Клучна акција 2


Соработка за иновација и размена на добри практики


Клучната акција 2: Соработка за иновација и размена на добри практики им овозможува на организациите да работат заедно, со цел да ги подобрат нивните мерки за учениците и да споделуваат иновативни практики.

Оваа клучна акција е комбинација на децентрализирани проекти спроведени од Национални агенции и централизирани активности менаџирани од страна на Извршната агенција на Европската комисија. Повикот за предлог проекти и Водичот за корисници Еразмус+ , се објавени и во нив се детално се објаснети сите информации за апликациите за програмата Еразмус+.

Децентрализирани активности
Стратешки партнерства во полето на образование, обука и млади се проекти на соработка кои им овозможуваат на организациите да ги подобрат своите мерки, да разгледуваат прашања од заеднички интерес и да споделуваат иновативни практики. Во програмата Еразмус+, една организација ќе го води проектот и ќе менаџира со активностите и финансиите во име на партнерството. Различни големини на партнерства се можни за да можат да се вклучат и помалите организации.

Кои се можностите?
• Проекти кои се фокусираат на секторска и меѓусекторска соработка
• Проекти кои се однесуваат на работа со индустрија
• Билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот
• Воведување на иновативни активности
• Флексибилност во однос на активностите и партнерите

Централизирани активности
Извршната агенција на Европската комисија менаџира со следниве централизирани активности во Клучната акција 2:
• Алијанси на знаења
• Алијанса на вештини по сектори
• Градење на капацитети во високото образование
• Градење на капацитети во полето на млади

За повеќе информации, посетете ја веб страната на Европската комисија за програмата Еразмус+: European Commission's Erasmus+ website.