Образованието оди напред, ние го следиме.

 

tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

Јавен повик за надворешни експерти за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) е јавна институција формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од Еразмус+ програмата во Република Македонија.

Еразмус+ 2014-2020 е европска програма за поддршка на образованието, обуките, младите и спортот во Европа. Со буџет од 14,7 милијарди евра дава можности за над 4 милиони жители на Европа да студираат, да се обучуваат, да стекнуваат искуства и да волонтираат во странство. Еразмус+ се темели исклучиво на претпоставката дека вложувањето во образованието и во обуката се клучни за развивање на потенцијалите независно од возраста или искуството. Еразмус+ има за цел подигнување на квалитетот и важноста на квалификациите и вештините и им нуди можности на широк спектар на организации и поединци.

Повеќе...

Учество на Годишната директорска конференција на Национални агенции во Брисел

Вторник, 19 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, заедно со вработените: Лулеса Илјази, Снежана Симоновска, Љупка Ќурчиева, Александар Богојевски и Милена Петрушевска присуствуваа на Годишната директорска конференција на Национални агенции, што се одржа од 12 до 15 јуни 2018 година, во Брисел.

За време на настанот се одржуваа и паралелни сесии по одделни полиња од Еразмус+ програмата: училишно образование, стручно образование и обука, високо образование, образование за возрасни, млади и спорт и меѓународна димензија на високо образование. 

Повеќе...

Презентација за програмата Еразмус +

Четврток, 14 јуни 2018 година

Денеска во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа информативна средба со вработени од ООУ „Владо Тасевски“.

На средбата присуствуваа 16 лица од ООУ „Владо Тасевски“, кои беа заинтересирани како, и на кој начин, да аплицираат за да бидат дел од програмата Еразмус +.

Повеќе...

Учество на работилница за професионален развој на еТвининг амбасадори во Белград

Понеделник, 18 јуни 2018 година

Во периодот од 4 до 6 јуни 2018 година во Белград, Србија се одржа меѓународна работилница за професионален развој на еТвининг амбасадори, со цел да се обезбеди широк спектар на знаења и да ги поттикне амбасадорите да ги извршуваат своите задачи на подобар и поефикасен начин.

Како претставници од нашата земја активно учество во работилницата  зедоа Весна Кушевска и Кристина Цонкинска, македонски амбасадори на еТвининг и Мила Протугер Анастасова  од Националната агенција.

Како еТвининг амбасадори  имавме можност да се поврземе со своите колеги од различни земји, да ја подобриме соработката, да споделиме добри практики и да развиеме идеи кои подоцна ќе ги имплементираме во нашата  работа со учениците.

Повеќе...

Учество на Националната агенција за европски образовни програми на Европската лабораторија за идеи во Љубљана

Четврток, 14 јуни 2018 година

Во предвидените активности на прокетот „ААА“ – Свесни и активни, имплементиран од 6 Национални агенции, во насока на подигање на свеста за мигрантите, барателите на азил и бегалци, Националната агенција за европски образовни програми учествуваше на Европската лабораторија за идеи во Љубљана.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за семинар во Сплит, Хрватска

Тема: Connecting Higher Education Institutions and Business Community: Increasing the Quality of Erasmus+ Traineeships - Поврзување на високообразовните институции и бизнис заедницата: Зголемување на квалитетот на Еразмус+ обуките

Целта на тренингот:

Обуките можат да бидат важен чекор во преминот од образовниот  во професионалниот живот. Како што  работното искуство е високо ценето од страна на работодавците,така и  раното искуство на пазарот на труд може да биде корисно во процесот на премин од дипломирање во стапување во работен однос. На семинарот ќе учествуваат повеќе меѓународни експерти кои ќе говорат на  следниве теми:

Повеќе...

Презентација на Еразмус+ и придружните мрежи во ОУПУ „Маца Овчаровска“

Понеделник, 11 јуни 2018 година

Одржани презентации во ОУПУ „Маца Овчаровска“

На 8 јуни се одржаа презентации за европските образовни мрежи и Еразмус + програмата во ОУПУ „Маца Овчаровска“, во Велес, од страна на вработени лица на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на кои присуствуваа директорката, наставници и стручна служба од училиштето.

Повеќе...

Учество на Националната агенција на меѓународен настан за претприемачко образование

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/Budapest/IMG_20180604_161039.jpgПонеделник 11 јуни 2018

Националната агенција за европски образовни програми учествуваше на тркалезната маса за претприемачко образование што на 4 јуни 2018 беше организирана во Будимпешта од страна на Junior Achievement Europe и Entrepreneurship Education Hub. Настанот беше потпомогнат од Министерството за технологија и иновации на Република Унгарија.

Целта на настанот беше низ отворена дебата да се извлечат заклучоци за имплементација на претприемачкото учење на националните нивоа, како да се овозможи подобра синергија на националните системи на меѓународно ниво и како EE-HUB и ЈА Europe може да придонесат во процесите на развој на политиките за претприемачко образование. 

Повеќе...

Евридика извештај: Време на настава во редовното задолжителнo општо образование во учебната 2017/2018 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/Instruction Time 2017-18 - Cover - Copy.jpgДали знаевте дека алоцираното време за настава за одреден предмет и дисциплина може да го зголеми интересот на учениците за тој предмет, и како последица, да влијае и на нивните перформанси.

Не само квалитетот на наставата туку и времето што е достапно за настава и учење може да има позитивен ефект на процесот на учење на учениците, и особено, на учениците со помали можности.

Овој Извештај за време на настава го анализира препорачаното минимално време за настава во редовното задолжително општо образование во 43 европски образовни системи за учебната 2017/2018 година. Особено внимание е посветено на читање, пишување и литература, математика, природни науки и општествени науки.

 

Повеќе...

Учество на Националната Агенција на настан Унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sicilija/IMG-4071ce5a3e8c2572924ea30b44fe6ac0-V.jpgЧетврток, 7 јуни 2018 година

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност учествуваа на работилница на тема „Унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина“ - (Законска регулатива на БЗР во Република Македонија), која се одржа од 30 мај до 4 јуни 2018 година, на Сицилија.

Фокусот на работилницата беше запознавање со законските барања за безбедност и здравје при работа, потоа на превенцијата и управувањето со ризикот и поттикнување на сите чинители активно да се вклучат во намалувањето на ризиците (работодавачи, раководители, работници и нивните претставници) да работат заедно за да ги намалат ризиците, односно целта е подигање на свеста за култура на безбедно работење на сите вработени во институциите.

Повеќе...

Меѓународна конференција на партнерски средни училишта од регионот

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sugsvt/34471776.jpgЧетврток, 7 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Првата меѓународна конференција на средни училишта од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Албанија на тема „Конференција за градење на искуство со проекти за подобрување на механизмите за подобро практично образование во регионот“, што се одржа на 5 јуни 2018 година, во СУГС „Владо Тасевски“.

Конференцијата ја организира СУГС „Владо Тасевски“, Скопје, во соработка со развојниот центар АКЕТ од Трикала, Грција, Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и СТЕМИЦ.

Повеќе...