти и професори учествувале во
Еразмус размени. Името Еразмус е акроним од “European Community Action
Scheme for the Mobility of University Students”, а програмата се
дефинира како програма која ја поттикнува мобилноста на студентите и на
наставните кадри и Европската соработка вклучувајки високо- образовни
институции и други клучни актери во економијата базирана на знаење.
Од 2007 година програмата Еразмус е вклучена во програмата на
Европската Комисија за доживотно учење. Учеството во програмата Еразмус
подразбира исполнување на низа критериуми. Најважните критериуми се
отворање на Национална Агенција која ќе биде одговорна за
децентрализирано управување со програмата на национално ниво, како и
отворање на Еразмус канцеларии на универзитетско ниво.
Еразмус
Европската Комисија ја лансираше програмата
Еразмус во 1987 година, и одтогаш повеќе од 1, 5 милиони студенти и
професори учествувале во Еразмус размени. Името Еразмус е акроним од
“European Community Action Scheme for the Mobility of University
Students”, а програмата се дефинира како програма која ја поттикнува
мобилноста на студентите и на наставните кадри и Европската соработка
вклучувајки високо- образовни институции и други клучни актери во
економијата базирана на знаење.
Од 2007 година програмата Еразмус е вклучена
во програмата на Европската Комисија за доживотно учење. Учеството во
програмата Еразмус подразбира исполнување на низа критериуми.
Најважните критериуми се отворање на Национална Агенција која ќе биде
одговорна за децентрализирано управување со програмата на национално
ниво, како и отворање на Еразмус канцеларии на универзитетско ниво.
Можности за учество во Акциите на Ерасмус
Централизираните Ерасмус Акции се во надлежност на Извршната Агенција
за образование, култура и аудиовизуелна политика во Брисел и тие се:
- Мултилатерални проекти- развој на курикулум, виртуелни кампуси,
модернизација на институции и соработка на универзитети и индустрии
- Мрежи
- Придружни мерки
По одделните профили, можностите за учество се следниве:
За студенти:
- Учење во други земји
- Работење во други земји
- Јазична подготовка
За универзитети/ Наставен кадар:
- Наставни ангажмани
- Обуки во други земји
За Универзитети/ Високо- образовни институции:
- Интензивни програми
- Академски и структурни мрежи
- Мултилатерални проекти
За претпријатија:
- Студентстки распределби (за стажирање)
- Обуки во други земји
- Соработка со универзитети
Децентрализираните Еразмус акции ќе бидат во надлежност на македонската
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, од
наредната 2010 година.