Архива на новости

Мај 2019

Презентација за Ерамус+ Програмата и европските образовни мрежи

Петок, 30 мај 2019 година

На 30 мај, во ООУ Марко Цепенков во с. Зелениково, се одржаа Презентации за Еразмус+ Програмата и европските образовни мрежи.

Г-га Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им ги презентираше европските образовни мрежи и Еразмус+ Програмата.

На овие презентации присуствуваа наставниот кадар и стручната служба од ООУ Марко Цепенков.

Повеќе...

Учество на НА на меѓународната конференција од Еразмус+ проектот СПОДЕЛЕНО ПРИЈАТЕЛСТВО

Oд 25 до 27 мај 2019 година, претставниците на Националната агенција Снежана Орловиќ Стојановиќ и Дејан Златковски учествуваа на меѓународната конференција во рамките на проектот Споделено пријателство, финансиран од романската национална агенција, а која што се одржа во романскиот град Бакау. Две македонски училишта, ООУ Методи Митевски Брицо од Општина Лозово и ООУ Тодор Јанев од Општина Чашка беа партнери во проектот во кој што учествуваа шест училишта од Романија, Северна Македонија, Бугарија, Полска и Италија.

Повеќе...

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКОТО УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ - ПОТЕНЦИЈАЛИ И ОГРАНИЧУВАЊА.

Четврток, 23 мај 2019 година

На 23 мај 2019 година во х. Холидеј Ин, се одржа Конференција на тема: Промоција на анализа на македонското учество во Еразмус+ - Потенцијали и Ограничувања.

На Конференцијата се одржа Панел диксусија за научени лекции од досегашното искуство во Еразмус+.

Првиот дел од анализата нуди осврт на рамката на јавни политики во која се спроведуваат проектите од децентрализираните акции на Еразмус плус, а во вториот дел е сместена анализата на податоците од анкетниот прашалник, преку претставување на одговорите добиени за поединечните прашања од корисниците на Еразмус+ проекти.

Еразмус плус, како што се посочува, е највидлива и најпрепознатлива европска програма која директно го поддржува развојот на човечките потенцијали на европско ниво.

Повеќе...

Работилница Еразмус+, високо образование - Филолошки факултет при УКИМ

Четврток, 23 мај 2019 година               

На 21 мај, претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г-ѓа Данче Чаловска, на покана на MakeDOX – фестивал на креативен документарен филм, присуствуваа на работилница на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

На работилницата беше прикажан документарниот филм за Еразмус+ студентски мобилности и студентски пракси реализирани во Европа, а воедно се одржа и работилница со професорите и студентите од Филолошкиот факултет каде беа презентирани можностите што ги нуди програмата Еразмус+.

Повеќе...

ВО БРИСЕЛ ОДРЖАН СОСТАНОК НА ЕВРОПАС МОЖНОСТИ

Четврток, 16 мај 2019 година

На 16.5.2019 година, се одржа состанок за Европас можности за учење во Брисел, Белгија, на кој присуствуваше г-ѓа Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На состанокот се дискутираше на овие три теми:

1. Како да се вметнат можностите за учење во новата платформа на Европас;

2. Учење од национално ниво;

3. Одговарање на прашања.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН АНДРАГОШКИ СИМПОЗИУМ

Четврток, 16 мај 2019 година

Претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Љупка Ќуркчиева и Драгица Ивановска, од 7 до 9 мај, присуствуваа на 7. Меѓународен андрагошки симпозиум, кој се одржа во Биоград на Мору, Хрватска.

Главни теми на симпозиумот беа: Основното образовние на возрасни и Новите можности за возразните.

Учесниците на симпозиумот имаа можност да се запознаат со актуелностите од националната и меѓународната политика за образование на возрасните, како и да стекнат знаење и искуства од наведените области.

Исто така, беа организирани и паралелни работилници на различни теми од областа за образование на возрасни.

Повеќе...

СЕ ОДРЖА ЕВРОГАЈДЕНС КРОС БОРДЕР СЕМИНАР

Среда, 15 мај 2019 година

На 14 и 15 мај во Блед, Словенија, се одржи Еврогајденс Крос бордер семинар на тема Вештини за во иднина.

Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на овој семинар присуствуваше г-ѓа Анабела Насковска, вработена во Еврогајденс центарот.

Семинарот го отворија директорката на Агенцијата за вработување во Словенија, координаторот на Еврогајденс мрежата во Словенија и претставникот на Европската комисија во Словенија кои имаа воведен говор.

