Образованието оди напред, ние го следиме.

ЕРАЗМУС+ резултати од проекти

 tl_files/docs/eplus/2016/MT-img.png

Известување за MobilityTool+

Европската Комисија ја објави новата верзија на упатството за користење на алатката MOBILITY TOOL+. Документот е достапен во менито ДОКУМЕНТИ / ЕРАЗМУС+ УПАТСТВА И ПРИРАЧНИЦИ или директно на следниот линк.

Повик за контакт семинар во Ниборг, Данска

Тема/Theme: Запознавање со данскиот формален и неформален образовен систем (An introduction to the Danish formal and non-formal educational system)

Целта на тренингот:

-          Децентрализација на младинската политика - во потрага на општинско младинска работа;

-          Премостување на младинската работа и образовниот систем;

-          Младински систем за насочување  - да им помогне на младите луѓе да го најдат патот до вработување и образование;

Повеќе...

Евридика издание: училишен и академски календар во 37 земји членки на мрежата

Во рамките на Евридика, објавени се училишниот и академскиот календар на 37 земји членки на мрежата. Овие календари даваат преглед на националните податоци за должината на улилишната/академската година, почеток и крајот на улилишната/академската година, должината и распоредот на празниците и бројот на работни денови. Клучните забелешки се прикажани преку компаративни графикони.

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Academic Calendar 2016-17 - Copy.jpg   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Dzchool Calendar 2016-17.jpg

Повеќе...

Oбука за ЕВС тековни волонтери преку Европски волонтерски сервис - Еразмус+; септември 2016

Се повикуваат сите организации во Македонија кои тековно во своите организации имаат волонтери преку Акција 2 Европски волонтерски сервис ЕВС да достават информации за волонтерите со овој онлајн формулар најдоцна до 15 септември (четврток) 2016 година. За секој волонтер се пополнува посебен апликациски формулар. По обработка на податоците организациите по е-маил ќе ги добијат сите детали за обуките кои ќе бидат организирани од НА за ЕВС волонтерите во Македонија.

Повеќе...

TAC Тренинг курс: 30 октомври до 5 ноември 2016 година, Будимпешта, Унгарија

Тренинг курс - 30 октомври до 5 ноември 2016 година, Будимпешта, Унгарија

За овие пет дена на тренинг курсот ќе се спроведува во средина за учење на младинските работници која ќе влијае на начинот на нивното размислување со специфичен фокус на поддржување на учењето на младите лица во младинската работа и искуството во мобилноста за млади.

● Како креирате средина на учење со млади лица за мобилност на млади?
● Кои се предизвиците со кои се имате соочено за времетраењето на вашето искуство во двојазични или повеќе јазични групи?
● Како да поставите ‘добри’ прашања?
● Како го поддржувате процесот на рефлексија на младите лица? Како балансирате групна и индивидуална поддршка?
●  Како ги поддржувате младите лица за подигнување на свеста за нивните ‘скриени’ компетенции?

Повеќе...

ТАС Семинар: 25-29 септември 2016/Љубљана, Словенија

Европа - Состанок на млади од земјите на Западен Балкан "Поврзување на младинскта работа со младинската политика"

Семинар/Конференција - 25-29 септември 2016/Љубљана, Словенија

Европа- Состанок на млади од земјите на Западен Балкан "Поврзување на младинската работа со младинската политика" – има за цел следење на препораките од Младинскат конференција за Западен Балкан “Поврзување на млади” ( која беше оддржана во Париз, 4 јули 2016) во полето на младинската работа и младинската политика.

45 учесници- воглавно младински работници и младински лидери со релевантна мотивација и искуство, кои доаѓаат од Еразмус + Програмските земји и партнерските земји од регионот Западен Балкан, како и засегнати страни од други релевантни организации, институции и креатори на политики се поканети да дискутираат и го дефинираат Акцискиот план промовирајќи воглавно младинско учество, граѓанско учество и младинска мобилност.

Нови апликациски формулари за КА107 и преглед на буџети по региони

Во врска со програмата Еразмус+, клучна акција 1, КА107, Ве известуваме дека вториот рок за аплицирање е до 15.09.2016 година, 12:00 часот попладне. Апликациските формулари за програмата Еразмус+, КА107, втор рок за аплицирање се прикачени на ВЕБ страната на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на следниот линк.

Повеќе...

Повик за контакт семинар во Сплит, Хрватска

Тема: Поврзување на јавните власти и образовните институции во Еразмус+ (Connecting Public Authorities and Educational Institutions in Erasmus+)

Целта на тренингот:

Целта на овој контакт семинар е да овозможи соработка на локални и регионални власти и образовните институции со единствена цел за дизајнирање на Еразмус+ проекти кои се засновани на модернизација и интернационализација на образование и обука.

Овој семинар претставува можност за наоѓање на Европски партнери со слични интереси за развивање на проекти идеи за нови Еразмус+ Стратешки Партнерства (КА2) во полето на училишно образование, стручно образование и обука и/или образование на возрасни.

Контакт семинарот ќе се реализира во Сплит, Р. Хрватска од 9 до 11 ноември 2016.

СОУ „Ѓошо Викентиев“ ќе презентира сопствени изработки на картинг и лего роботи во Германија

Средното Општинско Училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани во рамките на проектот финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (преку Програмата Доживотно учење) ќе презентира сопствени изработки на картинг и лего роботи во Германија.