Архива на новости

Октомври 2018

УЧЕСТВО НА СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ ЕРАЗМУС+: МЛАДИ ВО АКЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/vienna/43680946_711298082564309_4129626181978816512_n.jpgСреда, 31 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Лидија Димова, Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и млади и г. Гоце Величковски, раководител  Сектор за координација и реализација на европските програми и мрежи, учествуваа на редовен состанок на мрежата на национални агенции за Еразмус+, Млади во акција, кој се одржа од 23 до 25 октомври 2018 година, во Виена, Австрија.

На почетокот на работниот дел на состанокот воведни обраќања имаа г. Андреас Шнајдер, раководител на Сектор за европска и меѓународна младинска политика во Федералната канцеларија на Австрија и г. Герхард Мосхамер, директор на НА Австрија.

Работниот дел на состанокот започна со презентација на последните случувања во делот за млади во Еразмус+ и во Европски солидарен корпус. Господин Роберт Франче, како претставник на Генералнот директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC),  даде детален осврт кон целокупната состојба во овие два дела со посебен осврт на последниот рок за аплицирање за Еразмус + во делот за млади и првиот рок за Европски солидарен корпус.

Повеќе...

УЧЕСТВО ВО РАДИО ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ И ОБРАЗОВАНИЕ НА МРТ – ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Среда, 31 октомври 2018 година

На 30 октомври, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Астрит Реџепи, учествуваше во Радио програмата за млади и образование при Македоноската радио телевизија – програма на албански јазик.

За време на програмата се презентираа можностите во склоп на ЕРАЗМУС+, како и кој може да аплицира и кога се роковите за аплицирање.

Повеќе...

РЕАЛИЗИРАНИ ДВЕ ОБУКИ ЗА ВОЛОНТЕРИ ОД ПРОГРАМСКИ ДРЖАВИ КОИ ВО МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВААТ НА ПРОЕКТИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/volonteri/44942073_691050757947721_7403098453665906688_n.jpgПонеделник, 29 октомври 2018 година

Од 19 до 22 октомври 2018 година во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше 2 редовни обуки за вкупно 10 волонтери од програмски држави кои се вклучени во волонтерски активности во Македонија преку програмата Еразмус+.

Првата обука по пристигнување на волонтери се одржа од 19 до 21 октомври 2018. На оваа обука учествуваа волонтери кои се на почеток со волонтерски активности и за време на обуката преку различна методологија волонтерите имаа можност да добијат дополнителни информации за програмата Еразмус +; да се запознаат со стуктурата, улогата и одговорностите на сите вклучени страни во проекти за волонтерство; да научат како да решават конфликти; да научат како се подготвува Youthpass сертификат со кој се верификуваат сите стекнати вештини за време на волонтерските активности на секој волонтер.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/montenegro/20181025_113249.jpgПонеделник, 29 октомври 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со своите претставници г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи присуствуваше на семинар/панел дискусија организиран од страна на Академската асоцијација за соработка, а во врска со високото образование во Западен Балкан, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора на 24 и 25 октомври 2018 година.

Претставниците од Националната агенција, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи беа дел од панелистите на истоимената дискусија при што ги споделија своите искуства во врска со програмата Еразмус+ како и по однос на високото образование во регионот.

Повеќе...

Објавен е водичот за Еразмус+ програмата за 2019 година

tl_files/docs/eplus/epdocs/EP-GUIDE/erasmus-plus-programme-guide-2019_en.pdf.pngОвој Водич за програмата Еразмус+ е алатка за секој оној кој би сакал да има темелно познавање на она што е Програмата Еразмус +. Овој документ главно се однесува на оние кои сакаат да бидат:

    • учеснички организации: што значи оние организации, институции, тела кои организираат активности кои што се поддржани од Програмата;
    • учесници: што значи оние поединци (студенти, учесници, учесници, ученици, возрасни ученици, млади луѓе, волонтери или професори, наставници, обучувачи, младински работници, професионалци од областа на образованието, обуката, младите и спортот итн.) кои  што се вклучени во активности организирани од организациите учеснички.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА СОСТАНОК ЗА ВЕШТИНИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/madrid/20181023_174135.jpgПеток, 26 октомври 2018 година

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Љупка Ќуркчиева, вработена во Одделението за стратешки партнерства од областа на високото образование и образование на возрасни и г. Јовица Митевски, вработен во Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог, од 22 до 25 октомври 2018 во Мадрид, Шпанија присуствуваа на состанок за вештини при вработување на младите и презентација на моделите „EntreComp” и „DigComp”.

