tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Одржан „Хакатон Скопје 2019“

Понеделник, 30 септември 2019 година

Од 17 до 20 септември 2019 година во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше домаќин на првиот Хакатон настан, како дел од Стратегиското партнерство Млади на работа.

Темата на настанот беше Младинска работа за вработување и претприемништво: поддршка на младите луѓе да ги препознаат претприемничките и дигиталните компетенции развиени преку активности за младинска работа.

 

 

Повеќе...

Учество на 62. состанок на мрежата Евридика

Понеделник, 30 септември 2019 година

На 23 и 24 септември 2019 година во Брисел, Белгија, во организација на Генерален директорат за образование и култура се одржа 62. состанок на мрежата Евридика, која врши истражувања и објавува извештаи за различни теми од образовните политики. 

На состанокот присуствуваше Милена Петрушевска, одговорно лице за мрежата Евридика. 

Повеќе...

Учество на вториот европски образовен самит

Понеделник, 30 септември 2019 година

На 26 септември 2019 година, во Брисел, Белгија, беше одржан вториот европски образовен самит на кој учествуваа речиси 800 претставници од цела Европа.

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ца Милена Петрушевска и г-ѓа Деспина Србиновска-Шандуловска зедоа активно учество на настанот.

Повеќе...

Десетмесечна мобилност за првиот студент со посебни потреби

Четврток, 26 септември 2019 година

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 25 септември, присустваа во Универзитет во Тетово, каде и официјално го испратија на 10-месечна мобилност првиот студент со посебни потреби од Република Северна Македонија.

Преку ЕРАЗМУС+ програмата, студентот Гадаф Мемеди, студиите ќе ги продолжи во Philipps – Universtat Marburg, во времетраење од 10 месеци.

Повеќе...

Потпишан стратегиски договор за соработка

Четврток, 26 септември 2019 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и директорот на Португалската национална агенција за Еразмус+ и YiA, г. Луиш Алвеш, денеска, во просториите на Националната агенција потпишаа стратегиски договор за соработка меѓу Португалската национална агенција за Еразмус+ и YiA и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Повеќе...

Одржано тестирање на новата Европас платформа

Среда 25 септември 2019 година

Претставничката на Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска Петрески, на 25 септември, одржа тестирање на новата Европас платформа во АСУЦ Боро Петрушевски Скопје.

Повеќе...

Работна посета на Националната агенција во Малта

Вторник, 24 септември 2019 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, г-ца Драгица Ивановска и г-ѓа Мартина Најдоски, од 3 до 4 септември, беа во работна посета на Националната агенција во Малта.

 

Повеќе...

Присуство на свечена церемонија по повод почеток на академската година

Вторник, 24 септември 2019 година

Претставници од Националната агенција присуствуваа на свечената церемонија, по повод почеток на академската година, која се одржа на 23 септември, во хотел Александар Палас - Скопје, на покана од ректорот, проф. д-р Марјан Бојаџиев, од Американ колеџ - Скопје.               

На свечената церемонија свои говори одржаа ректорот од Универзитетот Американ колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев, претставникот од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, г. Ерик Елиот, претставникот од Националната агенција, м-р Александар Богојевски и алумни студентот од Американ колеџ – Скопје, Иван Зографски.        

Повеќе...

Реализирани две задолжителни обуки „On arrival” & „Mid-term evaluation”

Вторник, 24 септември 2019 година

Во период од 17 до 20 септември, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше две задолжителни обуки, кои се одржаа во просториите на Националната агенција во Скопје.

Обуките беа наменети за волонтерите кои извршуваат активност во Република Северна Македонија финансирани од програмата Еразмус плус и Европски солидарен корпус.

Повеќе...

Работна посета на Националната агенција за Еразмус+ во Варшава

Вторник, 24 септември 2019 година

Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г.  Александар Богојевски, г-ѓа Ана Михајлов и г. Астрит Реџепи, од 3 до 5 септември, беа во работна посета во Националната агенција за Еразмус+ во Варшава, Полскаhttps://erasmusplus.org.pl/ . 

Повеќе...