Потоа следуваа презентации, па сесии со работилници кои беа интерактивни. Исто така, на овој семинар се споделија и искуства за кариерно советување на сите групи од ученици, наставници до студенти и итн.

Повеќе...

ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Вторник, 14 мај 2019 година

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 13 мај 2019 година, се одржа семинар на тема Интернационализација на стручното образование и обука, на кој свое излагање имаа гостинката од Финската национална агенција, г-ѓа Sari Turunen Zwinger, г-ѓа Мимоза Гицева од АСУЦ Боро Петрушевски, Скопје и г-ѓа Гордана Пецељ од Јосиф Јософовски, Гевгелија.

Семинарот го отвори г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Сектор за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади,која ја презентираше агендата на настанот, а воедно ги презентираше и можностите на институциите за стекнување со Повелба во стручно образование и обука.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, во своето обраќање, на присутните, им ја презентира стратегијата на Европската унија во делот на интернационализација и како понатаму ќе се одвиваат работите за стекнување со ВЕТ чартерот.

Повеќе...

МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПОЛЕТО НА МЛАДИ СТРАТЕГИСКИ ПАРТНЕРСТВА ВО ПОЛЕТО НА МЛАДИ

Понеделник, 13 мај 2019 година

МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПОЛЕТО НА МЛАДИ СТРАТЕГИСКИ ПАРТНЕРСТВА ВО ПОЛЕТО НА МЛАДИ

Од 6 до 9 мај 2019 година во Шорл, Холандија, беше одржан меѓународен состанок помеѓу вработените за Стратегиски партнерства во полето на млади и претставник од Европската комисија во полето на млади.

За време на состанокот беа опфатени теми за подобрување на квалитетот на интелектуалните трудови, подобрување на административни проблеми со програмата, комуникација со корисници, како и следење на дисеминацијата на проектите.

Повеќе...

НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР НА УЧЕНИЧКИ КОМПАНИИ

Петок, 10 мај 2019 година

Денеска, во Трговски центар Веро Џамбо, се одржа Национален натпревар на ученички компании, кој беше поддржан од УСАИД.

Претставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  г-ѓа Анабела Наскова,  присуствуваше на овој натпревар на ученички компании.

Националниот натпревар беше наменет за сите средни стручни училишта од  Република Северна Македонија, кои беа претставени со свои дела и со свои штандови.

На националниот натпревар поздравни обраќања имаа директоторот на Фондот за иновации, г. Јован Деспотовски и претставникот од Junior Achievement Macedonia, кои напоменаа дека младите и претприемништвото се многу значаен фактор во цела Европа, па и кај нас.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ И ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Петок, 10 мај 2019 година  

На 9 мај 1950 година, Роберт Шуман, го презентирал предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на, со војните разурнатиот и поделен, континент.

Во 1985 година, шефовите на земјите од Европската унија, на седницата во Милано, решаваат 9 мај да се слави како Ден на Европа. 

Од тогаш до денес 9 мај го симболизира стремежот кон единство, мир и просперитет во Европа.

Според Жан Моне ако треба одново да ја градиме Европа, треба да почнеме од образованието.

По тој повод Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентации за Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи во ССОУ Моша Пијаде- Тетово.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА САЕМ НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЊУ ДЕЛХИ

Четврток, 9 мај 2019 година

УЧЕСТВО НА САЕМ НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЊУ ДЕЛХИ

Од 2 до 4 мај, на покана на UNI AGENTS INDIA претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи и директорот на ФОН Универзитетот, г. Леон Бакрачески присуствуваа на саем за високо образование во Њу Делхи, Индија.

Повеќе...

Пријавување за Европската недела за стручно образование и обука 2019

Регистрацијата сега е отворена!

Постојат повеќе начини преку кои можете да учествувате на Европската недела за стручно образование и обука 2019 (https://ec.europa.eu/social/vocational-skills-week/) и да бидете дел од заедницата. Тоа вклучува:

• Водење свој настан или активност, или

• Ширење на информација за Европската недела за стручно образование и обука 2019. 

За да го регистрирате вашиот настан или активност, посетете ја страната за регистрација(https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/register-your-VocationalSkillsWeek2019). Откако ќе се одобри вашата регистрација, ќе бидете видливи на веб страната на Европската Комисија.

Ова е одлична можност да ја зголемите видливоста на вашиот настан или активност и вашата работа.

Повеќе...