Клучна акција 1


Учење преку индивидуални мобилности


Клучнa Акција 1: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, подобрување на вештините за вработување и зголемување на културната свест.

Децентрализирани активности:
Проектите за учениците и професорите овозможуваат корисниците да патуваат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции.
Во склоп на Еразмус+ мобилностите содржани се проекти кои е потребно да бидат менаџирани и спроведени од организациите. Физичките лица не се подобни за аплициранње. Овој пристап е во насока на подобрување и зголемување на нивото на проектите и зголемување на импактот од истите.

Кои се можностите:
Период на студирање или работен ангажман за студентите во високото образование;
Стручни обуки за практиканти и студенти од почетна стручна обука;
Младински размени;
Активности од областа на Европски Волонтерски Сервис;
Професионален развој и обука на кадри во полето на образованието, обуката и младите.

Централизирани активности:
Извршната агенција на Европската комисија раководи со следниве централизирани активности од Клучната Акцијата 1:
Заем за последипломски студии – скица за гаранција
Последипломски студии – заеднички дипломи
Настани од големи размери - Европски волонтерски сервис

За повеќе информации, посетете ја веб страната на Европската комисија за програмата Еразмус+: European Commission's Erasmus+ website.