Бизнис состанок на директори на Националните агенции

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/72253454_1172141189637410_3668561743400927232_n.jpgСреда, 9 октомври 2019 година

Од 8 до 11 октомври во Хелсинки, Финска, претставничките од Националната агенција, директорката Лидија Димова и Снежана Симоновска, раководител на сектор, учествуваат на бизнис состанок на директори на Национални агенции за млади Еразмус+ и Европски солидарен корпус. 

Состанокот се одржува во рамките на претседателството на Финска со ЕУ. Воведниот дел на состанокот беше посветен на презентација на активностите кои се направени од страна на Националните агенции за време на претседателството на Романија и активностите кои до сега се направени од страна на Националната агенција од Финска, која е домаќин на состанокот. 

Генералниот директорат за образование, обука и култура учествува преку свои претставници кои ја презентираа моменталната состојба и процесот на подготовка на новата генерација на програма 2021-2027 година и активности  кои треба да се реализираат во рамките на консултативниот процес каде помеѓу другите целни групи треба да учествуваат и Националните агенции.

Тема која предизвика интерес, а ја дискутираа присутните, беше процесот на акредитација за младинските организации во новата програма 2021-2027.

Со работната сесија за потребата од соработка со партнерските држави и како истата да се подобри беше завршен првиот работен ден на состанокот.

Учесниците продолжуваат со работата до 11 октомври, со теми кои се насочени кон квалитетот на имплементација на програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус и улогата на Националните агенции во постигнување на целите на програмите за млади.   

Назад