Резултати од повикот за Комениус 2009 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк.
Комениус и еТвининг презентација во СУГС “Здравко Цветковски” Скопје
На 18.03.2010 во просториите на СУГС
“Здравко Цветковски” Скопје, беше одржана презентација за програмата
Доживотно учење со посебен акцент на секторската програма Комениус и
акцијата еТвининг. На презентацијата беа присутни 12 наставници и
административен кадар, кои покажаа голем интерес за можностите што ги
нудат отворените Комениус акции за Македонија оваа година, и акцијата
еТвининг . Од средбата произлезе желба за организирање работилница на
која што практично ќе бидат објаснети процесот на аплицирање во рамките
на Комениус и користењето на алатките од еТвининг порталот. На
работилницата ќе бидат поканети претставници од повеќе училишта и истата
ќе биде одржана во термин договорен со истите.
Фотографии од настанот може да видете на
следниов линк.
Комениус и еТвининг презентација во ОУ “Св. Кирил и Методиј” Скопје
На 17.03.2010 во просториите на ОУ “Св.
Кирил и Методиј” Скопје, беше одржана презентација за Програмата
Доживотно учење со посебен акцент на секторската програма Комениус и
акцијата еТвининг. На презентацијата беа присутни 13 наставници и
административен кадар, кои покажаа интерес за можностите кои ги нудат
отворените Комениус акции за Македонија оваа година, и акција
еТвининг, како корисна алатка за училишно вмрежување.
Фотографии од настанот може да видете на
следниов линк.
Комениус и еТвининг презентација во ОУ “Св. Климент Охридски” Драчево
На 16.03.2010 во просториите на ОУ “Св.
Климент Охридски” Драчево, беше одржана презентација за програмата
Доживотно учење со посебен акцент на секторската програма Комениус и
акцијата еТвининг. На презентацијата беа присутни 28 наставници, кои
покажаа интерес за можностите кои ги нудат како отворените Комениус
акции за Македонија оваа година, така и самата акција еТвининг.
Фотографии од настанот може да видете на
следниов линк.
Презентација за програмата Комениус и акцијата е-Твининг
На 22.01.2010 во просториите на општина Аеродром беше одржана
презентација за програмата Комениус и акцијата е-Твининг. На
презентацијата беа присутни 12 преставници од 10 основни училишта и 2
градинки, како и неколку преставници на општината. Презентацијата ја
одржаа г. Никола Јаулески и г.Дејан Златковски.
Комениус работилници
Со цел информирање за акциите во рамките на секторската програма
Комениус: Подготвителни посети, Обука на работно место, Комениус
мултилатерално училишно партнерство и Комениус билатерално училишно
партнерство и зголемување на квалитетот на потенцијалните апликации, во
периодот од 11.01.2010 до 15.01.2010, се одржа Комениус работилница,
организирана од Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност. Во рамките на работилницата беше презентирана и акцијата
е-Твининг како можна алатка за пронаоѓање партнери за Комениус
партнерства. На работилницата присуствуваа 22 претставници од 8 средни
училишта, 10 основни училишта и 2 градинки од Македонија. Работилниците
се одржаа во просториите на Националната агенција, а содржините беа
презентирани од страна на г. Никола Јаулески, г. Дејан Златковски и
г-ца Мерсиха Исмајлоска.
Оддржан информативен ден во Кичево
На 2 Декември
2009 година во општина Кичево се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограмите Комениус и Грундвиг.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Кичево, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Во своето
обраќање градоначалникот на општина Кичево, г-дин Благоја Деспотоски го искажа
своето задоволство од оддржување настани од ваков тип се со цел граѓаните да
имаат можност преку директен контакт да ги увидат можностите и целите на
европските програми кои се отворени за Република Македонија.
Програмата
за Доживотно учење како и потпрограмите Комениус и Грундвиг пред кичевчани ги
презентираа вработените во Националната агенција за европски образовни програми
и мобилност, Мерсиха Исмајлоска и Љупка Бакарџиева.
