Архива на новости

Јуни 2014

Соопштение за медиуми

19.06.2014

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  г. Дарко Димитров  на 19.06 и 20.06.2014г. учествува на Третиот Министерски состанок  на  Западно Балканската платформа за образование и обука кој што се одржува во Брисел организиран од Европската Конисија.

Повеќе...

Соопштение на европската комисија / 13 јуни 2014

Одложување на склучувањето на грант договорите

Еразмус+ 2014 повикот за Клучните акции 1, 2 и 3 стартуваше успешно . Европската комисија и Националните агенции примија голем број на апликации и сме задоволни што гледаме голема потреба од Еразмус+ низ цела Европа.

Сепак, поради бројни технички проблеми некои Национални агенции можеби нема да бидат во ситуација да ги потпишат грант договорите пред почетокот на соодветните Клучни акции.

Во ситуација каде што националните агенции ја финализирале селекцијата за соодветните акции и ги известиле апликантите за резултатите, успешните апликанти можат, зависно од Клучната акција и полето, да започнат со имплементација на активностите, и тоа од:

Повеќе...

Учество на конференцијата LOOK BEYOND

Директорот на Националната агенција, Г-дин Дарко Димитров, учествуваше на конференцијата LOOK BEYOND што се одржа од 10 до 11 јуни 2014 во Конгресниот Центар на Скопски Саем. Конференцијата собра на исто место претставници од: Македонската национална агенција, Младинскиот оддел при Советот на Европа, Европската комисија, Партнерство за млади помеѓу ЕУ и Советот на Европа, Европскиот младински форум, SALTO ресурсни центри, како и млади луѓе од 70 младински организации од Македонија и Европа. Ова е единствен настан во Македонија од ваков тип, кој на едно место ќе собере преку 200 преставници на младинскиот и граѓански сектор од цела Европа, со значајно присуство на Европските институции.

Повеќе...