На состанокот беа разработени предностите за користење на моделите и стратешко планирање на активностите за следење на компетенциите.

Дел од работната агенда, на состанокот, беше наменета за можностите на интеграција на национално ниво, во поглед на користење на компетенциите кои се овозможени од моделите и како истите би имале примена во полињата со кои работи Националната агенција.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/brussels-europass/photo2.jpgПеток, 26 октомври 2018 година

На 26 октомври се одржа Заеднички состанок за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и Европска рамка за квалификација во Брисел, Белгија.

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Aнабела Насковска Петрески, вработена во Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи и г-ѓа Лулеса Илјази,  раководител на Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади присуствуваа на овој состанок.

Повеќе...

Повик за учество Еврогајденс семинар

Место на одржување: Гевгелија

Датум на одржување: 28.11.2018-30.11.2018

Семинарот е наменет за наставници и стручна служба кои работат во Центрите за кариера во средните стручни училишта. Истиот ќе трае два дена.

Целта на одржување на овој семинар е запознавање на можностите и бенефициите за Центрите за кариера,  како и креирање на Водич за кариерно образование.

Апликантите треба да ги исполнуваат следниве услови

-да работи во центар за кариера во средните стручни училишта во следниве градови:

  • Скопје
  • Битола
  • Струмица
  • Штип

-  да има минимум 2 години работно искуство

- да не бил координатор на Еразмус+ Проект

Повеќе...

ОДРЖАН ИНФО ДЕН ВО БИТОЛА И ВО РЕСЕН

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bitola-info/Bitola and Resen 003b.JPGЧетврток, 25 октомври 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на инфо денови, на 24 октомври, одржа презентации во Битола и во Ресен за  програмата Еразмус+ и за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг.

На инфо денот беа присутни претставници на основни и средни училишта (општи и стручни), претставници на универзитети, невладини организации и бизнис секторот, на кои беа објаснети овие европски мрежи и какви бенефиции и можности можат да искористат од истите..

Воведна презентација за Еразмус+ програмата, имаше Мартина Најдоски, од Одделение за мобилности од областа на стручно и училишно образование, со која присутните ги запозна со  можностите и целите кои таа ги нуди во полето на индивидуални мобилности – Клучна акција 101, која опфаќа индивидуални мобилности за вработените во градинките, основните и средните училишта, кои можат да се стекнат со работно искуство во странство преку учество на структуирани курсеви, тренинг настани или набљудување на работно место.

Повеќе...

Инфо работилница за стручно образование и обука во Битола

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bitola-vet/20181024_131751.jpgЧетврток, 25 октомври 2018 година

Во рамките на инфо деновите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на ден 24.10.2018 (среда), одржана беше инфо работилница за стручно образование и обука во Битола.

На настанот учествуваа претставници од голем број на училишта, бизнис секторот, о и други организации од Oпштина Битола.

Воведна презентација за програмата и можностите кои таа ги нуди во полето на образование и обука со акцент на ВЕТ имаше г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на секторот за стратешки партнерства од областа на образование, обука и млади, по што следуваа презентации на добри искуства и практики од проекти, поддржани од програмата Еразмус+, коишто се веќе спроведени или тековно се реализираат.

Своите искуства од учеството во програмата Еразмус+, ги споделија: г-ѓа Нада Христова од среднотo земјоделско училиште „Кузман Шапкарев” - Битола, г-ѓа Татијана Трајковска од среднотo медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи” - Битола и г-ѓа Гордана Јордева од средното стопанско и гимназиско училиште „Таки Даскало” - Битола.

Повеќе...

Учество на директорката Димова во отворената радио емисија на КАНАЛ 77

На 20 октомври 2018 година директорката на Националната агенција, Г-ѓа Лидија Димова,  учествуваше во отворената утринска радио програма СТАДИОН на КАНАЛ77 радио. Заедно со проф. Кирил Барбареев од Универзитетот Гоце Делчев Штип одговараа на прашања од слушателите од целата земја. Директорката ги презентираше на слушателите можностите што се отворени за македонските институции, напредокот што беше направен во тековната година, подобрувањето на транспарентноста и подготовките за следниот циклус од европските образовни програми.

