|
Како се ракува со соодветен мобилен телефон?
Како да испратам е-меил на роднините во Норвешка?
Колку жените во Европа ги познаваат убавините на Македонија, и дали го пробале нашиот ајвар?
Какво е нивото на почитување на граѓанските права на Ромите во Франција?
Како најлесно да научам да зборувам италијански јазик?
Каква е гастрономијата и фолклорот во Шпанија?
Дали „бабиното благце“ е поеднакво вкусно во Бугарија, Велика Британија и Шведска?
Дали слепите лица од Македонија и Потругалија подеднакво добро користат компјутери?
Дали младите родители од Финска и Македонија се подеднакво подготвени да им пружат квалитетна родителска грижа на своите деца?
Какви се животните приказни на жените во Баскија и дали се тие во некоја мера слични на приказните на жените од Егејска Македонија?
Дали пензионерите во Унгарија, Македонија и Турција подеднакво здраво се хранат?
Јас сум лице со хендикеп, можам ли слободно да патувам?
Имам идеја, но како до партнери од ЕУ?
Грундвиг можеби го има одговорот...
|
Никогаш не е доцна за учење!
Николај Фредерик Грундвиг
|
Подпрограмата Грундвиг е дел од Програмата за доживотно учење чие дејствување е насочено кон образованието за возрасни ширум Европа. Настанува како резултат на согледувањата дека возрасните, па дури и младите кои го напуштиле училиштето предвремено, многу тешко се вклучуваат во образовни иницијативи во текот на нивниот живот.
Динамиката на пазарот на трудот, во современи услови, сепак, наметнува потреба од образовани, упатени и компетентни кадри. Новите работни места бараат нови вештини, а и постоечките работни места бараат нови, подобрени вештини, особено во услови на економска криза. Од друга страна, во однос на постоечкиот демографски тренд на страреење на населението, ја наметнува потребата од изнаоѓање начини за активно стареење и квалитетно исполнување на слободното време.
Таа е главен мост помеѓу политиката и праксата, овозможува образование во повеќе од 30 земји, помага во развивање на иновативни пристапи, материјали и извори и посветува посебно внимание на лицата со специфични образовни потреби.
Се однесува на наставата и потребите за учење поврзани со сите форми на учење на возрасните лица кои не се претежно од стручен карактер, како и на институциите и организациите кои обезбедуваат или овозможуваат било каква форма на можности за учење на возрасните лица, без разлика дали од формален или неформален карактер.
|
Цели
Поттикнување на мобилноста и соработката во областа на образованието за возрасни низ цела Европа
- Поддршка на лицата од чувствителни и маргинализирани
социјални групи, постари лица и тие кои предвремено го напуштиле
образованието
- Поддршка на развојот на иновативни практики и нивен трансфер
- Поддршка на развојот на иновативни ИКТ содржини, услуги, педагошки методи и пракса за доживотно учење
- Подобрување на педагошките пристапи и раководењето на организациите
Кој може да учествува
Секој поединец, и/или организација која на некој начин е вклучен/а во образованието за возрасни, т.е.:
- Учениците во образованието за возрасни
- Институции и организации кои обезбедуваат можности за учење за возрасни
- Институции
вклучени во обуки за персоналот во образованието за возрасни,
високо-образовни институции, истражувачки центри и тела засегнати со
прашања за образованието за возрасни
- Ученички и наставнички асоцијации, тела што обезбедуваат водење, советувачки и информациски сервиси
- Лица и структури одговорни за системи и политики во областа на локално, регионално или национално ниво
- Претпријатија, непрофитни организации, волонтерски тела, невладини организации.
|
|