Архива на новости

Март 2014

Известување од ЕК користењето на податоците за апликантите од Participant Portal во апликациските формулари

Европската Комисија објави известување со кое што се појаснува кои податоци внесени во Порталот на учесници и апликанти се превземаат автоматски и се појавуваат во апликациските формулари. Следната табела дава преглед паралелно на полињата од Порталот и опис за нивниот статус во апликациските формулари:

Повеќе...

Презентација на Еразмус+ во Р.Ј. Корчагин Скопје -10 март 2014

На ден 10.03.2014 година Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во склоп на своите активности и во соработка со Францускиот Институт Скопје одржа работилница за обука и советување на билингвалните македонско-француски средни училишта за програмата Еразмус+ 2014-2020 во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин од Скопје.

Повеќе...

Обрасци за временски распоред на активности за Клучна акција 1 и Клучна акција 3

На 07 март 2014 година Европската комисија ги објави официјалните верзии на Обрасците за временски распоред на активности за Клучна акција 1 и Клучна акција 3:

Образец за временски распоред на активности што мора да биде приложен кон апликациската форма за Клучна акција 1: Мобилност на млади и младински работници;

Образец за временски распоред на активности што мора да биде приложен кон апликациската форма за Стратешки партнерства;

Образец за временски распоред на активности  што мора да биде приложен кон апликациската форма за Клучна акција3: Структурен дијалог – состаноци помеѓу младите и носителите на одлуки во полето на младите.

Повеќе...

Работилница за Клучна акција 1

Почитувани,

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира работилница за Клучната акција 1 – Мобилност за учење на индивидуи. На работилницата ќе се дискутираат правилата за аплицирање, начинот за аплицирање и како се пополнува апликација.

Работилницата ќе се одржи во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Заинтересираните лица да се пријават на следната електронска пошта info@na.org.mk до 06.03.2014.
Заинтересираните лица по електронска пошта ќе бидат известени за точниот датум и време на одржување на работилницата.

Повеќе...