Архива на новости

Декември 2013

Erasmus+ програма во Македонија

Повеќе од 4 милиони млади луѓе, студенти и возрасни ќе добијат искуство и вештини за учење, тренинг или волонтерство во странство преку Erasmus+. Оваа програма ќе поддржи повеќе од 125.000 институции и организации да работат со соработници во други земји за да ги иновираат и модернизираат праксите за учење и младинска работа. 

Повеќе...

Генерална конференција за имплементација на ЕРАЗМУС ПЛУС програмата - 16 декември 2013

На 16 декември 2013 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја организира Генералната конференција за имплементацијата на ЕРАЗМУС ПЛУС програмата (2014-2020г.).

Повеќе...

Европската Комисија ги објави Повикот и Водичот за програмата Еразмус +, новата програма на ЕУ за образование, млади и спорт

Организациите кои сакаат да користат фондови од Еразмус+, новата програма на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, можат да започнат да ги подготвуваат своите апликации за грант почнувајќи од денес. Водичот за програмата Еразмус+, кој обезбедува детални информации за тоа како да се аплицира, е достапен овде. Програмата е отворена за организациите во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Тие можат да аплицираат електронски за фондови од крајот на јануари. Индивидуалци нема да можат да аплицираат за грант дирекно; наместо тоа, треба да ги контактираат нивните универзитети, институции или организации, кои ја подготвуваат апликацијата.

Повеќе...

Инфо-ден во општина Тетово

Почитувани,

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност има чест да Ве покани на инфо-ден за презентација на своите активности во кои што и Вие имате шанса да се вклучите.


Инфо-денот ќе се одржи на 05 декември (четврток) во ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со почеток во 10:00 часот.

 

tl_files/images/web-pokana-DzEEU.JPG

Повеќе...