tl_files/docs/eplus/epale/EPALE NDzDz - Wordmark and Tree_Macedonia_v3.png

 

Зошто ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ е наменета за наставници, професори, тренери, истражувачи, донесувачи на одлуки и сите останати кои имаат професионална улога во образованието за возрасните.

Платформата им овозможува на поединците и инсттуциите пристап до навремени информации поврзани со настани, размена на ресурси и добри практики преку учество во дискусиони групи, блогови и статии. Институциите можат да ја презентираат својата работа и да се приклучат во базата на инстуции со што стануваат видливи и лесно можат да бидат препознаени од други институции за вклучување во заеднички проекти.

ЕПАЛЕ нуди пристап до голем број образoвни ресурси, стратешки документи, блогови, вести, настани и алатки за вмрежување во неколку области:

- Поддршка на ученици
- Околина за учење
- Животни вештини
- Развој на политиките во образованието за возрасните
- Добри практики и подбрување на квалитетот во работењето.

ЕПАЛЕ Националниот Сервис за Поддршка (ЕПАЛЕ НСП) се наоѓа во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

ЕПАЛЕ-МК НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во Македонија како и другите национални сервиси за поддршка.

Во првите години на спроведувањето на ЕПАЛЕ, наша цел ќе биде да привлечеме што е можно поголем број возрасни во образовните процеси, со тоа што ќе ја направиме ЕПАЛЕ повидлива за различни целни групи во образованието за возрасните и стручното образование и обука. Исто така, наша цел е и пошироката јавност, со што сакаме да ја подигнеме свеста на не толку „традиционалните“ образовни институции да ги отворат вратите за возрасните ученици.

Со оглед на комплексноста и разновидноста на секторот на образоваието на возрасните, наша цел особено ќе бидат: провајдери на образовни можности за возрасни во генералното образование и стручното образование и обука, истражувачки центри, вработувачи и нивни асоцијации кои организираат образование за возрасните и креаторите на политики на локално и национално ниво.

Нашите промотивни активноисти ќе опфаќат регионални и национални настани, семинари, вмрежување, поддршка на креирање содржини, поттикнување на размена на добри практики, како и крадење на капацитетите на ЕПАЛЕ амбасадорите и членовите на ЕПАЛЕ НСП тимот.

Како можам да се вклучам?

Прв чекор е креирањето на свој профил во Платформата. Профил може да отвори и физико лице индивидуално или во име на својата организација/институција, а може да отвори и правно лице кое има интерес во образованието за возрасните.

Процесот на регистрација се одвива во неколку чекори:

  • Пополнете го Формуларот за регистрација. Проверете уште еднаш дали наведените податоци се точни, особено електронските адреси и телефонскиот број.
  • Проверете ја Вашата електронска пошта- наскоро по регистрацијата ќе добиете порака со потврда за успешно започнат процес на регистрација.
  • Во рок од неколку денови, откако ЦСС ќе ја спроведе проверката, на истата адреса ќе добиете порака со линк за пристап до Платформата. Линкот Ве води до страница на која ќе ставите лозинка, и со тоа регистрацијата е комплетирана. Вашиот профил е активен, видлив е, и Вие можете да креираат содржини (блогови, вести, настани, ресурси), да учествувате во дискусии, коментирате содржини и да имате пристап до секцијата Заедници за размена на искуства (COMMUNITIES OF PRACTICE).

Подетални информации за процесот на регистрација има во УПАТСТВО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА.

Како РЕГИСТРИРАН ЧЛЕН можете:

  • Да иницирате и/или учествувате во дискусии на различни теми од областа на образованието за возрасните низ цела Европа
  • Да размените идеи, ресурси и добри практики,
  • Да креирате сопствен простор за соработка, кој овозможува во ограничена и затворена група д аги разгледувате идеите за тековни и/или идни проекти со Вашите партнери
  • Ја промовирате Вашата организациа/институција, активностите кои ги спроведува и резултатите кои ги постигнува на поширок круг заинтересирани лица
  • Го подигнете нивото на интернационализација на Вашата работа, пронајдете партнери за идни проекти и ја изградите вашата транс-национална мрежа
  • Прикачите блогови, настани и ресурси.