Фотографии од настанот може да видите на следниов линк.
Оддржан информативен ден во Тетово
На 26 Ноември
2009 година во општина Тетово се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограматите Еразмус и Комениус.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Тетово, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Директорот
на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Бошко
Нелкоски во своето излагање потенцираше дека Тетово како универзитетски град и
град во кој има бројни основи и средни училишта максимално може да ги искористи
можностите кои ги нуди програмата за Доживотно учење особено потпрограмите
Еразмус и Комениус.
Останататите
вработени во Националната агенција пред тетовци ги претставија програмите
Еразмус и Комениус.
Оддржан информативен ден во Струга
На 19 Ноември 2009
година во општина Струга се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно
учење посветен на подпрограмите Комениус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Струга, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Програмата
за Доживотно учење ја презентираше Раководителот на сектор за општо образование
и координатор за програмата за Доживотно учење во Националната агенција г-дин
Јован Попоски.
Во
своето излагање Попоски ја истакана важноста на овие инфо денови пред се околу
остварувањето на директен контакт со крајните корисници и презентација на
можностите кои ги нуди програмата пред нив.
Останататите
вработени во Националната агенција пред стружани ги претставија програмите
Комениус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.
Фотографии од настанот може да видете на следниов линк.
Оддржан информативен ден за програмата за Доживотно учење во Битола
На 17 Ноември 2009
година во општина Битола се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно
учење посветен на подпрограмите Леонардо да Винчи и Комениус.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Битола, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Програмата
беше презентирана од страна на Раководителот на сектор општо образование и
координатор за програмата за Доживотно учење во Националната агенција, г-дин
Јован Попоски.
Комениус семинар, 07-10 октомври Скопје
Од 07 до 10 октомври во хотел Балзак во Скопје беше одржан семинар за
потпрограмата Комениус во организација на австриската агенција КултурКонтакт.
Коорганизатори на настанот беа австриската национална агенција и Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија. На
семинарот присуствуваа претставници на Министерството за образование и наука,
Бирото за развој на образование, промоторите на Програмата за доживотно учење
во Македонија и на Националната агенција.
Координаторот на потпрограмата Комениус за Македонија, г-ѓа Мерсиха
Исмајлоска, и координаторот на еТвининг акцијата, г-дин Дејан Златковски, ги
запознаа присутните со активностите на Националната агенција во Подготвителната
фаза на Програмата за доживотно учење во Македонија, и подготовките за полно
учество во програмата, со акцент на потпрограмата Комениус.
Од страна на претставниците на австриската национална агенција, беше даден
сеопфатен приказ на Програмата за доживотно учење на ниво на Европска Унија и
нејзината имплементација во Австрија. За потребите на македонските промотори,
гостите од Австрија детално ги презентираа методите за промоција и видовите на
активности што во австриската агенција ги користи при промоцијата и
приближувањето на потпрограмите до крајните корисници. Претставниците на
австриската агенција ја потенцираа важноста на соработката помеѓу училиштата на
меѓународно ниво.
Присутните исто така имаа можност да ги слушнат искуствата на Д-р Елизабет
Лангер, од Универзитетот во Виена, за нејзните практични искуства во креирањето
на ефективни Комениус и еТвининг партнерства, планирањето на проектите,
креирање на буџет, процесот на аплицирање, имплементација на проектите и
креирањето на завршни извештаи. Во дискусија со промотерите и Националната
агенција беа испитувани нови начини за зацврстување на соработката помеѓу
промотерите на национално ниво и понатамошно подобрување на промоцијата на
Програмата за доживотно учење.
На последниот ден од семинарот, Д-р Лангер одржа презентација пред поширок
аудиториум составен од наставници и директори на училишта од цела Македонија.
