Архива на новости

Септември 2018

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ СЕ ВКЛУЧИ ВО МРЕЖАТА РЕЈ

Петок, 28 септември 2018 година 

Националната агенција за европски образовни програми  и мобилност се вклучи во мрежата РЕЈ, која претставува отворена, растечка и самоуправувачка европска истражувачка мрежа на Националните агенции на Програмата Еразмус +: Млади во акција и нивните истражувачки партнери.

Главната цел на РЕЈ мрежата е да придонесе за подобро разбирање на меѓународната младинска работа и мобилноста за учење на младите, а со тоа и на развојот на политики базирани на докази во областа на младите во Европа, како и на развојот на меѓународната младинска работа и практиката на мобилност во учењето.

Фокусот на истражувањето во рамките на РЕЈ мрежата е анализа базирана врз истражување и следење на Програмата Еразмус +: Млади во акција, вклучувајќи ги сите нејзини клучни активности.

Повеќе...

ЕРАЗМУС + ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД ДЕЛЕГАЦИЈА ОД БОСНА

Четврток, 27 септември 2018 година

На 25 септември, во просториите на КИЦ, претставници на средни стручни училишта, работнички универзитети, здруженија на граѓани и локални власти од повеќе градови во Босна и Херцеговина, кои работат во образованието за возрасни, имаа можност да се запознаат со работата на Националната агенција за европски програми и мобилност и програмите и активностите кои таа ги спроведува.

Подетално беа презентирани правилата и значењето на Еразмус+ програмата, можностите за вклучување на институции од Босна и Херцеговина, како и примери на добри практики на веќе реализирани проекти.

Презентацијата се случуваше во рамките на возвратна студиска посета на претставници на различни институции од образованието за возрасни од Босна и Херцеговина во Република Македонија, во организација на Центарот за доживотно учење од Скопје.

Повеќе...

Пријавување за консултации преку вебинар за аплицирање за КА205 и КА347

Податоците треба да се пополнат најдоцна до 01 октомври 2018 година.

Откако ќе бидат обработни податоците, организациите по е-маил ќе ги добијат сите техничките детали за вклучување во вебинарот кој што ќе се одржи на 01 октомври 2018, 14.30 часот.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ОБУКА НА ДИРЕКТОРИ НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ КОН ПРОМЕНИТЕ ВО РАБОТНИТЕ СРЕДИНИ

Вторник, 25 септември 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г-ѓа Милена Петрушевска, претставничка на агенцијата, од 18 до 20 септември 2018 година, учествуваа на обука за директори на национални агенции за приспособување  кон промените на работните средини.

Обуката се одржа во Малта, во организација на Националната агенција на Малта на која учествуваа околу дваесет агенции од програмските земји.

Повеќе...

ТРКАЛЕЗНА МАСА – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ПОМАЛКУ МОЖНОСТИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/tetovo-dut/41976570.jpgСреда, 19 септември 2018 година

На 18 септември 2018 година, во просториите на Универзитетoт во Тетово, Националната aгенција за eвропски образовни програми и мобилност, организираше тркалезна маса на тема „Зајакнување на соработката на високообразовните институции и невладините организации во зголемување на бројот на мобилност на студенти со посебни потреби и помалку можности“. Присутни на настанот беа претставници на невладини организации кои работат со лица со посебни потреби и помалку можности и претставници на универзитетите кои гравитираат во Полошки регион, Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ДИРЕКТОРКАТА ДИМОВА НА ЕВРОПСКА МЛАДИНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА И НЕФОРМАЛЕН МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК ЗА МЛАДИ ВО ВИЕНА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/vienna/image008.jpgДиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г. Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт во Владата на Република Македонија, од 2 до 4 септември учествуваа на Европска младинска конференција и неформален министерски состанок за млади во Виена.

