Архива на новости

Ноември 2013

Инфо-ден во општина Кавадарци

Почитувани,

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност има чест да Ве покани на инфо-ден за презентација на своите активности во кои што и Вие имате шанса да се вклучите.


Инфо-денот ќе се одржи на 28 ноември (четврток) во собраниската сала на Општина Кавадарци со почеток во 12:00 часот.

 

tl_files/images/1472072_234802576687689_788886209_n.jpg

Повеќе...

Инфо-ден во општина Кочани

Почитувани,

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност има чест да Ве покани на инфо-ден за презентација на своите активности во кои што и Вие имате шанса да се вклучите.


Инфо-денот ќе се одржи на 26 ноември (вторник) во салата на Советот на Општина Кочани со почеток во 12:00 часот.

 

tl_files/images/1468508_233703573464256_455406292_n.jpg

Повеќе...

Состанок со високи претставници од ЕК - 21.11.2013, простории на Националната агенција

Во просториите на Националната агенција се одржа состанок со високи претставници на Европската комисија, на кој се дискутираа практични аспекти за целосно вклучување на Република Македонија во новата програма Еразмус+.

Повеќе...

Инфо-ден во општина Охрид

Почитувани,

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност има чест да Ве покани на инфо-ден за презентација на своите активности во кои што и Вие имате шанса да се вклучите.


Инфо-денот ќе се одржи на 22 ноември (петок) во голема сала на општина Охрид со почеток во 12:00 часот.

Повеќе...

Одобрен е Еразмус Плус!

Одобрена регулативата за Програмата Еразмус Плус од страна на Европскиот Парламент!

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со огромно задоволство Ве информира дека Регулативата за Програмата Еразмус плус е одобрена од страна на Европскиот Парламент. Ова претставува чекор поблиску до усвојување од страна на Советот на Европа кое се очекува во месец декември.

 

Повеќе...

Инфо-ден на Економски факултет во Скопје!

Почитувани,

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност има чест да Ве покани на инфо-ден за презентација на своите активности во кои што и Вие имате шанса да се вклучите.

Инфо-денот ќе се одржи на 21 ноември (четврток) во амфитеатар 2 на Економскиот факултет во Скопје со почеток во 11:30 часот.

Повеќе...

Македонски студенти ќе можат да студираат во ЕУ во рамки на Еразмус Плус

tl_files/docs/images/DD_c.JPGИзвор: Македонска информативна агенција

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, на состанокот во Брисел,

директорот и претставниците на македонската Национална агенција дискутираа за
претстојната програма “Еразмус плус 2014-2020” која ги наследи досегашните програми
“Доживотно учење” и “Млади во акција” на Унијата, во кои Македонија исто така беше
вклучена.
Директорот на Националната програма одржа состаноци со одговорните претставници на
Директоратот за образование и култура, на кои се дискутираа задачите кои треба да се
завршат на национално ниво во однос на македонското вклучување во новата програма. Во
таа насока, идната недела во Македонија ќе пристигнат претставници на Директоратот за
образование на Еврокомисијата за да учествуваат на Меѓународната конференција за
образование на наставници што ќе се одржи во Охрид.

Повеќе...

Саем на франкофонски студии - Скопје, Дом на АРМ - 08 ноември 2013

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност учествуваа на Саемот на студии во Франција кој е во организација на Францускиот институт во Скопје и одделот за високо образование Кампус Франс кој се одржува денеска (8 ноември) во Домот на АРМ во Скопје. Националната агенција ги претстави европските образовни програми со кои што управува на децентрализирано ниво.

Повеќе...

Инфо-ден на Националната агенција - Скопје, СРЦ Борис Трајковски - 07 ноември 2013

На 07 ноември 2013г., во СРЦ Борис Трајковски Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го организираше првиот од серијата инфо-денови за последниот квартал на 2013г. На настанот беа презентирани новата програма за образование, обука, млади и спорт на ЕУ за периодот 2014-2020г. ЕРАЗМУС ПЛУС, и мрежите ЕУРОПАС и ЕВРИДИКА кои што од 2013 година во Република Македонија ги имплементира Националната агенција.

 

Повеќе...