Образованието оди напред, ние го следиме.

 

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

ТАС Настан: МЛАДИНСКИ СОВЕТИ – ЛОКАЛНА И ИНТЕРНАЦИОНАЛНА РЕАЛНОСТ

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2018/tca-warsaw18.jpgСЕМИНАР

9-13 АПРИЛ 2018 | КОНСТАНЦИН – ЈЕРЦИОРНА (ВАРШАВА), ПОЛСКА

Овој серминар има за цел да ја констатира реалноста на Младинските совети кои функционираат во различни земји како и да се истражи можноста за идна меѓусебна соработка.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА СЕМИНАРОТ СЕ:

  • Да се истражи реалноста на работата кај младинските совети во различни земји;
  • Да се истражат различни видови на младинско вклучување во процесите за донесување на одлуки, во рамките на младинските совети;
  • Презентација на добри практики;
  • Вмрежување на младинските совети кои ќе земат учество, да се истражат можностите за идна соработка.

Повеќе...

Известување за универзитетите носители на еразмус универзитетски повелби

Почитувани носители на еразмус универзитетски повелби,

Согласно повикот со краен рок за аплицирање 01.02.2018 за пограмата Еразмус+ во делот на високообразование ICM – KA107 (мобилности помеѓу програмски и партнерски држави) при пополнување на електронските апликациски формулари пријавени и утрдени се аномалии од технички карактер.

Техничките аномалии во апликациските формулари се поврзани со погрешни буџетските пресметки каде се наведуваат поголем број на мобилности во различни држави во една апликација. Доколку апликантот премногу брзо избере различни држави од различни региони/енвелопи во тој случај голема е веројатноста да не се појават буџети, пресметките на буџетите да бидат погрешни или пак називите на државите да бидат различни од тие што ги имате селектирано.

Повеќе...

Известување за промена на краен рок за аплицирање за КА103, КА108 и КА107 апликации

Известување за промена на краен рок за аплицирање за КА103, КА108 и КА107 апликации.

Ги информираме сите апликанти дека поради технички проблеми со електронскиот систем за аплицирање Европската Комисија испрати известување со кое се прологнира крајниот рок за поднесување на апликации за КА103, КА108 и КА107 за дополнителни 24 часа.

Новиот краен рок за поднесување на апликации е 2 февруари 2018 до 12.00 ч по локално време во Брисел (Средно-европско време).

Повеќе...

Известување за апликациските формулари за роковите за аплицирање во 2018 година

Националната агенција ги потсетува потенцијалните апликанти на програмата Еразмус+ за децентрализираните акции дека датумот за првиот рок за аплицирање за акциите KA105, KA205 и KA347 во 2018 година, се поместува за 15 февруари 2018 г, 12:00 часот (пладне) Средно-европско време.

Аплицирањето за акциите

  • KA108 -Акредитација на конзорциуми на високообразовни институции
  • KA110 -Акредитации на младински организации
  • KA103 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети
  • KA107 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети помеѓу програмски и партнерски земји на програмата Еразмус+
  • KA105 - Мобилност на младите
  • KA205 - Стратешки партнерства во областа на младите
  • KA347 - Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите

ќе се врши преку пополнување на онлајн веб формулари кои што се достапни на соодветната Веб страница на Европската комисија.

Повеќе...

Повик за аплицирање за учество на првата ЕТС конференција

ПРВА ЕТС КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕМИНАР / КОНФЕРЕНЦИЈА, 26-28 МАРТ 2018 | МАЈНЦ, ГЕРМАНИЈА

Првата ЕТС конференција ќе се фокусира на споделување, истражување и дискутирање на идеи и стратегии за подобро градење на капацитетите и развој на квалитетот во рамките на младинската работа преку зголемено образование и обука на младинските работници.