Повеќе...

ПОЧНАА ИНФО ДЕНОВИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/infoden2210/22.10.2018 two events 001.JPGПонеделник, 22 октомври 2018 година

Националната агенција на европски образовни програми и мобилност, во согласност со својата годишна работна програма, ги започна своите инфо денови, при што ќе посети многу општини низ Република Македонија и каде ќе бидат опфатени многу претставници од основни и средни училишта, средни стручни училишта, градинки, потоа универзитети и претставници од НВО секторот. Инфо деновите ќе траат до крајот на оваа година.

Денеска се одржа првиот инфо ден за програмата Еразмус+ и за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг, во хотел Александар 2 во Скопје, на кој присуствуваа 31 претставник од основните и од средните училишта.

Повеќе...

ОДРЖАНА ИНФО РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕРАЗМУС+ ВО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ws2210/22.10.2018 two events 038.JPGПонеделник, 22 октомври 2018 година

Денеска во хотел „Александар 2”, беше одржана инфо работилница за Еразмус+, во стручно образование и обука.

Настанот го отвори г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на секторот за стратегиски партнерства од областа на образование, обука и млади со воведно излагање за можностите кои ги нуди програмата Еразмус+, за корисници од областа на стручно образование и обука, по што следуваа презентации на добри искуства и практики од проекти, поддржани од програмата Еразмус +, коишто тековно се реализираат.

Свои презентации имаа г-ѓа Билјана Пејоска Ристеска од Стопанската комора за туризам на Република Македонија и г. Иван Тороманоски од Стопанската комора на северо-западна Македонија при што со останатите присутни ги споделија: искуствата, резултатите, активностите и особено придобивките од реализацијата на Еразмус+ проектите.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ ВО ОХРИД

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ohrid1910/1.18 008.JPG

Понеделник, 22 октомври 2018 година

На 19 октомври,  претставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески, вработена во Секторот за координација и реализација на европски образовни мрежи, одржа презентации за Еразмус+ (високо образование) и европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ - Охрид и Факултетот за туризам - Охрид.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ВО СКЛОП НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/mkhr/44474650_624173421313128_5582515525457543168_n.jpg

Понеделник, 22 октомври 2018 годдина

Од 19 до 21 октомври, во Охрид, под покровителство на Агенцијата за иселеништво, во склоп на билатералната спогодба потпишана помеѓу Македонија и Хрватска, се одржа Првата конференција за заштита на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Македонија.

Во рамките на конференцијата, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, претставувана од г. Астрит Реџепи, ги презентираше можностите за аплицирање во склоп на програмата ЕРАЗМУС+.

Повеќе...

ОДРЖАН ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА КОРИСНИЦИ ОД ОБЛАСТА УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/voveden/IMG_7969.JPGПеток, 19 октомври 2018 година

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 18 октомври, одржаа воведен состанок за корисници од областа Училишно образование, во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје.

Директорката на Националната агенција, г-ѓа Лидија Димова, во воведното излагање зборуваше за тековните и идните предизвици за корисниците на програмата Еразмус, за улогата на училиштата во евроинтеграција и за зголемување на капацитетите за подобро искористување на програмата Еразмус 2021/2027. Исто така, на учесниците им се обрати и координаторот на програмата,  г. Гоце Величковски, кој ги поздрави и им се заблагодари што се присутни во толкав број. Воедно, тој беше и модератор на настстанот.

За време на воведниот состанок беа презентирани повеќе аспекти од имплементација на одобрените проекти, кои оваа година забележуваат значително зголемување.

Имено, во областа училишно образование - за 2018 година во Клучна акција 2, одобрени се вкупно 66 проекти.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА НЕФОРМАЛЕН СОСТАНОК НА ДИРЕКТОРИ НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/baden/DDzC00367.JPGПеток, 19 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г-ѓа Милена Петрушевска, претставничка на агенцијата, од 15 до 17 октомври 2018 година, учествуваа на неформален состанок на директори на национални агенции за образование и обука

Состанокот се одржа во Баден, Австрија, во организација на Националната агенција на Австрија во рамките на австриското претседателство на Советот на ЕУ.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

Вторник, 16 октомври 2018 година

Претставничките од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески и г-ѓа Мила Протугер Анатасовска, од Секторот за координација и реализација на европски образовни мрежи, на 15 октомври, одржаа презентации за европските образовни мрежи еТвининг, Европас и Еврогајденс  како и вовед во Еразмус + Програмата во салата на Општина Чаир.

