Архива на новости

Август 2018

Директорката Димова додели Повелба за мобилност во областа на стручно образование и обука од програмата Еразмус +

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Aug2018/NA-charter-30AUG/40353195_257692911737076_2454299455743066112_n.jpgЧетврток, 30 август 2018 година

 

Денеска, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, директорката Лидија Димова, му додели Повелба за мобилност во областа на стручно образование и обука од програмата Еразмус + на ДУЦОР „Партеније Зографски“ од Скопје.

Повелбата ја прими директорот на училиштето, г. Блаже Митев, а присутни на доделувањето беа претставници на училиштето и координаторката на проектот, г-ѓа Фредерика Тасевска.

 

 

 

Повеќе...

Работна средба на директорката Димова со претставничка на Министерството за култура

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Aug2018/NA-27aug/40143956.jpg

Понеделник, 27 август 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, денеска во просториите на агенцијата имаше работна средба со г-ѓа Билјана Прентоска, одговорно лице во Министерството за култура за програмите на УНЕСКО и Креативна Европа.

На состанокот се разговараше за координација на заеднички настапи во наредната 2019 година, потоа се идентификуваа можните места за соработка, каде програмата ЕРАЗМУС се поклопува со програмата Креативна Европа.

 

 

 

Повеќе...

Учество на директорката Димова на завршна конференција

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Aug2018/skopje23aug/IMG_6640.JPGПеток, 24 август 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на 23 август учествуваше на завршната конференција на проектот Joint Program for Sustainability Leadership” кој е финансиран од страна на Националната агеницја за европски образовни програми и мобилност во клучна акција 2 - Стратешки партнерства во областа на високо образование, што се одржа на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Во своето обраќањe директорката Димова, меѓу другото, истакна  „Европеизацијата на Македонија не започнува со скрининг процесот или со отворањето на поглавјата. Почнува кога ќе имаме вакви производи и кога ќе почнат странски студенти да доаѓаат во Македонија и да студираат тука. Евроинтеграцијата најмногу се чувствува во областа на образованието токму од проекти како што е овој“.

Повеќе...

Онлајн апликациски формулари за трет рок 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го има задоволството да ги информира сите заинтересира институции и потенцијални апликанти дека онлајн апликациските формулари за третиот рок за аплицирање за акциите

∙ KA105 Мобилност на млади
∙ KA125 Волонтерски проекти 
∙ KA205 Стратешки партнерства за млади
∙ KA347 Дијалог помеѓу младите и ностителите на политиките

се објавени на веб страницата на Извршената агенција за образование, култура и аудио-визуелни политики. Сите формулари се достапни на линкот https://webgate.ec.europa.eu/web-eforms/

Крајниот рок за аплицирање за овие акции е 04 октомври 2018 година.

 

Повеќе...