ЕКВЕТ – ЕВРОПСКИ КРЕДИТ СИСТЕМ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Европскиот Кредит систем за стручно образование и обука (ЕКВЕТ) е новиот европски инструмент за промоција на взаемната доверба и мобилноста во стручното образование и обука. Развиен од страна на земјите членки на Европската Унија, во соработка со Европската комисија, ЕКВЕТ се усвојува од Европскиот парламент и Советот на 18-ти јуни, 2009 година.

Усвојувањето и имплементацијата на ЕКВЕТ во земјите учеснички е доброволно.

Во годините што следат, земјите учеснички и Европската комисија ќе поддржат тестирање на овој инструментариум ширум Европа со отворена покана за партиципација на сите засегнати страни.

 

ЕКВЕТ НАКУСО

ЕКВЕТ се базира на концепти и процеси кои се користени на систематски начин за воспоставување на пријателско-кориснички јазик за транспарентност, трансфер и признавање на резултатите од учење. Некои од овие концепти и процеси се веќе вградени во многу квалификациски системи ширум Европа.

ЕКВЕТ се базира на:

  • Резултати од учење, кои претставуваат опширни искази за знаењата, вештините и компетенциите кои можат да се стекнат во мноштво контексти на учење.
  • Тематски целини базирани на резултати од учењето кои претставуваат компоненти на квалификациите. Тематските целини можат да бидат оценувани, валидирани и признаени.
  • ЕКВЕТ поени кои даваат дополнителни информации за единиците и квалификациите во нумеричка форма.
  • Кредити кои се доделуваат за оценети и документирани резултати од учење. Кредитот може да се трансферира во други содржини и да биде акумулиран при стекнувањето на квалификација на база на стандардите на квалификации и постојните правила во одредена земја.
  • Взаемна доверба и партнерство меѓу организациите учесници. Тоа е изразено преку Меморандум за разбирање и Договор за учење.

 

ЕКВЕТ И ДРУГИТЕ ЕВРОПСКИ ИНСТРУМЕНТИ

Европската соработка во образованието и обуката, покрај другото, има за цел да развие заеднички инструменти за поддршка на доживотното учење и мобилноста. Овие инструменти се развиени и треба да се имплементираат во синергија и на заедничко-поттикнувачки начин. Тестирањето и имплементацијата на ЕКВЕТ има заеднички елементи со следните европски инструменти:

  • Европската Рамка на Квалификации (ЕРК) и ЕКВЕТ делат ист пристап кон резултатите од учењето. Нивоата во ЕРК исто така го поддржуваат ЕКВЕТ.
  • Europass документите, особено Еуропас додаток на сертификатот и Еуропас Мобилноста, ќе го интегрираат ЕКВЕТ концептот во насока на опишување на квалификациите и постигнатите кредити за секој одделен ученик.
  • Европската Референтна Рамка за Осигурување Квалитет ја потенцира имплементацијата на ЕКВЕТ.
  • Европскиот Кредит Трансфер Систем во високото образование (ЕКТС) и ЕКВЕТ се комплементарни.
  • Европските принципи за валидација на неформалното и информалното учење ќе имаат корист од употребата на ЕКВЕТ бидејќи ќе ја олесни валидацијата на неформалното и информалното учење од аспект на стекнување квалификации.

ТЕСТИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕКВЕТ

  • Усвојувањето на препораките на Европскиот парламент и Советот од 2009 година создава услови за имплементација на ЕКВЕТ. До 2012 година, ЕКВЕТ е тестиран и пилотиран во различни контексти и системи: европски, национални и секторски. Во 2012 година земјите членки на ЕУ треба да создадат соодветни услови и мерки за постепена имплементација на ЕКВЕТ. Во 2014 година, Европскиот парламент и Советот ја ревидира и евалуира првата фаза од имплементацијата на ЕКВЕТ и го проширува текстот од препораките на Европскиот парламент.
  • Квалитетот на спроведувањето на тест-иницијативите е многу важен. Сите засегнати страни, понудувачи, социјални партнери, компании и други тела се поттикнуваат да се вклучат во тестирањето на ЕКВЕТ низ различни проекти и мрежи, особено под покровителство на Програмата за доживотно учење.

 

 

Информациски услуги преку:

http://www.ecvet-secretariat.eu/en

www.ecvet-projects.eu

http://www.ecvet-toolkit.eu/

http://ec.europa.eu/education/lifelong-learning-policy/ecvet_en.htm

http://www.ecvet.net

http://www.ecvetconnexion.com

http://www.europeunit.ac.uk/policy/eu-policy-and-initiatives/eu-policy-education/vocational-education-bruges-copenhagen-process.aspx

http://www.cedefop.europa.eu/EN/