 Истата можеби се однесува на вас доколку ги исполнувате следниве услови:

- сте вклучени во образование и обука на млади работници,

- сте заинтересирани да придонесете за понатамошен развој на квалитетна младинска работа,

- сте заинтересирани за стратегии за образование и обука и дискутирање за нив во европско-меѓународно опкружување,

- можеби ќе имате добар пример за пракса да ја споделите која е поврзана со образованието и обуката на младинските работници.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за избор на Амбасадори/ки на акцијата еТвининг

Врз основа на Решение  бр.20-109/2  донесено на 23.01.2018 од Директорката, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за избор на Амбасадори/ки на акцијата еТвининг. Во согласност со работната програма за 2017-18г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено селекција на 10 нови еТвининг амбасадори/ки во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на акцијата еТвининг како составен дел на програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Главна обврска на еТвининг амбасадорите/ките ќе биде активно да соработуваат со Националната агенција во процесот на промоција на еТвининг акцијата во Република Македонија, во зголемувањето на членството во еТвининг на национално ниво, во зголемувањето на бројот на еТвининг проекти и подобрување на нивниот квалитет, во зголемување на присутноста на настаните организирани од страна на Националната Агенција и еТвининг мрежата во Р.Македонија.

Повеќе...

Јавен повик за избор на организација активна во полето работа со мигранти, бегaлци и баратели на азил за логистичка поддршка на проект ААА

tl_files/docs/eplus/2018/Youth/logo_aaa.jpgВрз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на проектот ААА, како и решението бр.27-70/2  од 16.01.2018 донесено од Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за избор на организацијаактивна во полето работа со мигранти, бегaлци и баратели на азил за логистичка поддршка на проект ААА.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е јавна установа формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Македонија.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за Еуродеск информативни центри во Република Македонија

tl_files/docs/eplus/2018/Eurodesk/QRkYzPBh.pngВрз основа на Решение  бр. 27-11/2 од 04.01.2018г. донесено од Директорката,  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за Еуродеск информативни центри во Република Македонија за 2018 година.

Еуродеск е бесплатен сервис за пласирање и дисеминација на информации, кои се достапни преку платформи за информирање и има за цел на младите луѓе и оние кои работат со нив да им обезбеди информации за можностите и мобилноста од Европските програми.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Стокхолм, Кралство Шведска

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/rse_stockholm_modern_t800.jpgТема на контакт семинарот: Квалитетот на претшколското образование и грижа (Quality in Early Childhood Education and Care)

Цел:

Квалитетот на претшколското образование и грижа е еден од главните приоритети во акциите за стратешки партнерства од Еразмус+ програмата. Контакт семинарот и работилницата има за цел да произведе нови идеи и предлози за проекти за стратешки партнерства во полето на училишно образование. За време на дводневниот семинар, учесниците ќе имаат можност да се запознаат, научат нови вештини, да разменат идеи и практики од европските колеги и да воспостават партнерства.

Контакт семинарот ќе се реализира во Стокхолм, Кралство Шведска од 1 до 2 февруари 2018.

Повеќе...

ТАС Настан: UPS & DOWNS – ПОДДРШКА НА ЕМОТИВНА БЛАГОСОСТОЈБА КАЈ ЕВС ВОЛОНТЕРИ

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/tallinneena.jpgТренинг курс

18-23 март 2018 | Естонија

Тренингот ќе ги насочи учесниците кон подобар квалитет во поддршка на емоционалната благосостојба на ЕВС волонтерите и разбирање на полето на менталното здравје и нејзиното значење за сите.

Европската Волонетрска Служба (ЕВС) е искуство за збогатување, помагајќи им на младите да ги развијат своите лични квалитети и да им овозможат да го променат својот живот.

Од друга страна, ЕВС може да биде многу предизвикувачко искуство, вклучувајќи ги и тешките денови, непријатност и стресови, што може да резултира со психолошки потешкотии.

Со цел да ги поддржиме волонтерите во нивниот личен развој, забележуваме дека постои потреба од основите на менталното здравје и градењето на капацитетите за поддршка на волонтерите во нивната емоционална благосостојба.

Повеќе...