Архива на новости

Април 2019

Како да аплицирате за програмата Европски солидарен корпус

tl_files/docs/eplus/2019/images/esc-logo-en.pngПрограмата Европскиот солидарен корпус е отворена за кој било јавен или приватен субјект, во држава-учесничка или држава-партнер, без оглед дали е непрофитен или профитен, локален, регионален, национален или меѓународен, кој со своите активности работи на решавање на важни општествен предизвици, во корист на заедницата или општеството како целина. 

Водичот за програмата Европски солидарен корпус се наоѓа на следниот линк: 

 https://ec.europa.eu/youth/sites/youth/files/library/documents/european-solidarity-corps-guide-2019_en.pdf 

Апликантите од Северна Македонија имаат можност за аплицираат во Националната агенција за европски образовни програми (аплицирањето е електронски , за повеќе детали погледнете го Водичот за програмата) во следните 2 рока за аплицирање: 

Повеќе...

ОДРЖАНИ ДВА ИНФО ДЕНА ЗА ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

Петок, 19 април 2019 година

На 16 и 17 април, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржаа 2 инфо настани, со цел потенцијалните корисници да се информираат за новата програма Европски солидарен корпус“ - ЕСК, на Европската комисија.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, ги поздрави присутните и ги запозна со новата програма Европски солидарен корпус, при штово воведниот збор даде преглед на активностите кои Националната агенција ги направи за да биде дел од оваа програма и истата да биде достапна за сите заинтересирани од Македонија што сакаат да бидат дел од неа.

Повеќе...

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК ВО ООУ БРАТСТВО - СКОПЈЕ

Петок, 19 април 2019 година

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска, на 18 април, го посети ООУ Братство - Скопје, с.Г.Нерези, каде одржа работен состанок со директорката на училиштето, г-ѓа Сали Рухие и со дел од наставниот кадар.

Во ООУ Братство Скопје, се образуваат и воспитуваат ученици на македонски и албански јазик, и училиштето е збратимено со ОУ „Јахја Кемал“ - Бурса (Р.Турција).

Повеќе...

ИНФО ДЕН НА МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Четврток, 18 април 2019 година

На покана на Меѓународниот славјански универзитет претставници од Националната агенција присуствуваа на инфо ден за програмата Еразмус+ и проектот Студирај во Европа.

На инфо денот, што се одржа во просториите на Славјанскиот универзитет, во Свети Николе, присуствуваа ректорот на универзитетот, декани, професори, Еразмус координаторот, студенти и административен кадар.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА 15. СОСТАНОК НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ИНОВАЦИИ, ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Четврток, 18 април 2019 година 

УЧЕСТВО НА 15. СОСТАНОК НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ИНОВАЦИИ, ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 

На 11 април 2019 година, во Брисел, се одржа 15. состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. 

Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на состанокот присуствуваше Милена Петрушевска - раководител на Одделението за буџетска координација. 

Повеќе...

СОВРЕМЕНАТА ЖЕНА И ЕУ ФОНДОВИТЕ

Среда, 17 април 2019 година

На Фестивалот на современа жена, кој од 11 до 14 април се одржа во Тузла, учествуваа преку 100 успешни жени од 17 земји, меѓу кои и претставнички на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Жените беа од различни сфери на животот, собрани со единствена цел -засилување на положбата на жената во општеството и создавање посилни врски меѓу нив.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОГАЈДЕНС

Вторник, 16 април 2019 година 

УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОГАЈДЕНС 

Од 9 до 11 април во Букурешт, Романија се одржа работен состанок за европската мрежа Еврогајденс на кој присуствуваше г-ѓа Марија Стефковска, вработена во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На состанокот се дискутираше околу задачите на Еврогајденс центрите во Европа и околу поднесувањето на извештаите до Економската комисија.

Повеќе...

ИНФО ДЕН НА МЕЃУНАРОДЕН БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Понеделник, 15 април 2019 година 

ИНФО ДЕН НА МЕЃУНАРОДЕН БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ               

На 10 април претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г. Дејан Златковски, одржаа презентации за програмата Еразмус+, високо образование, ИКТ практики, Студирај во Европа и Евридика.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОПАС

Понеделник, 15 април 2019 година 

УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОПАС 

Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 10 април учествуваше на работен состанок за европската мрежа Европас во Брисел, Белгија.

