Архива на новости

Мај 2014

Соопштение за медиуми

Почитувани,

Амбасадорот во Мисијата на Република Македонија во Европската унија,    Д-р. Андреј Лепавцов во име на Република Македонија и г-дин Јан Трушчински, Генерален Директор во Генералниот Директорат за образование и култура на Европската Комисија во име на Европската унија денес го потпишаа Меморандумот за разбирање за учество и имплементација на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС 2014-2020 во Република Македонија. Активно учество во подготовката и реалзацијата на овој процес имаше Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Дарко Димитров, кој воедно присуствуваше на чинот на потпишување на Меморандумот.

Повеќе...

Учество на Директорот на НА, Г-дин Дарко Димитров,на научна конференција на УКИМ Скопје

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и моблиност г-дин Дарко Димитров на 15.05. 2014 година учествуваше на научната конференција „Реформите во воспитно-образовниот систем во Република Македонија“ и даде активен придонес  за нејзината успешна реализација.

Повеќе...

Повик за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука (Vocational Education and Training Mobility Charter) за периодот 2015-2020

Ерасмус + Повелбата за мобилност за стручно образование и обука е наменето за поттикнување на организациите кои веќе имаат докажано квалитет во организирањето на ВЕТ мобилности на ученици и вработени за понатаму да ги развијат нивните меѓународни стратегии овозможувајќи им  да аплицират користејќи поедноставни процедури за аплицирање. Со тоа цели кон поедноставна процедура преку која организацијата испраќач аплицира за грант, организира мобилност за ученици и вработени и ги репортира нивните активности, а истовремено наградува, промовира и развива квалитет во мобилноста.

Повеќе...