Образованието оди напред, ние го следиме.

 

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

Важно соопштение за рокот 04.10.2017 поднесување апликации за КА347

Ве молиме имајте во предвид дека поднесувањето на апликации од Клучната Акција 347 за рокот 04.10.2017 година исклучиво ќе биде пристапно преку веб платформа овозможена од Европската комисија. За разлика од сите останати апликации, во КА347 од следниот рок пристапот до апликациската форма ќе биде достапна преку следниов линк:

https://webgate.ec.europa.eu/web-eforms/

Повеќе...

ЕВРИДИКА извештај: Претприемничко образование во училиштата во Европа

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/image003.jpg

Овој извештај обезбедува преглед на мерките превземени во областа на претприемничкото образование во училиштата во Европа. Претставени се вкупно 37 образовни системи. Информацијата ги покрива 28 земји членки на ЕУ како и Македонија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Исланд, Лихтенштај, Црна Гора, Норвешка, Србија и Турција.

Развојот и поддршката на претприемничкото образование се едни од клучните политички цели во ЕУ и земјите членки во последните години. Ваквиот тренд е логична последица од зголемената свест за потенцијалот на младите луѓе и развојот на нивните комерцијални и општествени потфати со што стануваат иноватори во областите во кои живеат и работата. Претприемничкото образование е суштинско не само за да оформименталниот склоп на младите луѓе, туку и да се обезбедат вештини, знаења и ставови што се основа за развојот на претприемничката култура. Тргнувајќи од националните перцепции и дефиниции за претприемничко учење и анализата на стратешките мерките, акциски планови и буџети наменети за финансирање на механизмите за развој, извештајот исто така го испитува и интегрирањето на претприемничкото образование во националните наставни планови и програми и резултатите од учењето, како и интегрирањето во курикулумите во иницијалната обука и образование на наставниците. Во последното поглавје извештајот дава преглед на идните мерки што треба да се превземат во земјите во делот на претприемничкото образование во училиштата.

 

Повеќе...

eTwinning Book 2015

tl_files/docs/eplus/etwinning2016/etwinningbookcover-190.jpgДеновиве EUROPEAN SCHOOLNET и официјално ја издаде книгата eTwinning Book 2015. Ова последно издание на eTwinning Book, книга која што традиционално се издава секоја година и е тематска, е издадено по повод 10-годишнината на еТвининг. Во неа е опишан напредокот на еТвининг од самиот почеток па до денес и начинот на кој што еТвининг влијаеше врз учениците, наставниците и генерално на образовните системи во Европа.

 

 

 

 

 

Повеќе...

еТвининг вебинар за професорите по француски јазик

tl_files/docs/eplus/etwinning2016/etw-net_620-300.jpgМеѓународната федерација на професори по француски јазик  (FIPF) и францускиот Национален сервис за поддршка за еТвининг  организираат вебинар кој што е отворен за сите професори по француски јазик од целиот свет. Темата на вебинарот ќе биде Вовед во еТвининг и придобивките од него за професорите и учениците. Целна група се сите професори по француски јазик и професорите кои наставата по својот предмет ја изведуваат на француски јазик независно од возрасната група на нивните ученици. Наставниците треба да бидат претходно зачленети во еТвининг на платформата www.etwinning.net.

Повеќе...

Упатство за користење на PARTICIPANT PORTAL

Националната агенција ја објави новата верзија на упатството за користење на платформата PARTICIPANT PORTAL.  Во оваа верзијата на упатството со илустрирано прикази се објаснети постапките за креирање на профилот на организацијата во порталот и регистрација до добивање на PIC број.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ВОДИЧОТ ЗА АПЛИКАНТИ 2016

Следејќи ги иницијативите за кризата за мигрантите најавена од страна на Европската Комисија, Еразмус + програмата ќе има фокус на поддржување на бегалците и другите маргинализирани групи во 2016  година.

Европската Комисија неодамна објави две нови веб-страни за Еразмус + на оваа тема:

Со оглед на горенаведеното, во Програмскиот водич 2016 година поставени се дополнувања кои се однесуваат на социјална кохезија и интеграција на мигрантите и бегалците.

Повеќе...

Пријавување за учество на Работилница за ЕРАЗМУС+ КА2

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во периодот од 16 до 19 февруари 2016 г. организира работилница за КА2 (подакции КА201, КА202, КА204, КА205) од Еразмус+ програмата.

Учесниците на оваа работилница ќе бидат запознаени со постапката на пополнување на апликациските формулари од соодветните подакции на КА2 и ќе имаат можност да постават прашања поврзани со темата на работилницата.

Повеќе...

КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ ЗА ЕУРОПАС КРАТКАТА БИОГРАФИЈА И ОСВОЈТЕ НАГРАДА

Помогнете ни да ја подобриме Еуропас Кратката биографија со тоа што ќе го пополните он-лајн прашалникот на следниов линк https://www.surveymonkey.com/r/europass_survey_EN

 

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДОКУМЕНТИТЕ НА ЕУРОПАС

На 27.01.2016 година се одржа работна средба за документите на Еуропас во СУГС Лазар Танев-Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 35 ученици и 2-ца наставници од СУГС Лазар Танев-Скопје.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за Еуродеск информативни центри во Република Македонија

Врз основа на Решение  бр. 02-69/2 од 26.01.2016 г. донесено од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 

Ј А В Е Н П О В И К

за Еуродеск информативни центри во Република Македонија

 

Еуродеск е бесплатен сервис за пласирање и дисеминација на информации, кои се достапни преку платформи за информирање и има за цел на младите луѓе и оние кои работат со нив да им обезбеди информации за можностите и мобилноста од Европските програми.

Повеќе...

Работна средба за ЕУРОПАС и ЕУРОГАЈДЕНС

На 21.01.2016 година се одржа работна средба за Еуропас и Еурогајденс во ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 22-ца наставници од ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со  мрежите Еуропас и Еурогајденс, како и какви можности нудат, нивните елементи и новости. На оваа работна средба им беа објаснети  активностите кои ќе бидат организирани од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ...

Повеќе...