е-Весник

Контакт

Љупка Бакарџиева
Тел: ++389 2 3109045
ljupka.bakardjieva@na.org.mk

Грундвиг брошура

Доживотно учење » Грундвиг » Грундвиг Акции » Централизирани акции
ГРУНДВИГ Мултилатерални проекти

 

Организации/институции од различни земји работат заедно, разменуваат знаење и искуства со цел постигнување на конкретни резултати во подобрувањето на содржината и испораката на образованието за возрасни.

Теми:

  • Подобрување на содржината и наставата во образованието за возрасни
  • Подобрување на образованието за возрасни на системско ниво
  • Подобрување на пристапноста на можностите за учење за возрасни
  • Подобрување на управувањето на образованието за возрасни. 

Сите проекти мора да предвидат детален план за евалуација и дисемниација на проектните резултати.


Носители на овие проекти можат да бидат: обезбедувачи на образование за возрасни, НВО, фондации, стопански комори, музеи, болници, библиотеки, високообразовни институции во развој на курикулум, национални и локални авторитети, ЕУ чадор организации во областа на образованието, приватни претпријатија, други тела кои имаат комплементарна експертиза. Проектите траат од 1 до 3 години. Учествуваат минимум 3 партнери од 3 земји (минимум 1 треба да биде од ЕУ). Рокот за аплицирање е 27.02.2009.


Буџет: 150.000,оо еур годишно. Максималниот износ по земја е 300.000,оо еур. Максималниот износ на грантот е 75% од вкупниот буџет на проектот.


Приоритети за оваа акција 2008-2010:

  • 8 основни компетенции
  • подобрување на квалитетот, атрактивноста и успехот на образованието за возрасни
  • промоција на одбразованието з авозрасни за маргинализирани и непривилегирани граѓани и мигранти
  • учење во поодмината возраст, интергенерациско и семејно учење.

Оваа акција е централизирано управувана. Апликациите и придружните документи се поднесуваат до Извршната Агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура. Подетални информации: http://eacea.ec.europa.eu/llp/index_en.htm


ГРУНДВИГ Мултилатерални мрежи


Целта на мрежите е зајакнување на врските помеѓу различните заинтересирани страни, зајакнување на ЕУ димензијата и видливоста на активностите. Мрежите се платформи кои обезбедуваат форум за дебати и размена на искуства за важни прашања, димензионирање на политиките и/или истражувања во областа.

 

Секоја Мрежа опфаќа една тематска област, сектор или сет од најважни прашања. Мрежите генерално служат за:

  • Генерална платформа и „референтна точка“ за дебата и размена на информации околу значајни прашања
  • Активна поддршка во вмрежување на Грундвиг проекти на заеднички теми во промоција на ЕУ димензијата и инивацијата
  • Дисеминација на резултати, искуства и добри практики од претходни Грундвиг проекти и други иницијативи во избраната тема.

Носители на овие проекти можат да бидат: обезбедувачи на образование за возрасни, НВО, фондации, стопански комори, музеи, болници, библиотеки, високообразовни институции во развој на курикулум, национални и локални авторитети, ЕУ чадор организации во областа на образованието, приватни претпријатија, други тела кои имаат комплементарна експертиза. Проектите траат најмногу 3 години. Учествуваат минимум 10 партнери од 10 земји (минимум една треба да биде од ЕУ). Рокот за аплицирање е 27.02.2009.

Буџет: 150.000,оо еур годишно. Максималниот износ на грантот е 75% од вкупниот буџет на проектот.

 

Приоритети за оваа акција 2008-2010:

  • учење на јазици за возрасни
  • академско вмрежување во образованието з авозрасни
  • вмрежување на актерите во образованието за возрасни.

Оваа акција е централизирано управувана. Апликациите и придружните документи се поднесуваат до Извршната Агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура. Подетални информации: http://eacea.ec.europa.eu/llp/index_en.htm

 

ГРУНДВИГ Придружни мерки


Оваа акција опфаќа активности кои спаѓаат во областа на образование на возразни, но не се вклопуваат во други Грундтвиг акции, како на пример: јавни кампањи, конференции, семинари, формирање на асоцијации за дисеминација на резултати, развој, објавување на продукти од проектите, развој на модули за настава, веб страна, материјали за учење, публикации, иновативни методологии, публикации кои ја промовираат Европската соработка во образованието за возрасни.

Времетраење: најмногу 1 година.

Рок за аплицирање: 27.02.2009.

Буџет: 150.000,оо еур годишно. Максималниот износ на грантот е 75% од вкупниот буџет на проектот.

Приоритети 2008-2010: активности на комуникација, промоција и дисеминација на резултати.

Оваа акција е централизирано управувана. Апликациите и придружните документи се поднесуваат до Извршната Агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура. Подетални информации: http://eacea.ec.europa.eu/llp/index_en.htm