На 15 ноември во Брисел беше одржан заеднички состанок за Европас, Еврогајденс и Европска рамка за квалификации.
На настанот учествуваа претставници од националните Европас и Еврогајденс центри како и национални координатори на европската рамка на квалификации. Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е воедно е и национален Европас и Еврогајденс центар, учествуваа Маја Колекеска, Гоце Величковски и Александар Гочев.
Во периодот од 13 до 15 ноември, на покана од Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура, претставници од Националната агенција присуствуваа на состанок за Еразмус+, високо образование кој се одржа во Брисел, Белгија.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во изминатиот период одржа две од серијата на обуки за училиштата: од 11 до 13 ноември во хотел Макпетрол, Маврово, за претставници од училиштата од Полошкиот регион и од 14 до 16 ноември во хотел Монтана, Крушево, за претставници од училиштата од Пелагонискиот регион.
Во периодот од 8 до 10 ноември 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Еврогајденс конференција за кариерно образование, која се одржа во хотел Есперанто во Струмица.
На конференцијата, која е во согласност со тригодишната програма на Еврогајденс мрежата, присуствуваа наставници од средни стручни училишта од Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар и Велес кои работат како кариерни советници, а предавач беше експертката Васиа Ликова-Арсенова Илиева од Бугарија.
Во периодот од 6 до до 8 ноември 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Еврогајденс работилница за креирање на методологија и прашалник за Анлиза за кариерно образование, во хотел Есперанто во Струмица.
Работилницата е во согласност со тригодишната програма на Еврогајденс мрежата, на која присуствуваа вработени лица во Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и која ја водеше експертката Васиа Ликова-Арсенова Илиева од Бугарија.
Овој повик за предлог-проект произлегува од Регулативата (ЕУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и на Советот од 11 декември 2013 година за воспоставување на „Еразмус+“: програмата на Унијата за образование, обука, млади и спорт (1) како и од Годишните работни програми за 2019 и 2020 година на Еразмус+. Програмата Еразмус+ го опфаќа периодот од 2014 до 2020 година. Општите и конкретните цели на програмата Еразмус+ се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.
Од 15 до 19 октомври, во Мадрид, Шпанија, се одржа настан „Кон колаборативни практики“, организиран со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, а во соработка со Националните агенции од Шпанија, Велика Британија и Унгарија.
Во периодот од 12 до 14 септември 2019 година во Никозија, Кипар беше одржан годишниот состанок на членовите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“.
Претставници на Националнат агенција беа г-ѓа Лидија Димова, директорка на Националната агенција и г.Јовица Митевски, кои на состанокот ги презентираа реализираните активности во изминатиот период, како дел од стратегиското партнерство „Млади на работи“.
На 22 октомври се одржа Саем за кариера и вработување 2019 година, на платото при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.
Националната агенција за европските образовни програми и мобилност беше дел од овој саем со свој штанд и свои претставнички: г-ѓа Мартина Најдоски и г-ѓа Анабела Насковска.
Претставничките од Националната агенција им објаснуваа на студентите како да пополнат Европас кратка биографија, како и каде да аплицираат за студентска мобилност и пракса и какви сè можности нуди Националната агенција.
На 21.10.2019 година се одржа презентација за европските образовни мрежи и Еразмус плус програмата во ООУ Рајко Жинзифов.
На оваа презентација присуствуваа наставници од училиштето, кои се запознаа со можностите и бенефитите од Еразмус плус програмата и европските образовни мрежи.