ЕУРОДЕСК Newsletter изданија

ЕУРОДЕСК NEWSLETTER  февруари 2015 (PDF)

Европската Мрежа ЕУРОДЕСК

 

Еуродеск е меѓународна асоцијација која работи со национални партнери кои ја сочинуваат Еуродеск мрежата. Националните партнери имаат обврска за доставување на информации за можностите на Еуродеск во нивните земји, преку соработка со организации и избрани партнери на национално ниво. Главната цел на Еуродеск е понуди одговори на прашањата од тагетираните групи како и да обезбеди пристап до квалитетни европски информации во однос на Програмите.

Содржината на понудените информации од Европско или национално ниво, се однесува на финансирањето, контакти и ресурси, со посебен фокус на финансирање активности и можностите кои се понудени од страна на Европската комисија кои вклучуваат млади луѓе и оние кои работат со нив.

Еуродеск национален партнер во Македонија е Националната агенција за европски образовни прогарми и мобилност; www.na.org.mk

Еуродеск партнерите соработуваат на национално и меѓународно ниво со пренесување на можностите на Еуродеск преку:

  • Дисеминација на информации;
  • Одговори на поставени прашања и барањa;
  • Обуки;
  • Логистика и организација на промотивни настани;
  • Вклучување во младински настани и активности.

 

Националните Еуродеск парнери соработуваат на национално и меѓународно ниво:

  • Со младински информативни мрежи/организации;
  • Со други мрежи/одговорни тела/организации (вработување, образование, училишта и др.);
  • Програми на Европската заедница;
  • Со европски информативни мрежи;
  • Со организации од земји кои немаат статус на Програмски учеснички во Еразмус плус;
  • Со младински организации;
  • Со младински истражувачки институции.

   

Информациски услуги преку:

  • http://www.na.org.mk
  • Европскиот младински портал;
  • http://www.eurodesk.org
  • Базата на податоци на Еуродеск
  • Преку интерната мрежа на Еуродеск