е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
Тел: 023 103 731
e-mail: lulesa.iljazi@na.org.mk

Леонардо да Винчи Брошура - НОВО

Леонардо да Винчи Флаери - МК

Леонардо да Винчи Флаери - АЛ

Контакт семинар - Грција (20 - 24 септември) 2009

Кога пред неколку години со моите ученици почнав да правам  еден картинг од стари делови на платформата на картинг издаден во Емитер, ниту на сон не ми падна дека  со една модифизирана идеја преку него ќе добијам шанса да го промовирам моето училиште и Македонија во Европа. Но и тоа се случи.
   Да не должам многу. Минатата година успешно аплицирав до НА за европски образовни програми и мобилности за учество на контакт семинар во Грција на Крит. Таму се претставив со идеја за изработка на картинг тим на Европа од страна на ученици во средните стучни училишта под раководство на нивните професори и тоа направен исклучиво со користење на веке користени авто делови. Направив една презентација, нешто пропаганден материјал, флаери и пенкала сологото на идејата. Идејата им се допадна на сите учесници но бидејки сите беа отидени со свои идеи истата требаше да ја пласирам односно да пронајдам партнери за нејзина реализација. Гледајки во списокот на учесници го пронајдов господин Карл Винкелс, директор на средно стручно училиште во Германија и претседател на ЕБ –стицхинг (образовна институција формирана од здружение на занаетчии, училишта,техничари и научници) со партнери од Белгија и Холандија . Ова е мојата шанса,  си реков. Морам овде да дејствувам. Бидејки и организаторот не беше поделил во групи составени од учесници од слични училишта или институции, со Карл работевме во иста група. Тој прифати да работиме заедно на изработка на нацрт проект за идно Партнертсво и до крајот на семинарот ние имавме готов нацрт проект со акроним ,, РАКИ “. Проектот вклучуваше учество на  моето училиште, по 2 училишта од Германија, Белгија и Холандија и едно училиште од Турција претставувано од страна на Господин Хасан исто така учесник на семинарот и мој добар пријател. Покрај работата во групи нашето дружење го користевме и за запознавање со културата ,обичаите, религијата едни со други. Навистина бев присутен на еден доста работен семинар но исполнет и со културнозабавни активности . Морам да спомнам дека Карл беше и еден од нашите најдобри амбасадори во Грција, имено го користеше секој момент да ги праша Грците да му објаснат во што е проблемот да некој неможе да си го користи неговото име и како би се тие чуствувале доколку некој им го прави тоа на нив.
    По вракањето дома нашето пријателство не престана туку се зацврсти. Се допишуваме често, разменуваме слики идеи и сл. Бидејки во проектот како кординатор беше ставено нашето училиште , а ние како земја не можеме да бидеме во 2010/2011 ниту кординатор ниту домакин одлучивме проектот да го реализираме за 2011/12 година бидејки тој инсистираше кординатори да бидеме ние бидејки за прв пат можеби Македонија ќе може да биде кординатир а тие ке ни бидат гарант за апликацијата. Инаку оваа година преку мобилноста ВЕТПРО аплициравме за еднонеделна посета на Германија во училиштето на Карл каде што и покрај другото ке ја прошириме и зацврстиме нашата соработка.
Благодарност до НА која ја овозможи ова вистинска приказна.

Ивица Јорданов

СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани

tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/grcija_01.jpg tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/grcija_02.jpg