Архива на новости

Фебруари 2016

eTwinning Book 2015

tl_files/docs/eplus/etwinning2016/etwinningbookcover-190.jpgДеновиве EUROPEAN SCHOOLNET и официјално ја издаде книгата eTwinning Book 2015. Ова последно издание на eTwinning Book, книга која што традиционално се издава секоја година и е тематска, е издадено по повод 10-годишнината на еТвининг. Во неа е опишан напредокот на еТвининг од самиот почеток па до денес и начинот на кој што еТвининг влијаеше врз учениците, наставниците и генерално на образовните системи во Европа.

 

 

 

 

 

Повеќе...

еТвининг вебинар за професорите по француски јазик

tl_files/docs/eplus/etwinning2016/etw-net_620-300.jpgМеѓународната федерација на професори по француски јазик  (FIPF) и францускиот Национален сервис за поддршка за еТвининг  организираат вебинар кој што е отворен за сите професори по француски јазик од целиот свет. Темата на вебинарот ќе биде Вовед во еТвининг и придобивките од него за професорите и учениците. Целна група се сите професори по француски јазик и професорите кои наставата по својот предмет ја изведуваат на француски јазик независно од возрасната група на нивните ученици. Наставниците треба да бидат претходно зачленети во еТвининг на платформата www.etwinning.net.

Повеќе...

Упатство за користење на PARTICIPANT PORTAL

Националната агенција ја објави новата верзија на упатството за користење на платформата PARTICIPANT PORTAL.  Во оваа верзијата на упатството со илустрирано прикази се објаснети постапките за креирање на профилот на организацијата во порталот и регистрација до добивање на PIC број.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ВОДИЧОТ ЗА АПЛИКАНТИ 2016

Следејќи ги иницијативите за кризата за мигрантите најавена од страна на Европската Комисија, Еразмус + програмата ќе има фокус на поддржување на бегалците и другите маргинализирани групи во 2016  година.

Европската Комисија неодамна објави две нови веб-страни за Еразмус + на оваа тема:

Со оглед на горенаведеното, во Програмскиот водич 2016 година поставени се дополнувања кои се однесуваат на социјална кохезија и интеграција на мигрантите и бегалците.

Повеќе...

Пријавување за учество на Работилница за ЕРАЗМУС+ КА2

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во периодот од 16 до 19 февруари 2016 г. организира работилница за КА2 (подакции КА201, КА202, КА204, КА205) од Еразмус+ програмата.

Учесниците на оваа работилница ќе бидат запознаени со постапката на пополнување на апликациските формулари од соодветните подакции на КА2 и ќе имаат можност да постават прашања поврзани со темата на работилницата.

Повеќе...