ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТ НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/youthwiki/41038996.jpgЧетврток, 6 септември 2018 година

Владата на Република Македонија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска му доделија грант на Националниот младински совет на Македонија за реализација на проектот Youth Wiki (Јут Вики), односно т.н. Википедија за млади која содржи 9 поглавја за истражување.

Порталот Јут Вики е креиран во 2015 година, во рамките на Еразмус+, како дел од пошироката стратегија за млади на ЕУ која претставува рамка за соработка која го покрива периодот 2010-2018.

Целта на Јут Вики е да обезбеди сеопфатни компаративни информации за младинските политики и добри практики кои ќе послужат како основа за цврста политика базирана на докази и ќе ја намалат потребата за ад-хок студии. Информациите се обезбедуваат и годишно се ажурираат од националните соработници, назначени од владите на секоја земја-учесничка.

Преку Јут Вики, која е интернет платформа, се презентираат информации поврзани со младинските политики на европските земји и се поддржува европската соработка базирана на докази во областа на младите. Тоа се прави преку обезбедување на информации за националните политики за поддршка на младите луѓе - на лесен и континуирано ажуриран начин.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/youthwiki/41298115.jpg

Република Македонија уште од самиот почеток учествува во проектот Јут Вики преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е назначена за тело за имплементација.

На доделувањето на грантот присуствуваа премиерот на Република Македонија, г. Зоран Заев, директорката на Националната агенција европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, раководителот на одделот за политички прашања во Канцеларијата на Европската унија, г. Лукаш Холуб и претседателот на Националниот младински совет, г. Блажен Малески, кои имаа свои обраќања.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/youthwiki/41326785.jpg

Назад