Архива на новости

Јуни 2019

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА КА103, КА107 И ЗА СТУДИРАЈ ВО ЕВРОПА

Петок, 28 јуни 2019 година 

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржаа две работилници на 26 и 27 јуни, за програмата Еразмус+, високо образование КА103, КА107 и Студирај во Европа.               

На работилниците присуствуваа Еразмус координатори и професори од 22 високообразовни институции од државата.

Пред претставниците од универзитетите беа презентирани правата и обврските за академската 2019/2020 година, согласно програмата Еразмус+ како и согласно договорите што е потребно да се склучат помеѓу Националната агенција и универзитетите.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ЕВРОАЗИСКИ САМИТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Од 16 до 20 јуни 2019 година, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи учествуваа на Евроазиски самит за високо образование.

На самитот учествуваа и претставници од ФОН Универзитетот и Универзитетот ВИЗИОН од Република Северна Македонија, како и универзитети од Русија, Германија, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Швајцарија и др.

Повеќе...

ЕТВИНИНГ НАСТАН - ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ

Петок, 21 јуни 2019 година 

Претставничката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (УКИМ) – Скопје, д-р Анета Наумоска, која првпат учествуваше на настан од ваков тип, заедно со одговорната раководителка на еТвининг во Р. С. Македонија, г-ѓа Мила Протуѓер-Анастасова, беа учесничките од републикава на овогодинешниот еТвининг настан одржан во Брисел, Белгија.

Настанот здружи 144 луѓе (претставници на национални агенции, професори, студенти) од 35 различни земји.

Целта на овој настан беше: да се претстави еТвининг и оваа иницијатива на сите претставници/професори од институции кои произведуваат наставен кадар (teacher training institutions), да се консолидираат минатите искуства од еТвининг преку одбрани презентации на претставници, да се споделат успешни приказни и добри практики од еТвининг проекти и да се дадат насоки за идни проекти, да се презентираат алатките и можностите што ги нуди оваа платформа, да се дискутира за потребите и очекувањата на токму овие професори во својот специфичен и индивидуален контекст, и најважно од сè меѓусебно да се запознаат колеги и колешки од други земји со кои би воспоставиле меѓуинституционална соработка не само за еТвининг туку и за Еразмус+.

 

 

 

 

  

Повеќе...

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

Понеделник, 10 јуни 2019 година 

На 6 јуни 2019 година, во хотел Сириус, во Струмица, претставникот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Астрит Реџепи, учествуваше на Меѓународна конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион, каде имаше излагање на тема: „Младите и образованието во склоп на програмата ЕРАЗМУС+“.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како институција која ги промовира и спроведува европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во нашата земја, беше поканета да ги презентира можностите што ги нуди агенцијата, во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата.

 

Повеќе...