Архива на новости

Фебруари 2018

Пријавување за работилници за аплицирање во KA2 акцијата

Во пресрет на рокот за поднесување апликации до 21.03.2018, во делот Мобилност на индивидуи во образовни полиња, Ве покануваме на работилница за процесот на аплицирање за проекти од КА2 акција, т.е. Стратешки партнерства.

За време на средбата ќе бидат опфатени теми од технички карактер (поднесување на веб апликација, потребна документација и фазите низ кои поминува апликацијата до одлучување), разгледување на достапните трошоци за финансирање, како и коментари и прашања на темата.

Повеќе...

Известување за универзитетите носители на еразмус универзитетски повелби

Почитувани носители на еразмус универзитетски повелби,

Согласно повикот со краен рок за аплицирање 01.02.2018 за пограмата Еразмус+ во делот на високообразование ICM – KA107 (мобилности помеѓу програмски и партнерски држави) при пополнување на електронските апликациски формулари пријавени и утрдени се аномалии од технички карактер.

Техничките аномалии во апликациските формулари се поврзани со погрешни буџетските пресметки каде се наведуваат поголем број на мобилности во различни држави во една апликација. Доколку апликантот премногу брзо избере различни држави од различни региони/енвелопи во тој случај голема е веројатноста да не се појават буџети, пресметките на буџетите да бидат погрешни или пак називите на државите да бидат различни од тие што ги имате селектирано.

Повеќе...

Известување за промена на краен рок за аплицирање за КА103, КА108 и КА107 апликации

Известување за промена на краен рок за аплицирање за КА103, КА108 и КА107 апликации.

Ги информираме сите апликанти дека поради технички проблеми со електронскиот систем за аплицирање Европската Комисија испрати известување со кое се прологнира крајниот рок за поднесување на апликации за КА103, КА108 и КА107 за дополнителни 24 часа.

Новиот краен рок за поднесување на апликации е 2 февруари 2018 до 12.00 ч по локално време во Брисел (Средно-европско време).

Повеќе...