Образованието оди напред, ние го следиме.

 

ЕРАЗМУС+ резултати од проекти


 tl_files/docs/eplus/2016/MT-img.png

Известување за MobilityTool+

Европската Комисија ја објави новата верзија на упатството за користење на алатката MOBILITY TOOL+. Документот е достапен во менито ДОКУМЕНТИ / ЕРАЗМУС+ УПАТСТВА И ПРИРАЧНИЦИ или директно на следниот линк.


Нови апликациски формулари за КА105, КА205 и КА347 третиот рок 2016

Националната агенција ги објавува новите верзии на апликациските формулари за КА105, КА205 и КА347 за третиот рок 2016г. Истите можада да се превземат на во под-изборникот Апликациски формулари од менито ДОКУМЕНТИ на нашата веб страница.

Повеќе...

ЕУ Агенда за Вештини

tl_files/docs/eplus/images/2016/fb_top_banner_skills_851x314_-_copy_1.jpgНа 10-ти јуни 2016 г. Европската Комисија  ја усвои новата и детална агенда за вештини за Европа. Целта е да се осигура дека луѓето ќе развиваат широк спектар на вештини од најрана возраст и дека со тоа ќе се креира најголемиот дел од човечкиот капитал на Европа, што последователно ќе треба да ја подобри работоспособноста, конкурентноста и растот во Европа.

Новата агенда за вештини во Европа ги повикува Земјите членки и сите чинители да го подобрат квалитетот на вештините и нивната важност за пазарот на трудот.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за Амбасадори на акцијата еТвининг

Врз основа на Решение  бр. Решение  бр. 02-790/2 од 28.09.201 донесена од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува  ЈАВЕН ПОВИК за Амбасадори на акцијата еТвининг.

Во согласност со работната програма за 2016г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено селекција на 18 еТвининг амбасадори во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на акцијата еТвининг како составен дел на програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Главна обврска на еТвининг амбасадорите ќе биде да активно соработуваат со Националната агенција во процесот на промоција на еТвининг акцијата во Република Македонија, во зголемувањето на членството во еТвининг на национално ниво, во зголемувањето на бројот на еТвининг проекти и подобрување на нивниот квалитет, во зголемување на присутноста на еТвининг и резултатите од неговите проекти во настаните во полето на образованието и медиумите на национално ниво.

Повеќе...

Покана за учество во вебинар за обука за пополнување апликации

Националната агенција за европски програми и мобилност Ве известува дека во четврток 29 септември 2016 година во 13.30 часот ќе одржи веб обука за поднесување на апликации од Клучната акција 205 Стратешки партнерства во полето на млади. Обуката ќе биде спороведена преку интернет алатка (вебинар), а ќе бидат опфатени правилата за учество на третиот рок 4 октомври 2016 година во полето на млади, разгледување на апликација и пополнување на истата, формирање на буџет и распределба на средствата.

Повеќе...

Повик за контакт семинар во Букурешт, Романија

Тема/Theme:„Стратешки партнерства плус“ Плус за не-дискриминација во Европа (“Strategic Partnerships Plus” A plus for non-discrimination in Europe)

 

Целта на тренингот:

- Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на крос-секторски стратешки партнерства;

- Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на таквите партнерства;

 - Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;

Повеќе...

Повик за контакт семинар во Софија, Бугарија

Тема/Theme: Воведување на интеркативните методи во образовната инклузивност во редовното образование во училиштата и детските градинки (Interactive methods in the introduction of educational inclusion in mainstream schools and kindergartens)

Целта на тренингот:

-              Воведување  на таргет групите во нови методи за поддршка на образовната инклузија на деца со посебни образовни потреби;

-           Воведување во новите закони за предучилишно и училишно образование помеѓу таргет групите;

Повеќе...

Повик за контакт семинар во Ниборг, Данска

Тема/Theme: Запознавање со данскиот формален и неформален образовен систем (An introduction to the Danish formal and non-formal educational system)

Целта на тренингот:

-          Децентрализација на младинската политика - во потрага на општинско младинска работа;

-          Премостување на младинската работа и образовниот систем;

-          Младински систем за насочување  - да им помогне на младите луѓе да го најдат патот до вработување и образование;

Повеќе...