На презентацијата присуствуваа директори на основните училишта и градинки на ниво на Општина Чаир, наставници и стручна служба од основите училишта во Општина Чаир, воспитувачки и негувателки од градинките во Општина Чаир, како и вработени од Општина Чаир.

Присутните учесници беа од следниве институции: Општина Чаир, ООУ „Хасан Приштина“, ООУ „Лириа“, ООУ „7-ми Март“, ООУ „Јашар Беј Шкупи“, ОУВ „А.С.Макаренко“, ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Конгреси и Манастир“, ООУ „Никола Вапцаров“, ОУ „Рајко Жинзифов“, ЈОУГД „Фидани“.

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „ЕВРОПСКИ КРЕДИТ ТРАНСФЕР СИСТЕМ ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ПИШУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕ“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ekvet/IMG_7919.JPGСреда, 17 октомври 2018 година

На 16 октомври, во City hall, се одржа Работилница на тема: „Европски кредит трансфер систем во стручното образование и обука и  пишување на резултати од учење“.

ЕКВЕТ е европски инструмент којшто им овозможува на учениците да ги акумулираат, пренесат и користат постигнатите резултати од учење стекнати од формално, неформално или информално образование. Системот се заснова на единици на резултати од учењето кои како дел од квалификациите можат да се оценат и пренесат. Ваквиот систем овозможува мобилност, транспарентност и преносливост на квалификациите стекнати низ различни форми на учење и во различен контекст. 

На настанот учествуваа претставници од повеќе средни училишта од Македонија, кои се запознаа со принципите на ЕКВЕТ системот и преку учество во работилницата за пишување на резултати од учење и критериуми за оценување од повеќе струки, дадоа свој придонес во идната имплементација на овој систем во Македонија.

Повеќе...

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕТВИНИНГ ВО БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bro/44088768_2235043323441959_2484811199766593536_n.jpgСреда, 17 октомври 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Бирото за развој на образованието, на 16 октомври одржа работен состанок за еТвининг патформата во просториите на Бирото за развој на образованието.

На работниот состанок покрај еТвининг координаторката г-ѓа Мила Протугер Анастасова, беа присутни и г-ѓа Гордана Јанакиевска ИКТ советничка при бирото за образование и воедно наша еТвининг соработничка, г-ѓа Олгица Бајалџиева-еТвининг амбасадорка, директорот на БРО, г. Зеќирија Хасипи, заменик-директорот г. Ванчо Петрушевски, како и советници на Бирото за развој на образование  од Охрид, Тетово, Прилеп, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Гостивар, Кочани и Струга.

На присутните, на работниот состанок, им беше презентирана еТвининг платформата од страна на еТвининг координаторката, г-ѓа  Мила Протугер Анастасова, при што беше практично објаснета еТвининг придобивката за наставниците преку примери од страна на нашата еТвининг амбасадорка, г-ѓа  Олгица Бајалџиева (наставничка по билологија).

Повеќе...

УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ НА РАБОТЕН СОСТАНОК ОД ОБЛАСТА НА УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ХАМБУРГ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/hamburg/44088727_187321015494477_501936657331650560_n.jpgСреда, 17 октомври 2018 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, г-ѓа Мартина Најдоски и г-ѓа Маја Колекеска, во периодот од 7 до 10 октомври, учествуваа на  информален работен состанок во Хамбург, Германија, кој беше од областа на Училишно образование.

На состанокот учествуваа околу шеесетина претставници од повеќе Национални агенции, кои во неколку работни групи дадоа препораки и насоки за подобрување на постоечката и идната регулатива на програмата Еразмус+, во делот на Училишно образование, која се очекува да стартува во периодот од 2021 и да се реализира до 2027 година.

Во рамките на овие работни групи, активно беа вклучени и трите претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Настанот беше отворен со презентација на г-ѓа Роса М. Родригез-Изкуердо, професор во одделот за образование на Универзитетот Пабло де Олавиде -Севиља, Шпанија.

Повеќе...

