tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Повик за пријавување на учесници за Инфо ден за новата програма „Европски солидарен корпус“

На 16 април 2019 година, од 12.00 до 15.00 часот,во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,ќе се одржи прв инфо ден за програмата „Европски солидарен корпус“ на Европската комисија.

Целна овој настан е информирање на сите заинтересирани потенцијални корисници за можностите кои се отвораат преку програмата „Европски солидарен корпус“. Исто така, присутните детално да бидат запознаени со т.н Волонтерски активности и Солидарни проекти кои ќе бидат достапни и отворени за аплицирање во НА. Истовремено, вработени од НА детално ќе го презентираат начинот на аплицирање,критериумите за користење на програмата,кои сè потенцијални апликанти и корисници можат да аплицираат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Повеќе...

Повик на Извешната агенција за Пилот шема за ВЕТ мобилности

Пилот шема за мобилност во стручното образование и обука

Повик EAC/S34/2018 и Corrigendum на повикот

Reference: EAC/S34/2018

Објавено на: 27/02/2019

Краен рок: 14.05.2019 12:00

Позадина:

Европската комисија започна нова возбудлива иницијатива која ќе им овозможи на институциите за стручно образование и обука (ВЕТ) во ЕУ да воспостават програми за размена за ученици и за вработени со институциите во Западен Балкан, Турција и Африка.

Покрај мобилноста на учениците и вработените меѓу институциите, овие партнерства за мобилност, исто така, ќе споделуваат добри практики во нивните земји и региони и ќе создаваат мрежи и партнерства за размена.

 

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ Амбасадори

Врз основа на Решение бр. 25-530/2 од 09.04.2019 година за ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ Амбасадори

и тоа:

  • 1 ЕПАЛЕ Амбасадор за Западна Република Северна Македонија (НУТС Региони: полошки, југозападен, пелагониски и вардарски),
  • 1 ЕПАЛЕ Амбасадор за Источна Република Северна Македонија (НУТС Региони: североисточен, источен, југоисточен).

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија работи во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ЕПАЛЕ НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП.  Во првите години на спроведувањето на ЕПАЛЕ, наша цел ќе биде да привлечеме што е можно поголем број возрасни во образовните процеси, со тоа што ќе ја направиме ЕПАЛЕ повидлива за различни целни групи во образованието за возрасните и стручното образование и обука.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

Врз основа на Решение бр. 25-529/2 од 09.04.2019 година за ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП)  на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ.

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија работи во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ЕПАЛЕ НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП.  Во првите години на спроведувањето на ЕПАЛЕ, наша цел ќе биде да привлечеме што е можно поголем број возрасни во образовните процеси, со тоа што ќе ја направиме ЕПАЛЕ повидлива за различни целни групи во образованието за возрасните и стручното образование и обука. 

Повеќе...

ПРВА МЕЃУНАРОДНА ЕРАЗМУС+ НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Вторник, 9 април 2019 година

На покана на Факултетот за бизнис и економија и Институтот за бизнис и економија, на 8 април, претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски, г-ѓа Ана Михајлов и г-ѓа Данче Чаловска, присуствуваа на Првата меѓународна Еразмус+ недела, која се организира во просториите на Факултетот за бизнис и економија.

На настанот земаа учество ректори, декани, професори, еразмус-координатори, студенти од државата и од други држави, учесници во Еразмус+ програмата.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕРАЗМУС +, ЕТВИНИНГ И EВРОПАС

Вторник, 9 април 2019 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Мила Протугер Анастасова и г-ѓа Анабела Насковска Петрески, на 8 април,  во основното училиште „Наум Охридски”, во с. Црешево, одржаа работна средба за клучните акции на Еразмус+програмата, а воедно и за мрежите еТвининг и Еуропас.

Целта на одржување на работната средба беше запознавање на наставниците со клучните акции на програмата Еразмус+, како и за можностите што ги нудат мрежите еТвининг и Европас, за наставниците и за учениците.

На работната средба присуствуваа 23 претставници од училиштето.  

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“

Вторник, 19 март 2019 година

На ден 21 февруари, во просториите на универзитетот „Визион“ во Гостивар се одржа работилница насочена кон пополнување на апликации, конкретни информации и советување на потенцијалните апликанти заинтересирани за Клучна акција 2, училишно образование.

За време на работилницата, беа разгледани апликациските формулари кои се однесуваат на аплицирање за размена на добри пракси, или, пак, поддршка на иновации – КА201, како и апликацискиот формулар кој се однесува на размени во училишно образование – КА229.

На присутните заинтересирани странки им беа доделени специјализирани водичи за училишно образование, со детални објаснувања и насоки кон оваа област.

Повеќе...

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА

Вторник, 19 март 2019 година

На ден 22 февруари, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа работен состанок на тема инклузија, на кој присуствуваа организации од невладиниот сектор кои работат во области на социјална заштита и можат да придонесат кон дискусии и дебати во врска со инклузијата.

Од страна на вработените во Националната агенција, на состанокот присуствуваа Деспина С. Шандуловска, Лулеса Илјази и Гоце Величковски.

Имено, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се учесници во работни групи за инклузија на европско ниво, Генерален директорат за образование и култура.

Повеќе...

ОДРЖАН СОСТАНОК НА ХОРИЗОНТАЛНА РАБОТНА ГРУПА НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА ВО БРИСЕЛ

Вторник, 19 март 2019 година

На 6 март, во Брисел, се одржа состанок на хоризонтална работна група на тема инклузија.

Имено, членови на работната група се претставници од Европската комисија, програмски работници од повеќе европски Национални агенции, како и „SALTO Inclusion and Diversityкако и „European Solidarity Corps Resource Centre”.

Претставник од македонската Национална агенција е одбран за член во оваа работна група (Деспина Србиновска Шандуловска).

Повеќе...

КАМП НА ИНОВАЦИИ - НАТПРЕВАР НА СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Колекеска Маја, учествуваше во жири комисијата на натпревар за средношколци за претприемнички вештини, што се одржа на 27 март 2019, во Делчево.

На натпреварот учествуваа 100 ученици од 21 среднo училиштe од територијата на целата држава поделени во 20 тима од по 5 ученици, каде со помош на 12 бизнис волонтери работеа интензивно на поставен предизвик.

Повеќе...