Евридика издание: училишен и академски календар во 37 земји членки на мрежата

Во рамките на Евридика, објавени се училишниот и академскиот календар на 37 земји членки на мрежата. Овие календари даваат преглед на националните податоци за должината на улилишната/академската година, почеток и крајот на улилишната/академската година, должината и распоредот на празниците и бројот на работни денови. Клучните забелешки се прикажани преку компаративни графикони.

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Academic Calendar 2016-17 - Copy.jpg   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Dzchool Calendar 2016-17.jpg

Повеќе...

Oбука за ЕВС тековни волонтери преку Европски волонтерски сервис - Еразмус+; септември 2016

Се повикуваат сите организации во Македонија кои тековно во своите организации имаат волонтери преку Акција 2 Европски волонтерски сервис ЕВС да достават информации за волонтерите со овој онлајн формулар најдоцна до 15 септември (четврток) 2016 година. За секој волонтер се пополнува посебен апликациски формулар. По обработка на податоците организациите по е-маил ќе ги добијат сите детали за обуките кои ќе бидат организирани од НА за ЕВС волонтерите во Македонија.

Повеќе...

TAC Тренинг курс: 30 октомври до 5 ноември 2016 година, Будимпешта, Унгарија

Тренинг курс - 30 октомври до 5 ноември 2016 година, Будимпешта, Унгарија

За овие пет дена на тренинг курсот ќе се спроведува во средина за учење на младинските работници која ќе влијае на начинот на нивното размислување со специфичен фокус на поддржување на учењето на младите лица во младинската работа и искуството во мобилноста за млади.

● Како креирате средина на учење со млади лица за мобилност на млади?
● Кои се предизвиците со кои се имате соочено за времетраењето на вашето искуство во двојазични или повеќе јазични групи?
● Како да поставите ‘добри’ прашања?
● Како го поддржувате процесот на рефлексија на младите лица? Како балансирате групна и индивидуална поддршка?
●  Како ги поддржувате младите лица за подигнување на свеста за нивните ‘скриени’ компетенции?

Повеќе...

ТАС Семинар: 25-29 септември 2016/Љубљана, Словенија

Европа - Состанок на млади од земјите на Западен Балкан "Поврзување на младинскта работа со младинската политика"

Семинар/Конференција - 25-29 септември 2016/Љубљана, Словенија

Европа- Состанок на млади од земјите на Западен Балкан "Поврзување на младинската работа со младинската политика" – има за цел следење на препораките од Младинскат конференција за Западен Балкан “Поврзување на млади” ( која беше оддржана во Париз, 4 јули 2016) во полето на младинската работа и младинската политика.

45 учесници- воглавно младински работници и младински лидери со релевантна мотивација и искуство, кои доаѓаат од Еразмус + Програмските земји и партнерските земји од регионот Западен Балкан, како и засегнати страни од други релевантни организации, институции и креатори на политики се поканети да дискутираат и го дефинираат Акцискиот план промовирајќи воглавно младинско учество, граѓанско учество и младинска мобилност.

Повеќе...

ТАС Семинар: 25-29 септември 2016/Љубљана, Словенија

Европа - Состанок на млади од земјите на Западен Балкан "Поврзување на младинскта работа со младинската политика"

Семинар/Конференција - 25-29 септември 2016/Љубљана, Словенија

Европа- Состанок на млади од земјите на Западен Балкан "Поврзување на младинската работа со младинската политика" – има за цел следење на препораките од Младинскат конференција за Западен Балкан “Поврзување на млади” ( која беше оддржана во Париз, 4 јули 2016) во полето на младинската работа и младинската политика.

45 учесници- воглавно младински работници и младински лидери со релевантна мотивација и искуство, кои доаѓаат од Еразмус + Програмските земји и партнерските земји од регионот Западен Балкан, како и засегнати страни од други релевантни организации, институции и креатори на политики се поканети да дискутираат и го дефинираат Акцискиот план промовирајќи воглавно младинско учество, граѓанско учество и младинска мобилност.

Повеќе...

СОУ „Ѓошо Викентиев“ ќе презентира сопствени изработки на картинг и лего роботи во Германија

Средното Општинско Училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани во рамките на проектот финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (преку Програмата Доживотно учење) ќе презентира сопствени изработки на картинг и лего роботи во Германија.