Како да аплицирате?

Европската комисија ги објави своите официјални податоци за Програма Еразмус + и дополнителни информации за тоа какви проекти ќе бидат финансирани во 2019 година. Прочитајте го Повикот за предлогпроекти и Водич за корисници Еразмус+ со цел да дознаете повеќе информации во врска со програмата, роковите за аплицирање како и критериумите за квалификуваност.

Аплицирање за финансирање

Пред да аплицирате, најпрво треба да ја регистрирате Вашата организација на следниот начин:

1. Регистрирајте ја Вашата организација на: European Commission Authentication Service (ECAS), доколку веќе ја немате регистрирано. Водич за регистрација на следниот линк: How to Register on ECAS
2. Логирајте се на порталот: Participant Portal со податоците од Вашето досие и регистрирајте ја Вашата организација на Unique Registration Facility (URF) за да дојдете до Вашиот единствен Кориснички идентификационен код - Participant Identification Code (PIC), доколку веќе не сте регистрирани. Европската комисија изготви посебен водич кој ќе Ви помогне при процесот на регистрација на порталот.

Електронските форми на апликациите како и повеќе упатства околу процесот за аплицирање за Еразмус+ Програмата, ќе се реализира со користење на апликациските веб формулари кои што се достапни на следниот линк.

 

*) Соопштение за потенцијалните апликанти од 21 јануари 2019 година: Поради технички проблеми со онлајн системот за поднесување на апликации, а со цел да се даде доволно време на потенцијалните апликанти да го достават своите апликации преку онлајн системот, рокот за аплицирање 05 февруари 2019 година се пролонгира за седум дена. Апликациите чии рокови за аплицирање иницијално беа 05 февруари 2019 година ќе може да се поднесат најдоцна до 12 февруари 2019 година, во 12.00 часот (пладне) по централно европско време.


Клучните рокови за децентрализирани акции во полето на образование, обука, млади и спорт се следните:

Акредитации (отворено аплицирање во текот на 2019 година):

Мобилности за учење на индивидуи: Мобилност на индивидуи во областа на образование, обука и млади

Соработка за иновација и размена на добри практики: Стратешки партнерства во областа на образование, обука и млади

Поддршка за реформи на политиките: Проекти Младински дијалог

 

Прирачници и упатства:



Поддршка и упатства
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе Ви ги обезбеди сите потребни информации во врска со процесот на аплицирање, при што ќе бидат организирани повеќе работилници, презентации и состаноци. Доколку имате прашања, Ве молиме да не контактирате.