Комениус
КОМЕНИУС: ЕВРОПА ВО ВАШАТА УЧИЛНИЦА
Секторската програма Комениус се фокусира на првата фаза на едукација, од предшколско до средно образование. Таа е релевантна за сите членови вклучени во образованието: ученици, професори, локални авторитети, здруженија на родители, невладини организации, институции за обука на професори, универзитети и друг образовен кадар. Како дел од програмата Доживотно учење, Комениус се труди да го развие знаењето за различноста на европските култури, јазици и вредности и разбирањето помеѓу младите луѓе и образовниот кадар. Комениус им помага на младите луѓе да ги развијат основните вештини и компетенции потребни за нивен личен развој кои ќе им помогнат при идното вработување и активно граѓанство. Секторската програма работи со прашања силно поврзани со тековните дискусии и развој на училишната политика.
ЦЕЛИ
Секторската програма Комениус ги има следниве цели: • Да ја подобри и зголеми мобилноста на учениците и образовниот кадар во различни земји членки; • Да ги засили и зголеми партнерствата помеѓу училиштата во различни земји членки, со најмалку три милиони ученици кои ќе земат учество во образовните активности до 2010; • Да го охрабри учењето на јазици, иновативни информатички технологии, сервиси и подобри образовни техники и пракси; • Да го засили квалитетот и европската димензија на обуките на професорите; • Да го подобри педагошкиот пристап и училишниот менаџмент;
ТЕКОВНИ ПРИОРИТЕТИ
Секторската програма Комениус се фокусира на следниве приоритетни подрачја: • Мотивација за учење и учење-да-се-учи вештини; • Клучни компетенции: подобрување на учењето јазици, поголема писменост, правењето науката да биде атрактивна, подршка на претприемништвото и поддржување на креативноста и иновативноста; • Училишен менаџмент; • Забележување на социо-економските недостатоци и редуцирање на прераното напуштање на образованието; • Учење на различни групи ученици; • Рано и предшколско образование;
КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ?
• Учениците во училишното образование до последното ниво на средно образование; • Училишта, како што е утврдено од земјите членки, од предучилишното до последното ниво на образованието; • Наставници и други категории на кадар во училиштата; • Здруженија, непрофитни организации, НВО и нивни претставници вклучени во училишното образование; • Лица и тела кои се одговорни за организација и спроведување на образованието на локално, регионално и национално ниво; • Истражувачки центри и тела кои се занимаваат со прашања поврзани со доживотното учење; • Високообразовни институции; • Тела кои обезбедуваат водство, советување и услуги за информирање;
КРАЈНИ РОКОВИ ЗА 2010
Акција
Каде се аплицира
Краен рок
Подготвителна посета
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Отворен рок во текот на целата година најдоцна до 17.12.2010. Аплицирање најмалку 6 недели пред започнување на активноста
Обука на работно место
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
1рок: 15.01.2010; за обуки од 01.05 до 31.08.2010 2 рок: 30.04.2010; за обуки од 01.09 до 31.12.2010 3 рок: 15.09.2010; за обуки кои започнуваат најрано 01.01, а најдоцна на 30.04.2011
Комениус Билатерални училишни партнерства
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
19.02.2010
Комениус Мултилатерални училишни партнерства
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
19.02.2010
КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНИ И ЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ ?
За децентрализираните акции апликациите се праќаат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. За централизираните акции апликациите се праќаат во Извршната агенција во Брисел.
ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ
ЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ
КОМЕНИУС АКЦИИ ОТВОРЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
1. Комениус мултилатерални проекти
1. Комениус - Подготвителни посети
2. Комениус мултилатерални мрежи
2. Комениус Обука на работно место
3. Комениус придружни мерки
3. Комениус билатерални училишни партнерства
Апликациите се праќаат во Извршната агенција во Брисел
4. Комениус мултилатерални училишни партнерства
КОМЕНИУС АКЦИИ КОИ СЕУШТЕ НЕ СЕ ОТВОРЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
1. Комениус позиција на асистент
2. Комениус асистентска позиција (училиште домаќин)
3. Комениус регио партнерства
4. Комениус индивидуална ученичка мобилност
Апликациите се праќаат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност