Доделување на плакети за еТвининг ознака за училишта наградени на ниво на Европа

Четврток, 12 јули 2018 година

Денеска во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Мила Протуѓер Анастасова, од Одделението за еТвининг, им врачи плакети на претставници на 6 училишта од Република Македонија за еТвининг ознака за училиште (eTwinning School Label), што ги добија на ниво на ЕУ, за својот успешен ангажман на еТвининг на ниво на училиште.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/NA-12Jul/36969657_1_n.jpg

ООУ „Лазо Ангеловски“ од Скопје, ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци, ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје, ООУ „Кирил и Методиј“ од Стајковци, „Петар Поп Арсов“ од Скопје и  ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп се шесте училишта од 1212 училишта наградени на ниво на Европа.

Концептот за препознавање на работата во еТвининг постои уште од самиот почеток преку ознаките за квалитет што им се достапни на наставниците за нивните проекти на национално и на европско ниво.

Сепак, овие ознаки се применуваат само за работата на поединечни наставници во проекти. Со цел да се препознае работата на ниво на училиште, сега е достапна нова ознака за аплицирање - еТвининг ознака за училиште (eTwinning School Label). Принципот зад оваа нова ознака е дека eTвининг сака да ја препознае и оцени вклученоста, посветеноста не само на поединечните eTвинери, туку и на цели тимови на наставници и училишни лидери во рамките на истото училиште.

Концептот за постигнување на статусот на еТвининг училиште е оној на развојно патување со компоненти кои може објективно да се проценат. Тоа не е натпревар, туку прогресија од едно до друго ниво.

Придобивките од наградата еТвининг ознака за училиште, меѓу другото се тоа што имаат видливост на европско ниво, потоа формираат европска мрежа на водечки еТвининг училишта за инспирирање на идниот развој на eTвининг. Исто така се препознаат како лидери во областа на: дигитална пракса, е-безбедност, иновативен пристап во подучување, промовирање на професионален развој кај наставници и промовирање на пракса на заедничко учење меѓу наставници и студенти и се во можност да ги покажат своите eTвининг ознаки за училиште во сите свои промотивни и информативни материјали.

Процесот за добивање на еТвининг ознака за училиште има две фази.

Во првата фаза е автоматска проверка на следните три точки:

  • училиштето е регистрирано во еТвининг повеќе од две години;

• постојат најмалку двајца активни наставници eTвинери во училиштето за време на апликацијата;

• постои еТвининг европски проект со Национална ознака за квалитет (во последните две години од датумот на аплицирање).

Ако училиштето ги исполни овие барања, сите регистрирани eTвинери во училиштето ќе добијат покана по меил за да пополнат формулар за апликација за самооценување достапен на eTwinning Live.

Во втората фаза се вклучува пополнување - од било кој eTвинер во училиштето - на формуларот за апликација за самопроценка споменат погоре, кој ги опфаќа следните шест критериуми:

  • Критериум А - училиштето треба да демонстрира активности кои ја покажуваат свеста на наставниците / учениците за одговорно користење на интернетот;
  • Критериум Б - училиштето треба да покаже дека постои активна соработка помеѓу група од три или повеќе наставници во еТвининг активностите;
  • Критериум Ц - училиштето мора да покаже дека најмалку две групи ученици во училиштето се вклучени во еТвининг проектите;
  • Критериум Д - училиштето треба да покаже дека два активни наставници вклучени во eTвининг од училиштето учествувале во една или повеќе едукативни еТвининг настани и дале придонес во стратешкиот развој на училиштето;
  • Критериа Е - училиштето јавно треба да покаже дека е вклучено во еТвининг, на пример, со прикажување на логото на еТвининг и/или опис на нивните активности на eTвининг на веб-страницата на училиштето или доказ од училишен публицитет/документ за политика или брошура;
  • Критериум Ф - училиштето треба да покаже дека eTвининг промотивната активност се случила во училиштето или во локалната заедница во годината на доделувањето.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/NA-12Jul/36980981_1n.jpgОд училиштата ќе биде побарано да обезбедат докази за бараните различни критериуми, а конечниот поднесок мора да биде потврден од директорот на училиштето.

Назад