Архива на новости

Јануари 2014

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

Програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт 2014-2020, предложена од страна на Европската комисија на 23 ноември 2011 (во понатамошниот текст „Програмата“) се уште не е усвоена од Европската законодавна власт. Сепак, Комисијата донесе одлука да го објави овој Повик за предлог проекти со цел да им овозможи на потенцијалните корисници на грантови од Европската унија навремено да ги подготват своите проекти, а со тоа да се обезбеди непречено спроведување на самата програма во иднина.

Повеќе...

Работен состанок на Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров и Министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Спиро Ристовски во однос на Јавниот Повик за програмата ЕРАЗМУС ПЛУС и изјави за медиумите.

Изјава на Директорот на Националната агенција Дарко Димитров

На 16ти декември на Генералната конференција за отпочнување на програмата Еразмус плус во Македонија, Националната агенција го најави повикот за поднесување на предлог проекти кој во текот на денешниот ден беше објавен на веб страната на Националната агенција, на официјалниот фејсбук профил и во дневните весници. 

Повеќе...