Архива на новости

Јули 2018

Соопштение до сите младински организации кои имаат тековна ЕВС акредитација

Се повикуваат сите здруженија на граѓани кои имаат валидна ЕВС акредитација  за организација домаќин и организација испраќач на волонтери,  но немаат акредитација за координатор организација да поднесат повторно апликација за акредитација за организација домаќин, организација испраќач и организација координатор за волонтери. 

Согласно правилата на програмата Еразмус + и Водичот за апликанти 2018 година сите потенцијални апликанти за волонтерски проекти во КА1 мора да поседуваат Акредитација за т.н. координатор организација. Освен за тековната Еразмус +програма поседување на валидна акредитација е потребна и за European Solidarity Corp програмата која ќе биде достапна за Македонија во рокот за аплицирање во октомври 2018.     

Повеќе...

Студиска посета на Париз

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/paris/IMG_20180711_103419.jpgВторник, 24 јули 2018 година

Во периодот од 10-14 јули 2018 година се оствари студиска посета на Париз, Франција, со цел да се види како дејствуваат различните институционални нивоа (метрополата, општините и реоните) при дефинирањето на јавните политики со посебен осврт на младинскиот активизам.

Учесници на оваа студиска посета, организирана од страна на Француската национална агенција за спроведување на Еразмус плус програмата, беа избрани лица, млади професионалци, лица вклучени во спроведување на одредени младински шеми, лидери на асоцијации и здруженија и посредници активни во областа на младите.

Покрај директорката на Националната агемнција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, од Македонија учествуваа г. Александар Наумовски, градоначалник на општина Ѓорче Петров и г. Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен кои имаа можност да видат како функционираат младинските совети во париските општини, но и во другите држави од Европа (Норвешка, Исланд, Португалија, Шпанија, Полска, Словенија, Данска, Германија и Франција).

Повеќе...

Доделување на плакети за еТвининг ознака за училишта наградени на ниво на Европа

Четврток, 12 јули 2018 година

Денеска во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Мила Протуѓер Анастасова, од Одделението за еТвининг, им врачи плакети на претставници на 6 училишта од Република Македонија за еТвининг ознака за училиште (eTwinning School Label), што ги добија на ниво на ЕУ, за својот успешен ангажман на еТвининг на ниво на училиште.

ООУ „Лазо Ангеловски“ од Скопје, ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци, ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје, ООУ „Кирил и Методиј“ од Стајковци, „Петар Поп Арсов“ од Скопје и  ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп се шесте училишта од 1212 училишта наградени на ниво на Европа.

Повеќе...

Студиска посета на Националната агенција на Турција

Среда, 11 јули 2018 година

Претставниците на Националната агенција Дејан Златковски, од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи, Лулеса Илјази, раководител на Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади и Милена Петрушевска, од Одделението за буџетска координација, во периодот од 2 до 4 јули 2018 година, престојуваа на студиска посета во Националната агенција на Турција, во Анкара.

Повеќе...

Работен состанок со директорката на Националната агенција на Бугарија

Среда, 11 јули 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, одржа состанок со директорката на Националната агенција на Бугарија, г-ѓа Татиана Калканова.

Состанокот се одржа на 6 јули 2018 година, во просториите на Националната агенција на Бугарија, во Софија, на кој присуствуваа и Лулеса Илјази и Милена Петрушевска.

Повеќе...

Обука за клучната акција 1 – КА101 и платформата еТвининг

Среда, 11 јули 2018 година

На 10 јули 2018 година, на барање на директорката на ООУ „Гоце Делчев“, во Свети Николе, г-ѓа Билјана Мишева, претставнички на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Мартина Најдоска и Драгица Ивановска, од Одделението за мобилност од областа на стручно и училишно образование Мила Протуѓер Анастасова од Одделението за еТвининг, одржаа обука за клучната акција 1- КА101 мобилност на наставен кадар во училишно образование и за платформата еТвининг.

На присутните на обуката им беа објаснети правилата за програмата Еразмус+  од Водичот во делот за клучна акција КА101 Мобилност на наставен кадар во училишно образование, потоа како да се регистрираат во порталот за корисници и како да бараат провајдери.

Повеќе...

Учество на Обука за примарни проверки

Среда, 11 јули 2018 година

На 28 и 29 јуни 2018 година, во Атина, се одржа Обука за примарни проверки како дел од неформалните средби на националните агенции, организирана од Националните агенции на Грција и на Велика Британија, на која присуствуваа Лулеса Илјази и Милена Петрушевска од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Повеќе...

Презентации за Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг во ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје

Четврток, 5 јули 2018 година

На 3 јули, претставничките на Агенцијата за европски програми и мобилност  Анабела Наскоски Петрески од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи, Мила Протугер Анастасова од Одделението за еТвининг и м-р Деспина Србиновска Шандуловска од Одделението за стратешки партнерства од областа на стручно и училишно образование, одржаа презентации за Еразмус + програмата и за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг во ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје.

Повеќе...

Повеќе од 3.500 граѓани ќе се доквалификуваат во странство (изјава на директорката Лидија Димова за Независен весник)

Вкупно 3.500 граѓани годинава ќе заминат на доквалификација надвор од државава преку европската програма „Еразмус плус“. Вклучени ќе бидат во проекти што ќе се реализираат преку таканаречената „Клучна акција 1 - Мобилност за учење на лица“ и „Клучна акција 2 - Стратегиски партнерства за развој на иновации и размена на добри практики“. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност прифати 93 проекти, односно 22,7 отсто од пристигнатите 409 апликации на повикот што беше објавен кон крајот на октомври минатата година. Најголем дел од поднесените апликации, дури 289, биле за мобилност, потоа за стратегиски партнерства, па за структурен дијалог каде што конкурирале за 18 проекти, а одобрени се три. За 2018 година предвидени се 2.701.250 евра за проекти на високообразовни институции и мобилности на студенти и наставен кадар. Агенцијата 77 отсто од средствата ќе ги намени за мобилност на студенти меѓу програмските држави, а 23 отсто за доквалификација на наставници.

Повеќе...

Учество на координативен состанок за повеќе-корисничка годишна програма

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/hin/36308693_1707163352703875_4348561246539218944_n.jpgПеток, 29 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на 28 и 29 јуни, учествуваше на „Координативен состанок за повеќе-корисничка годишна програма“, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

Повеќе...

Учество на работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси

Петок, 29 јуни 2018 година

На 26 јуни, во хотел Мериот Скопје, беше одржан работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси, на кој присуствуваа раководителот за управување со човечки ресурси во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и номиниран член на мрежата.

Повеќе...