Состанокот беше наменет за можности за учење кои би биле дел од новата платформа на Европас следната година. Се работеше во групи со претставници од другите Европас центри од Европа.

Повеќе...

Повик за пријавување на учесници за Инфо ден за новата програма „Европски солидарен корпус“

На 16 април 2019 година, од 12.00 до 15.00 часот,во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,ќе се одржи прв инфо ден за програмата „Европски солидарен корпус“ на Европската комисија.

Целна овој настан е информирање на сите заинтересирани потенцијални корисници за можностите кои се отвораат преку програмата „Европски солидарен корпус“. Исто така, присутните детално да бидат запознаени со т.н Волонтерски активности и Солидарни проекти кои ќе бидат достапни и отворени за аплицирање во НА. Истовремено, вработени од НА детално ќе го презентираат начинот на аплицирање,критериумите за користење на програмата,кои сè потенцијални апликанти и корисници можат да аплицираат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Повеќе...

ПРВА МЕЃУНАРОДНА ЕРАЗМУС+ НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Вторник, 9 април 2019 година

На покана на Факултетот за бизнис и економија и Институтот за бизнис и економија, на 8 април, претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски, г-ѓа Ана Михајлов и г-ѓа Данче Чаловска, присуствуваа на Првата меѓународна Еразмус+ недела, која се организира во просториите на Факултетот за бизнис и економија.

На настанот земаа учество ректори, декани, професори, еразмус-координатори, студенти од државата и од други држави, учесници во Еразмус+ програмата.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕРАЗМУС +, ЕТВИНИНГ И EВРОПАС

Вторник, 9 април 2019 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Мила Протугер Анастасова и г-ѓа Анабела Насковска Петрески, на 8 април,  во основното училиште „Наум Охридски”, во с. Црешево, одржаа работна средба за клучните акции на Еразмус+програмата, а воедно и за мрежите еТвининг и Еуропас.

Целта на одржување на работната средба беше запознавање на наставниците со клучните акции на програмата Еразмус+, како и за можностите што ги нудат мрежите еТвининг и Европас, за наставниците и за учениците.

На работната средба присуствуваа 23 претставници од училиштето.  

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“

Вторник, 19 март 2019 година

На ден 21 февруари, во просториите на универзитетот „Визион“ во Гостивар се одржа работилница насочена кон пополнување на апликации, конкретни информации и советување на потенцијалните апликанти заинтересирани за Клучна акција 2, училишно образование.

За време на работилницата, беа разгледани апликациските формулари кои се однесуваат на аплицирање за размена на добри пракси, или, пак, поддршка на иновации – КА201, како и апликацискиот формулар кој се однесува на размени во училишно образование – КА229.

На присутните заинтересирани странки им беа доделени специјализирани водичи за училишно образование, со детални објаснувања и насоки кон оваа област.

Повеќе...

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА

Вторник, 19 март 2019 година

На ден 22 февруари, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа работен состанок на тема инклузија, на кој присуствуваа организации од невладиниот сектор кои работат во области на социјална заштита и можат да придонесат кон дискусии и дебати во врска со инклузијата.

Од страна на вработените во Националната агенција, на состанокот присуствуваа Деспина С. Шандуловска, Лулеса Илјази и Гоце Величковски.

Имено, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се учесници во работни групи за инклузија на европско ниво, Генерален директорат за образование и култура.

Повеќе...

ОДРЖАН СОСТАНОК НА ХОРИЗОНТАЛНА РАБОТНА ГРУПА НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА ВО БРИСЕЛ

Вторник, 19 март 2019 година

На 6 март, во Брисел, се одржа состанок на хоризонтална работна група на тема инклузија.

Имено, членови на работната група се претставници од Европската комисија, програмски работници од повеќе европски Национални агенции, како и „SALTO Inclusion and Diversityкако и „European Solidarity Corps Resource Centre”.

Претставник од македонската Национална агенција е одбран за член во оваа работна група (Деспина Србиновска Шандуловска).

Повеќе...