Во рамките на младинската конференција и неформалниот министерски состанок се разменија многу мислења, контакти, идеи за идни соработки со: министерката за млади, жени и семејства на Австрија, Жулиан Богнер – Штраус, со европскиот комесар за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, потоа со министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовчич, со амбасадорката на Македонија во Австрија, Василка Поповска – Треневска, со претставници од Бугарското министерство за млади и спорт и со претставници од националниот младински совет на Романија

Повеќе...

НА како домаќин на состанок од меѓународниот проекти: Tracer Study of VET Mobility Participants

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/FRDzE/IMG_20180914_140525.jpgНа 14 септември 2018 во Скопје се одржа вториот состанок на проектот Tracer Study of VET Mobility Participants (Студија за следење на учесниците во Еразмус+ мобилностите во полето на стручното образование и обука. Домаќин и организатор на настанот беше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а учествуваа и националните агенции на Полска, Словачка, Чешка, Белгија и Обединетото Кралство. Преку видео конференциска врска во настанот активно учествуваа претставници од Шпанија, Луксембург и Ирска.

Целта на проектот под водство на полската национална агенција е да се процени влијанието на мобилноста/обуките во стручното образование и обука на понатамошниот кариерен и професионален развој на учесниците во тие мобилности, со посебен акцент на Еразмус+ мобилностите на меѓународно ниво.

Повеќе...

Учество на претставници на НА на настан Study in Europe

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/zeneva/20180911_145006.jpgПретставници од Националната Агенција присуствуваа на настан од областа на високообразование (Project Study in Europe) во Женева, Швајцарија поддржан од страна на Националната агенција на Швајцарија и Универзитетите. На истоимениот настан се дебатираше за проектот Study in Europe и Study in Switzerland при што се даде акцент на начиот на промоција на високотообразование во Европа. Националната агенција активно учствува во проектот Study in Europe воедно е носител на истоимениот проект за Република Македонија. 

Повеќе...

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТ НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/youthwiki/40943236.jpgЧетврток, 6 септември 2018 година

Владата на Република Македонија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска му доделија грант на Националниот младински совет на Македонија за реализација на проектот Youth Wiki (Јут Вики), односно т.н. Википедија за млади која содржи 9 поглавја за истражување.

Порталот Јут Вики е креиран во 2015 година, во рамките на Еразмус+, како дел од пошироката стратегија за млади на ЕУ која претставува рамка за соработка која го покрива периодот 2010-2018.

Целта на Јут Вики е да обезбеди сеопфатни компаративни информации за младинските политики и добри практики кои ќе послужат како основа за цврста политика базирана на докази и ќе ја намалат потребата за ад-хок студии. Информациите се обезбедуваат и годишно се ажурираат од националните соработници, назначени од владите на секоја земја-учесничка.

Повеќе...

ЕПАЛЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Четврток, 6 септември 2018 година

Од 2019 година, Република Македонија за првпат се приклучува на европското семејство на ЕПАЛЕ мрежата.

Националниот сервис за поддршка ќе функционира во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е одговорна за спроведување на активностите на национално ниво.

ЕПАЛЕ е европска платформа наменета за професионалците во образованието за возрасни во Европа. Основана е во 2014 година, од страна на Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, како резултат на предизвиците во областа на образованието за возрасни низ цела Европа, како што се: разновидност на секторот, разлики помеѓу системите за образование за возрасни, ниското ниво на соработка помеѓу земјите, финансирањето итн.

Повеќе...

Европски самит за високо образование, Хелсинки - 30-31 октомври 2018

Британската технолошка компанија UniAgents, со поддршка на релевантните европски институции, организира самит за високо образование во Хелсинки. Самитот ќе се одржи на Аркада Универзитетот во периодот 30-31 октомври 2018.

Повеќе детали за настанот и специјалните попусти за македонските универзитети се дадени во брошурата. Трошоците за учество за претставници на македонските универзитети изнесуваат 1.050,00ЕУР.

Повеќе...