News archive

July 2019

УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Четврток, 18 јули 2019  година 

Во периодот од 4 до јули, директорката Лидија Димова и Маја Колекеска, како претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, учествуваа на Европскиот самит за претприемништво во образованието, кој што се одржа во Лил, Франција.

Покровител на настанот беше претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Read more …

ОДРЖАН ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА ПОДДРШКА НА ЕПАЛЕ

Вторник, 9 јули 2019 година

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 2 и 3 јули, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка Северна Македонија, беше домаќин на воведниот состанок за двата новорегистрирани национални сервиси за поддршка на ЕПАЛЕ електронската платформата,  ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка на Република Северна Македонија и ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка на Република Грција.

Состанокот го одржа Централниот сервис за поддршка од Обединетото Кралство.

Read more …

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ЕТВИНИНГ УЧИЛИШТА

Понеделник, 8 јули 2019 година

Денеска, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа Доделување на сертификати за еТвининг училишта.

Со ваква ознака, за оваа година, се здобија оние училишта што беа најактивни во еТвининг платформата: ООУ Невена Ѓеоргиева Дуња од Скопје; ООУ Јоаким Крчовски - Крива Паланка; ООУ Браќа Миладиновци - с. Добрушево; СОУ Љупчо Сантов - Кочани; ООУ Св.Климент Охридски - Битола; ООУ Ѓорѓи Сугарев - Битола; ООУ Даме Груев - Битола; ООУ Дедо Иљо Малешевски - Берово и ООУ Кочо Рацин - Кратово.

Read more …