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА „ЕРАЗМУС ДЕН“ СО КРОС ТРКА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/cross/IMG_7646.JPGПеток, 12 октомври 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по повод 31-годишнина од постоење на програмата Еразмус, за првпат се вклучи во одбележувањето на „Еразмус ден“ и по тој повод организира крос-трка, што се одржа денеска на кејот на реката Вардар.

На денешен ден сите Национални агенции на држави-членки на ЕУ плус Македонија, Лихтенштајн, Швајцарија и Норвешка, организираа ваков крос и на тој начин ја одбележаа годишнината на „Еразмус ден“.  

На трката зедоа учество околу 200 ученици од основно и средно образование.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ef/IMG_7524.JPGСреда, 10 октомври 2018 година

Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески и г. Алексндар Голев, од Секторот за координација и реализација на европски образовни мрежи, на 9 октомври, одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Економски факултет - Скопје.

На присутните студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Економски факултет –Скопје, им беа објаснети Европас документите, Еврогајденс целите и активностите, потоа какви сè можности нуди Еразмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за самите студенти.

Повеќе...

ПРИЕМ НА 29 ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/stip/20181005_114313.jpgВторник, 9 октомври 2018 година

По повод прием на 29 Еразмус+ студенти од земјите-членки на Европската унија (Полска, Германија, Италија, Хрватска, Шпанија, Португалија и Бугарија) при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на 5 октомври се одржа свечен настан на кој зедоа присуство двајца претставници од Националната агенција.

На настанот, воведен говор одржа раководителот на Одделението за високо образование при Националната агенција, г. Александар Богојевски.

Повеќе...

ВТОРА ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „МЛАДИНСКАТА РАБОТА ВЛИЈАЕ НА ЕВРОПА“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/lju/20180925_145126.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски и г. Дејан Миланов, учествуваа на Втората европска конференција „Младинската работа влијае на Европа“ како дел од проектот „Да станеме дел од Европа“ предводен од партнерства на Национални агенции.

Во периодот од 24 до 27 септември 2018 година, во Љубљана, Словенија се состанаа претставници од НВО секторот од Европа, Национални агенции и претставници од различни сектори на Европската комисија, кои работеа на финализирање на позициски документ за подобрување на системот за работа со групата на млади мигранти, баратели на азил и бегалци.

На конференцијата беше презентирана работната верзија на документот со препораки до институциите кои се засегнати со овие прашања, а на истата беше направена ревизија на работната верзија со препораки за подобрување на политиките во зависност од националните законодавства.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА СОСТАНОК НА КООРДИНАТОРИ ЗА ЕУРОДЕСК МРЕЖАТА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/riga/44034139855_cf272c37b4_k.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставникот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски, во својство на национален координатор на Евродеск во Македонија, учествуваше на меѓународниот годишен состанок на мрежата на координатори од Европа.

Состанокот се одржа од 18 до 22 септември 2018 година, во Рига, Латвија, на кој се разговараше за подобрување на каталогот за квалитет и негово спроведување на национално ниво, подобрување на соработката со информативните центри, спроведување на кампањата „TIME to MOVE” за 2018 година и имплементирање на активности, како и подобрување на политиките за работа во периодот по завршување на програмата Еразмус+. 

Повеќе...

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА БУГАРИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/sofia/image001.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, г-ѓа Драгица Ивановска и г-ѓа Сандра Митевска од Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади, г-ѓа Мартина Најдоски од Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и млади, г. Алек Гочев, проектен асистент и г. Симеон Милковски од Секторот за финансиски прашања, во периодот од 20 до 21 септември 2018 година, престојуваа во работна посета на Националната агенција на Бугарија – Центар за развој на човечките ресурси, во Софија.

 

 

 

 

Повеќе...

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА МЛАДИНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КРУШЕВО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/krushevo/42965561.jpgПонеделник, 1 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Меѓународна младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на државите од Југоисточна Европа“.

Конференцијата се одржува во хотел Монтана, во Крушево, од 27 септември до 1 октомври, во организација на Младинскиот сојуз од Крушево.

На 30 септември, на последниот ден на конференцијата со сесии, на сесијата    „Улогата на граѓаните за општествена промена на границите", модерирана од г. Петрус Теунис говорници беа г-ѓа Симона Гетева, организатор на заедницата, г. Џон Лутон, меѓународен тренер за лидерство, социјален претприемач, активист за младински права и мотивациски говорник и г-ѓа Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Повеќе...